@Winter Lady ќе може да дадеш рецепт за слатките што ти се во форма на тријаголник оние црните од дестана страна и тријаголниците со обланда што ти се
Баш така @Summerlover , ремек дело, преубаво изгледа и јас чекам рецепт @Serafima блазе си им на домашните твои
@Summerlover , @Lorins ... Ви благодарам за комплимнтите.... ме засрамивте. Едноставно се погоди тортичето, така да речеме. А за тоа дека е ремек дело... има, има додека стигнам до таму . Рецептот е тука некаде низ темава, ама да не ве мачам да барате. Еве го. Страчатела Кора: 3 јајца, 10 лаж. шеќер, 6 лаж. млеко, 3 лаж. масло, 3 лаж. брашно, 3 лаж. презла, 1 лаж. сода бикарбона или прашок за пециво, 50 гр. коцки чоколадо (ситно сецкани). Фил: 500мл. млеко, 2 пак. пудинг од ванила, 200 гр. шеќер, 200 гр. бело чоколадо, 1 пак. желатин (+ малку вода), 300 мл. павлака за шлаг, 125 гр. путер, 200 гр. сец. црно чоколадо. Подготовка: За кората: најпрво се бијат јајцата со шеќерот, а потоа му се додава прво млекото и маслото. На крај се ставаат брашното, презлата, прашокот за пециво и чоколадото. Се пече во тркалезен плех бр. 26. За филот: Прво се прави пудингот и во жешкиот пудинг се става белата чоколада и желатинот кој претходно се става во малку вода да набабри. Се остава да излади. Потоа се бие со путерот. Во друг сад се бие павлаката цврсто и се става во избиениот фил од пудинг и путер, па зедно се бие се’. На крај се додаваат коцките чоколадо или рендано чоколадо (по желба), па се става во плехот во кој се печеше (на кој му се вадат страниците). Се остава да лади во фрижидер на неколку часа. На крај се украсува по желба со шлаг, чоколадо...
Пита со спанаќ (иако мислам може и со друго...) 500 гр. Брашно (+-) 1 квасец 1м.л. кваско 2 белки +2 жолчки за одозгоре за мачкање 1м.л.сол 1/2 м.л. шеќер 1 каф. Чаша зејтин 200 гр јогурт Маргарин за мачкање по потреба Фил: Околу 500 гр. Спанаќ 2 мали павлаки По желба може сирење башка Сол по вкус. Се замесува меко тесто со сите состојки без претходно посебно да се третира квасецот.Се дели тестото на 6 топки.Секоја топка се сукнува во кора со големина на тавата во која е планирано да се пече ( соодветна е бр. 28 ), секоја кора се мачка со маргарин.Во тавата се реди кора па од филот, кора па фил.. Последно е кора која се мачка со жолчките.Се расечува однапред внимателно на коцки.Се кисне околу 30 минути и се пече на 200 степени. На здравје
може мила 1литар млеко, 4пудинзи ванила, 10 лажици шеќер, 350гр мелени ореви , 350гр мелени бисквити, 200гр кокос 1шлаг пена ги вариш пудинзите и шеќерот со млекото. Тргаш на страна да се излади. Делиш на три дела. Во првиот ставам 300 гр ореви, во вториот 200кокос,50 ореви и 50 бисквити и во третиот 300гр бисквити. Долу треба да е делот со бисквита, па делот со кокос и најгоре-зошто е бајмек делот со ореви. Одозгора ставам шлаг пена,доцолно е едно пакетче. Во фрижидер 2-3часа. П. С. Јас на најлонска фолија во тавче 25см високо, стацам прво дел со ореви па кокос и бисквути и превртувам.. Полесно ми е за обликување
Едно пакување лазањи мислам е сосем доволно за 2ца. За сосот, се вари околу половина час стек. На страна се пржи сецкан кромид и рендан морков додека златна боја. Се додава вода од око, (отприлика 1 литро). Се остава да повари околу 10 мин, па се додава ситно сецкан стек. Посебно се прави запршка само со брашно и се додева сосот. Посебно се проваруваат лазањите. Потоа се цедат и се редат еден ред лазањи, ред рендан кашкавал, ред лазањи, ред сос...колку што има простор. Треба да се заврши со кашкавал, така поголема количина. Совет - да оставиш еден прст празно на тепсијата да не ти истече мрсно од растопениот кашкавал. Се пече околку половина час или додека да фати убава боја.
Од tasty од ФБ е рецептот само малку го модифицирав. Значи во мелено пилешко месо (јас имав околу 700 г) ставив едно јајце, сол, бибер, презла и малку сув леб. Правев топчиња и внатре ставав парче зденка ( може и кашкавал или моцарела која јас лично не ја сакам) потоа ги валкав прво во брашно, па јајце и на крај во презла измешана со оригано. Се пржат и се вадат на хартија за да се упие зејтинот. Стварно се вкусни.
@makgirl срцка изволте рецептот: Состојки: - два пудинга (од ванила) - 1 кристал маргарин (250 гр) - кокос (2-3 пакетчиња мислам дека ќе ти се доволни) - шеќер (зависи колку сакаш да биде благ пудингот, ја ставив околу 6-7) - шеќер во прав (150 гр) - млеко (1л, за пудинзите) - лешници Подготовка: - Се подготвува пудингот, и кога ќе биде готов, се става настрана да се олади. Додека се лади пудингот, кристал маргаринот се мати заедно со шеќерот во право, се додека не се соедини смесата. Откако ќе се соедини, веќе оладениот пудинг се додава во смесата и ги матиш исто, се додека не се соединат. Потоа се додава 2 пакетчиња кокос во смесата и се мати. Откако ќе биде готова смесата, се става во фрижидер колку да се зацврсти. Кога ќе приметиш дека е зацврстена, земаш по малу од смесата, правиш топчиња и во среде ставаш лешник. И, потоа ги ваљаш во кокос. Ем едноставни се, ем вкусни се Поздрав
Не,не си се препознала таа е Пандишпан 6 жолчки се матат со 1 чаша шеќер,откако ќе се измати убаво се додава 1 ч.млеко,1 ч.зејтин,1 ч. брашно,1 пециво и 2 лажици какао.Се мати се заедно и се пече во тавче 28,јас и во 26 ја имам правено пандишпанот малку по дебел излегува ама нема врска. Беланец 6 белки се матат со 18 лажици шеќер додека се добие цврст шлаг (важно е да се тазе јајцата) Откако пандишпанот ќе се испече го вадам од рерна да се излади малку па го ставам беланецот врз него и пак го ставам во рерна додека е уште топла ама исклучена нели за да се запече малку.На крај топена чоколада и толку.Брзо и лесно се прави,ставам големи лаж.какао можеш и мали,а чашата е стандард од малите веројатно околу 200 мл не сум мерела точно. Еднаш по грешка не ги одвоив белките од жолчките цели јајца ставив во пандишпанот и мислам најубава бешесамо ќе ти требаат плус уште 6 јајца