Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.919
    Допаѓања:
    9.878
    Пол:
    Женски
    Не сум правела досега со овие спелтини и ржани брашна, само со обично и пченкарно, ама рецептот горе долу е ист. Каде може да си купам квалитетно ржано или спелтино, некоја препорака?
     
  2. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    6.394
    Пол:
    Женски
    Поголеми маркети , веро на биокосмос
     
    На Abel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.479
    Допаѓања:
    1.581
    Пол:
    Женски
    На Anika55 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    4.779
    Допаѓања:
    80.030
    Пол:
    Женски
    - 250г брашно
    - 3 јајца
    - 300г шеќер
    - 1,5 лажичка пециво
    - 1,5 лажичка сода
    - пола лажичка сол
    - 130мл зејтин
    - 1 кисела павлака
    - 80мл млеко измешано со една лажичка оцет
    - 70г какао
    - 180мл жешко нескафе

    Измешајте ги брашното, шеќерот, пецивото, содата и солта.
    Во посебен сад со жица изматете ги јајцата со млекото, зејтинот и павлаката.
    Додајте ги сувите состојки кај течните, на два-три пати и измешајте само додека да се соедини смесата.
    Какаото додајте го кај жешкото кафе и измешајте убаво додека да добиете густа и мазна паста. Додајте ја оваа смеса кај останатото тесто и измешајте добро. Поделете во три калапи од 20цм и печете во загреана рерна на 180 степени, 25-30 минути. По печењето, оставете ги корите да се оладат малку, па препорачувам да ги завиткате во најлонска фолија додека се топли. Така ќе останат помеки и посочни (ама ќе бидат малку потешки за манипулирање/редење).
    Овој чекор може и да го прескокнете, ама во секој случај корите треба да бидат целосно оладени пред да ја филувате тортата.

    - 300г темно чоколадо
    - 1 лажица мед
    - 200г крем сирење
    - 30г какао (просеано)
    - 100г шеќер во прав
    - прстофат сол
    - 250мл слатла павлака

    Чоколадото стопете го заедно со медот и оставете го да се подолади.
    Во посебен сад изматете го крем сирењето со шеќерот во прав, какаото и солта.
    Додавајте ја слатката павлака постепено, со постојано матење. На крај, додајте го и стопеното чоколадо и изматете кратко. Ова е прекрасен, превкусен фил со свиленкаста структура.
    Штом ќе се оладат корите, филувајте и декорирајте по желба. Пожелно е тортата да отстои убаво во фрижидер пред да ја сечете.

    20260517_114428.jpg
     
    На Baby2018love, Aleks.mar и MikicaBt им се допаѓа ова.
  5. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.479
    Допаѓања:
    1.581
    Пол:
    Женски
    Нескафето да биди со шеќер како шо го пиеме или без? И какво крем сирење? Фала
     
  6. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    4.779
    Допаѓања:
    80.030
    Пол:
    Женски
    Без шеќер и појако. Било какво крем сирење, јас ставив abc.
     
    На MikicaBt му/ѝ се допаѓа ова.
  7. La-loca

    La-loca Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    7.225
    Пол:
    Женски
    Епа сега рецепт кажи да ги пробаме
     
  8. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    6.394
    Пол:
    Женски
    Се е од прилика , урми се потопуваат во млака вода да отстојат 10-15мин. Се цедат од водата , водата се трга на страна ако е густа смесата да се додаде малце од истата , најубаво со рачен блендер или во блендер се ставаат урмите , лешници и ореви , се добива убава смеса ,може и како ролат да се направи/завитка или како бомбици. , вкусот е многу убав јас ставив 6урми , две раце ореви и една лешници и искрено заситуваат и преубави се и калорични ама повеќе од две ретко кој може да изеде :D
     
    На La-loca му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Eho

    Eho Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    677
    Пол:
    Женски
    На Anika55 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    4.779
    Допаѓања:
    80.030
    Пол:
    Женски
    Повели:
    - 1 конзерва или тегла наут (400г)
    - 80г путер од кикирики
    - 100г мед
    - 40г бадемово брашно (може мелени бадеми)
    - лажичка ванила арома
    - 1/4 лажичка пециво
    - 1/4 лажичка сода бикарбона
    - прстофат сол
    - 50г чоколадни капки

