Молам рецепт за солената пица торта... да сменам во обидите... кога веќе не ме бива убава домашна пица да направам, барем вакво нешто да пробам дали ќе ми успее.
Не работам со мерки и грамажи да ти кажам уште пред да ти кажам рецептот Потрошив околку 1леб од оној секцан на парчиња што е Најпрво го правиш филот запржуваш печурки,салама,чадено месо што ти се наоѓа во фрижидер тоа и додаваш сос од домати да повари заедно додаваш сол и оригано Секое парче леб го потопуваш во мелко и убаво го цедиш и така секое парче го редиш во тепсија убаво премачкана со маргарин Редиш ред од лебот па додаваш од филот пак ред од лебот и на крај пак фил.Врз филот рендан кашкавал и 2-3 јајца промешани со млеко сол и вегета и полеваш одозгора. Се печи околу 20-30минути ќе надгледуваш да не ти се запече многу кашкавалот. Почекај убаво да се олади па сечеш парчиња. Е сеа да ти дадам совет јас оваа ја правев како што ми кажаа ама за нареден пат нема да ја правам со 2 реда леб туку со еден за да биде како вистинска пица ,и сигурно поубаво ќе изгледа така Очекувам слика
Фала ти многу. Се надевам дека ќе ја трефнам, пошто стварно не можам, или не знам пица да направам како што треба, барем ова да го погодам.
Vlegov za da go prasam receptot,gledam go ima veke. A tie sto ne jademe mleko vikas ako gi potopam so jajce nema da e vkusno i meko?
Мислам дека подобро би било да ги потопиш во доматен сос ама исто како што кажав погоре секое парче убаво да го исцедиш па да го редиш во тавичка за да се испече побрзо и да не излезе како каша.
Moze receptot vo lp da mi go pises.Ne e zort,koga ke imas vreme.Se ubiv od baranje po forumov i nikako da go najdam. Izgleda sum zaslepena od jadenjava i ne go gledam
@Tinushka 0.5 кг брашно 1 квасец 1 пециво 3 мали шољи гриз 3 мали шољи масло 3 мали шољи млака вода 3 супени лажици какао Се меси тестото, да биде како за леб. Се дели на два дела, во едниот се додава какаото и се меси убаво. Се оставаат двете теста да стасаат околу 20 мин. Потоа се растегнува кора од кафеното тесто околу 1 сантим, па одозгора од белото и се виткаат како ролат. Јас направив два ролати и пак искочија големи колачите. Плус растат во печење. За помали колачи значи, тестото подели го на 3-4 топчиња и напрај толку ролати. Потоа се сечат на кришки, дебелина околу 1сантим и се редат на подмачкан плех. Тешки се за сечење. Јас ножот го брцкав во брашно. Малку се растураат формите, ама откако ќе ги легнеш во тепсија, ќе си станат кругови пак. Ги печев 10-15 мин на 250/200 степени. Млаки колачи попарив со млак шербет. За шербетот треба 600гр шеќер, кора од еден лимон, сок од еден лимон, 2 ванили. Ептен малку го варев шербетот, да речеме минута/две. Мене ми се чинеше малку тој шербет, па правев уште со пола кило шеќер. Еве дома па се жалат мн биле благи. Тоа е тоа, не се тешки, прв пат ги правев.
Ќе купиш данско сирење што е во кутија. Ќе го исечаш на парчиња сирењето и го прскаш со зејтин. После тоа одозгора ставаш парчиња патлиџан и пиперка и ставаш малку оригано. И накрај парчиња кашкавал сечеш и ќе го покриеш со фолија и така ќе го ставиш да се пече околу 20тина минути и после ќе ја тргнеш фолијата и уште 5-10 мин така нека се попече @Tiniiic
Кило кори за баклава Сецкани ореви Гриз Суво грозје Кисела вода Малку масло Чоколадо за готвење Се ложат корите во плех или по две се виткаат во ролат, зависно од желбата и формата. Секоја кора се премачкува со кисела вода и малку масло, на секоја 2 ра кора се реди смеса од гриз, ореви и зуво грозје, зависно од формата во која се редат баклавите, се сече по желба и се посипува со шербет, одозгора се шари со топено бело и црно чоколадо.
@referentka рефке не видов рецепта за твоите чупавци...ако добро видов на сликата тоа е тоа што го барам извесно време.Мајка ми ги правеше во минатиот век, а тетратката и е од овој век... Претпоставувам пандишпан па расечено на коцки, па полиено со какао, па овалкано со кокос? Како и да е би сакала рецепта. Благодарам однапред.
Vo recepti e..vo prepiska so Bridget e napisana. i majka mi gi pravese ama bea pouvavi,sega go nemam tojbrecept.
@Morenaa Јас правев со 1/2 кг. хопла (слатка павлака) Направив грешка требаше да направам два ролати потесни и повисоки, мене така широка и пониска ми излезе. 1/2 кг. хопла 5 јајца 12 лажици шеќер 200-250 мл. млеко 850 гр. бисквити 5 банани 2 кујнски чоколада Најпрво ги матиме јајцата со шеќерот.Може и 4 јајца, но ене вака повкуно ми беше.Не ми беа ептен големи јајцата. Посебн во сад се мати хоплата.Околку 6-8 минути. Јајцата ги додаваме во хоплата, матиме пак со миксер да се соедини смесата. Бисквитите ги топиме во млекото за да омекнат малку и ги редиме во плех, јас редев на цел плех, и 4 реда.Со 6 реда мислам дека е доволна висина.Врз бисквитите ставаме хопла па редиме 2 банани исецкани на кругови.Моите беа средна големина.Пак ставаме хопла врз бананите.Потоа го редиме вториот ред бисквити.Пак ставаме хопла.Пак бисквити и пак банани, па хопла, и го редиме и последниот ред бисквити.Одозгора ја премачкуваме целата торта со хоплата.Јас не ја израмнив намерно така ја направив, поинтересно ми беше.Да се здрви малку.После растопуваме чоколада на пареа, и со кеса ја ишарав.Дебело го исеков кесенцето па затоа така неубаво испадна шарата, но подобро е со една чоколада да ја ишараш.Лани исто за Божик ја правев со 1 кг. хопла повисока ми беше. Има разни комбинации со оваа торта, можеш и во капучино да ги потопиш бисквитите.