6 јајца се матат со 6 лажици шеќер. Кога ќе ги изматиш, го гасиш миксерот и додаваш 3 лажици брашно, во него ставаш едно пециво и 12 лажици гриз. Ова го мешаш со лажица. Подмачкуваш тавче со зејтин и брашно и ја истураш смесата. Пред тоа ја вклучуваш релната на 200 степени и кога ќе ти биде загреана ја ставаш да се пече. Кога ќе биде готова, ја оставаш да се излади. Ставаш 500 мл вода и 500 г. шеќер да врие и кога ќе биде готов шербетот, веќе исечената раванија ја поливаш. Ако сакаш лимон, во шербетот стави две, три капки.
@Annath дали рецептот за кифличките е следниов? Ова успеав да го ископам Спојлер: рецепт @Umbrella22 дали може рецепт за чоколадните кошнички?
Секако дека може На пареа ги топам чоколадо и маргаринот (маргарин 100-150гр. најмногу) Откако убаво ќе се растопи се, ги полнaм хартиените кошнички и внатре ставам по желба од апетисаните можиш да ставиш било што јас ги имам правено со ореви, лешници и суво грозје до сега и преубави се. наполнетите хартиени кошнички ги оставаме да се стегнат во фрижидер Доколку не сакатш цели парчиња овошје, можете да ги исецкаш ситно или да ги сомелиш, со тоа што мелените или сецканите овошја ќе ги додадиш во смесата со чоколадо пред да ги наполниш хартиените кошнички Од 1 чоколадо излегуваат 15-20 кошнички од тие поголемите како моите а од оние најмалите 30-40
Карфиолот прво го обаруваш малце.Само подели го на помали парченца, полесно се пржат и повкусни се после за јадење, така поголемите внетре само варени остануваат. Во зависност каков сакаш да биде толку време го вареш-ако го сакаш да крцка за 2-3 минути некаде, а ако сакаш да е помек остави повеќе време.Ќе си видеш со вилушка колку сакаш да е мек, нема некое правило.После правеш смеса за поховање-брашно, јајце и презла.Ги увалуваш и се пржат.+
Се извинувам за доцниот одговор,немав долго време лаптоп па затоа и покасно го пишувам рецептов. За рецптов само ќе напоменам дека случајно го најдов и јас го модифицирав со јагоди, инаку е со малини,малку е незгоден за правење зошто некоја утка има во самиот рецепт и од сега не испробани рецепти не правам. Плус очекував да ми испадне како на сликата црвен и затоа во кората додадов повеќе јагоди ама не испадна ко на сликата. Количината за филот е премногу и има утка во состојките. Мене тоа што ми преостана го распоредив во ладен десерт во чаша. Инаку се на се мака видов додека го свиткав можеби треба да е поцврст,што знам Ролат со јагоди Кора: -3 јајца -3 лажици шеќер -7 лажици брашно -1/2 прашок за пециво -100 гр блендирани јагоди (јас ставив дупла доза) -1 лажица какао Фил: -500 мл. млеко -4 лажици густин -5 лажици брашно -8 лажици шеќер (јас намалив во шеѓерот како по обичај и ставив 6 ) -150 гр путер -јагоди за филување (не пишува количина, јас од око ставав) Се делат жолчките од белките. Белките се матат со миксер со постепено додавање на шеќер.кога смсата е готова и ќе згусне се додаваат жолчките една по една. Се соединува брашното,какаото,прашокот за пециво и постепено се додава во претходно приготвената смеса. На крај мешајќи се додаваат јагодите. Во загреана рерна на 180 се става смесата во плех кој претходно сте го обложиле со хартија за печење. Инаку плехот е стандардното тавче од рерна. Се пече околу 20-25 минути индивидуално е кај секоја рерна.Печената кора се замотува во ролат во влажна крпа и се остава да сеолади.Потоа се филува по должина,на секое замотување се става ред јагоди. Може да се посоли и со прав шеќер,јас тоа го изоставив. Одкога ќе се исфилува се замотува во фолија за свежа храна и се остава да одстои во фрижидер за убаво да се стегне. За филот: во една мала чашка се мешаат густинот и брашното со малку ладно млеко, за да се направи хомохена смеса. Одкако млекото ќе се загрее со шеќерот се сипува постепено приготвената смеса од густин и брашно,за да не дојде до создавање на грутки.Кога филот ќе се олади се додава путерот кој претходно се пенесто изматен.