    Наутот исплакнете го, процедете го и истријте/избришете со крпа или кујнска хартија. Исчистете ги лушпите.
    Ставете ги сите состојки, освен чоколадните капки, во процесор или блендер и обработете додека да се изедначи смесата. На крај, додајте ги чоко капките и измешајте со лажица.
    Добиеното тесто префрлете го во калап за печење (20х20цм) обложен со хартија за печење и израмнете. Печете во загреана рерна на 180 степени 25-30 минути, додека да добие златна боја и кора.
    Многу вкусно :)
    20260510_121246.jpg
     
    На Eho му/ѝ се допаѓа ова.
  11. АничеБананиче

    АничеБананиче Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    3.944
    Пол:
    Женски
  12. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    4.779
    Допаѓања:
    80.030
    Пол:
    Женски
    @Baby2018love повели :)
     
    На Baby2018love му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Baby2018love

    Baby2018love Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2020
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    2.154
    Пол:
    Женски
  14. Мравојад

    Мравојад Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2020
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    3.251
    Пол:
    Женски
    @Anika55 ако може рецепт од марленка тортата
     
  15. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    4.779
    Допаѓања:
    80.030
    Пол:
    Женски
    Повели:

    Тесто:
    - 450г брашно
    - 180г шеќер
    - 180г омекнат путер
    - 1 јајце
    - 1 ипол лажичка сода бикарбона
    - 6 лажици мед
    - 4 лажици слатка павлака
    - 1 лажичка какао

    Фил:
    - 2 конзерви дулче де лече карамел
    - 450г путер (собна темепратура)
    - 70г мелени ореви

    Сируп:
    - 150мл рум
    - 2 лажици шеќер
    - 50мл зовриена вода

    Декорација:
    - остатоците (вишокот) од тестото
    - 50г мелени ореви

    За дулче де лече карамел, потребни за 2 конзерви густо, засладено кондензирано млеко. Кај нас го има само во Веро. Конзервите, целосно покриени со вода, се варат 2 до 2 ипол часа. На секој пола саат се додава по малку зовриена вода, колку што испарува и се намалува нивото. Мора цело време да се цели конзерви покриени со вода. Оставете ги да се оладат целосно пред да ги отворите. Ова е најдобро да се направи ден претходно.

    За тестото, ставете ги путерот, шеќерот, јајцето, медот и слатката павлака да се стопат на пареа.
    Во друг, длабок сад, просејте ги и измешајте ги брашното, содата и какаото. Додајте ги течните сосотојки кај брашното и измешајте добро. Треба да добиете меко и мазно тесто. Поделете го на 7 (или осум дела). Отприлика по 130 грама топче и покријте ги со најлонска фолија (да не се сушат). Секое топче расукајте го во кора од околу 3 милиметри и исечете со калап (18-20цм), за да бидат иста големина. Печете ја секоја кора во загреана рерна на 180 степени, 4-5 минути, не повеќе. Печете го и вишокот тесто. Оставете ги корите да се оладат целосно.

    За кремот, изматете го прво путерот. Треба да стане бел и со лесна структура, матете најмалку 5 минути. Додајте го дулче де лече карамелот, а на крај и мелените ореви.

    За сирупот, измешајте ги румот и шеќерот, па додајте 50 милилитри врела вода и мешајте додека да се стопи шеќерот. Оставете да се олади.

    Тортата редете ја на чинија за послужување. Секоја кора најпрво натопете ја рамномерно со сируп, а потоа премачкајте ја со фил. На крај премачкајте ја целата торта со филот. Дел од тестото што останува кога се сечат корите со калап, сомелете го и измешајте го со мелени ореви. Посипете ја тортата по цела површина со оваа мешавина.

    Румот доста доминира во вкусот. Доколку е тоа нешто што би ви пречело, натопете ги корите само со вода со малку шеќер или прескокнете го сирупот целосно.

    Феноменална торта!
    20260802_125000.jpg
     
    На Panda00, LinaT и Мравојад им се допаѓа ова.
  16. Мравојад

    Мравојад Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2020
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    3.251
    Пол:
    Женски
    @Anika55 фала ти многу на објаснувањето, ќе се обидам да ја направам.
     
    На Anika55 му/ѝ се допаѓа ова.