Еве и за другите. Овој е рецептот, само на овие наместо путер од кикирики имам ставено путер од ф'стаци.
Ставаш макарони да се варат, во меѓувреме си спремаш изматени јајца ( полесно е), кога ќе бидат готови макароните ја истураш водата и веднаш ги ставаш јајцата дур макароните се жешки и мешаш додека не приметиш дека јајцата се готови.
Вариш еден пудинг од ванила според упатство и оставаш малку да се излади. Во тестото оди: 5 јајца,200гр шеќер,100мл зејтин,200мл јогурт,пециво,брашно по потреба и 300гр замрзнати вишни. Ја подмачкуваш тепсијата, ја ставаш смесата, па со лажичка го распоредуваш пудингот на различни места во смесата и на крај ги додаваш вишните и ги распоредуваш
стави прво 200, па додај ако треба. Јас не правам по мерка за брашно никогаш. Ама можеш да погледнеш видео на јутуб од прилика колку треба да е густината за да знаеш од прилика. Пиши Kolac sa visnjama и оди до крај на видеото за да ја видиш густината од прилика. Ни густо ни ретко
2 дена по ред го правам Предобро е, али цела кесичка пудинг е малце премногу, дај пресек ако имаш од твојот колач? Вчера не го ставив цел пудинг беше топ, денес целиот пудинг и беше премногу.
Исто и јас мислам ко Мариз. Таман ми е еден пудинг сакам да е сочно да има секаде. Јас синоќа го јадев за вечера со млекоСе заразивме со мм секоја недела правам
Мене може ми е помало тавчето и многу е, еве во прилог цел долен дел од колачот е пудинг. Мислам, не дека ми пречи Јас втор ден по ред го правев, едниот ден со јагоди, друг со вишни. Ќере го мцка со јогурт зошто помалку шеќер ставив и мн иде Алал на комбинацијата
Првен ги матиш белките па додаваш шеќер, и во тоа со шпатула мешаш другите состојки (со жочките изматено пецивото). Kolać sa viśnjama на јутуб барај. Јас помалку од 200 гр брашно ставив зошто држат белките.