Има повеќе верзии, јас си го правам вака, но наместо пиперка ставам магдонос. А и не мора до толку многу да се миксира, поубаво е ако останат по малку и ситни парченца
Девојки да ве замолам кога веќе го пишувате рецептот поставете и слика или ако ништо друго линк од сликата што сте ја ставиле во темата Фемина инстаграм да се знае за кое јадење се мисли. Вака ептен е катастрофа, се бара рецепт од последното постирано јадење и сеа ако ја отворам темава по два месеца појма немам кое јадење било тогаш последно. Воопшто не е прегледно што е жалосно за ваква убава тема.
Рецептов го пронајдов пред неколку години и така стоеше. Ама зошто стоел без да биде испробан, ни јас самата не знам, кога навистина вреди. Сигурна сум дека ќе бидете воодушевени од исходот. Повели мила . 1,5 л млеко 500 гр. шеќер (поубаво кафеав, зашто и поинтензивен ќе биде вкусот) 5 пак. ванила шеќер, 125 гр. путер 1 малечка лаж. сода бикарбона Се заедно се става во тенџере (освен содата), ама поголемо по можност. Се остава прво да зоврие (на повисока температура), а потоа се намалува температурата на многу тивко. Се вари некои 2,5 до 3 часа, со повремено промешување да не загори. Кога ќе се добие посакуваната боја на карамел, се трга од оган и се додава содата. Смесата ќе се дуплира и ќе пени, па откако заврши процесот на пенење се остава да излади и се собира во теглички. Од овие состојки ќе се добие карамел една полна голема тегла и едно малечко . *** Моја забелешка. Карамелот е навистина многу благ, па затоа можете и малку да му намалите на шеќер ( да речеме некои 100 гр. шеќер).
Изволите тоа е тоа, само што јас одозгора имам ставено компот од вишни во кое додавам желатин (и се става малку да проврие - 1 минута), па го преливам низ цела торта , ама гледајте смесата да се подолади малку за да не се раскашави филот од хоплата (може да се стави било кое овошје по желба) добар апетит
Повели мила рецепт, но и повели на на гевречиња (следната тура) . Посни гевречиња (без масло) Потребно: 1 кг. интегрално пченично брашно 3 мали лаж. сол, 1 мала лаж. шеќер, 1/2 мала лаж. сода бикарбона 1 коцка свеж квасец, топла вода за замесување 2 лаж. путер од кикиритки (не мора, јас го ставив чисто заради вкус само да пробам) *** путерот е само од мелени и непечени кикиритки (домашен), без никакви други додатоци. 200 гр. сецкани семки од тиква (не печени) за горе. Подготовка: Тестото се замесува и се остава да нарасне. Потоа се дели на парчиња/топчиња. Некаде по 100- 120 гр на парче. На точпето од тесто се прави дупче и се обликува гевречето. Потоа гевречето се потопува во малку вода ( во околу една чаша вода се става 1 лаж. сол и малку шеќер ) и се валка во сец. семки од тиква. Се редат во набрашнет плех. Откако малку ќе нараснат, се печат на 180 степени околу 15-20 минути.
1кесе оризови снегулки еурокрем 1 чоколадо за готвење Еурокремот и чоколадото се топат на пареа и внатре се додаваат оризовите снегулки се меша да се соедини смесата и во некое плехче ја разредуваш низ целата површина ...оставаш да се стврдне и си сечеш парченца како моите на сликата
1кг брашно 600мл топла вода 1кесичка сув квасец 4лаж.шеќер 2лаж.сол 60гр стопен путер 2л вода 3кесички сода бикарбона се замесува тестото и се остава да стаса на топло околу 1час.Потоа се размесува и се формираат 12 топчиња.секое од нив се развлекува со раце околу 50 см и се обликуваат переците. водата се става на рингла да зоврие..се трга настрана и се додаваат кесичките сода...водата се враќа ама не треба да врие(се намалува тем.)и со лажица решетка се ставаат переците еден по еден околу 30тина секунди(јас броев ) и за тоа време ќе исплива перекот горе, се вади се става во намрсен плех и се пече во загреана рерна 20мин на 200С на 2 рата тура кога се испекоа ја исклучив рерната и им ставив кашкавал и семки од лупен сончоглед