торта со портокал еве рецепт :4 јајца ,24лажици шекер,24лмасло,24л млеко,24л брашно и едно пециво.за филот се прави шербет од 100гр вода и 300гр шекер.во него се додава 1 рендан замрзнат портокал,откако ке се потсвари се додава пандишпан кој го сечам од краевите на тортата и се нанесува врз тортата.потоа на крајот се прави глазура од чоколадо и се прелива врз тортата.добар апетит(инаку јас да напоменам дека секогаш ставам од се повеке за да биде поголема )
@lovemme повели. Тортиљите се купечки, од Рамстор. Пилешкиот стек (јас употребив 2) го исецкав на помали коцки и го зачинив (ставив кари, рузмарин, сол, бибер и црвен пипер, но кој што сака може да си стави). Го запржив да фати малку боја да зарумени и потоа му додадов вода да се динста, се додека не омекне. На крај уште малце го запржувам и тоа е тоа. А за да биде уште помеко му додадов малце сос од мелени патлиџани, го купив од Дием. Пико ди гало се прави многу лесно, се сецкаат ситно кромид, патлиџан, пиперка и магдонос и се мешаат заедно а јас додадов и малку лимон за свежина. И тоа е тоа, буритото го наредив на следниов начин: Тортињата ја загревам на тефлонско тавче или на плотна за скара, па мачкам слој павлака, одозгора оди пилешкото, па пико ди гало. Можеш да додадеш и малце кашкавал, и така го пробав превкуно е.
Да женче, на вкус е исто како марулата, само што го нема тој горчлив вкус, што го има марулата.Спанаќот ми е повкусен, со лимонче ммм
Ти благодарам мила... Барем салатчево со спанаќ сега за сега ќе морам да го пробам . Толку можам и смеам
@kjukli 6 јајца 6 лајци шеќер 6 лајци брашно 1 пециво екстракт од ванила карамела На сето ова оди течност од 1.2 литри. Јас му ставив 400 мл хопла. 320 мл кондензирано млеко и остатокот обично млеко со масленост 3.5 Белките се матат со шеќерот, па му се додаваат жолчките и сето тоа убаво да се измати. Потоа се додава брашното и пецивото и со лажица се соеднува се убаво. Се пече во загреана рерна на 180 степени. И откако ќе се оладе малце се потура со течноста, се остава убаво да се впие течноста па потоа се премачкува со карамелот.
Во посебен сад ги мешаш млекото и хоплата и го потураш колачот, јас одкако се оладе го извадив од тавчето и му турив малце одоздола, па го вратив назад и потоа го потурив со остатокот, може да изгледа дека е многу течност, ама за сат два ќе се впие.
@Ordinary Шпaнски ветaр 1.лист 8 јaјцa 8 л.шеќер 3 л.брaшнo 8л.мелени oреви 2 и 3листa се исти 8 белки 400 гр.шеќер 1 л.oцет Фил Вo 2 литрa млекo се вaрaт 16 жoлчки ,16 л.густин ,6 л.брaшнo 20 л.шекер 4 вaнили.Се мaтaт 3 мaргaринa сo 300 гр шеќер вo прaв.Кoгa се излaди филoт се вмешувa мaргaринoт и се дели нa 3 делa. Прв дел 400 гр.мелени oреви Втoр дел 300 гр чoкoлaдa стoпенa Трет дел oстaнувa ист. Се стaвa лист oд белки,пa првиoт дел oд филoт,листoт oд цели јaјцa,пa втoр дел oд филoт,трет лист сo белки и третиoт дел oд филoт. Тoртaвa е гoлемa, зa нoрмaлнa гoлеминa препoлoвете јa дoзaтa.
Eve jas gi pravev vaka a tebe ako ti e mnogu ili malce dodadi ili odzemi od sostojkite Nie sme trojca i toj den gi pravev a veke vtoriot den ostana samo dve Imas cela tepsija kifli 1kilo brasno 2jajca 1filgan (od kafe onie malite) maslo 1lazica seker 1pecivo Malo lazice sol 1lazicka kvasec i mleko za testoto da go pravis Vo sad dodavas brasno pa jajcata pa pecivoto i ostanatite, mlekoto go zagrevas malce da bide mlako i go mesis testoto od kako ubavo ke go zamesis stavi malce maslo na rakata i pomini zgoro na testoto. ostavigo okolu 40minuti da zarasne. od kako ke zarasne go mesis malce testoto i go delis na nekolku dela (ako sakas pomali kako na slikata ke go delis na 5kolacijna) jas imav edni pomali edni pogolemi kifli. so malce brasno sukas edna kora i ja secis na trijagolnik kako za kifla sto treba na posirokiot del stavas krem ili marmalad sirejne sto sakas, moive se so krem i vitkas nadolu, taka postapuvas i so ostanatite. gi mackav so mateno jajce i malce susam. rernata zagreana na 200stepeni i gi pecis, dodeka se zagrea relnata neka otstojat vo plek okolu 15min. Pecis otprilika polovina sat. za uzinka jas sekogas gi sakam so seker vo prav a nekogas so plus toplo cokolado
@Val-Dim јас си го викам Црногорски бурек :Се замесува 500 гр брашно со 300 мл вода и лажиче сол.Се меси убаво и се дели на 5 топчиња кои се расукуваат колку мало тањирче.Настрана се топи 2 л.свинска маст и 100мл масло во мало тенџерче и корите се потопуваат во таа смеса да ги фати сите 5.Се чуваат до пола саат најмногу.Потоа се растегнува првата кора се става фил по желба (сирење или месо)и се преклопува како плик во округла форма.Потоа се растегнува и другата кора првата како плик направена се става во средината на оваа,се става пак од филот и пак се преклопува.Така и со третата кора.Значи корите се стваат така преклопени една во друга ,фил на првите 3 а на последните две не. Изгледот не мора да е нешто посебно ама вкус има на вистински бурек.