1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.854
    Пол:
    Женски
    Лепчето е од шеф Џон, само го расукував малку потенко за да се свитка полесно сендвичот... и не го оставив 2 часа да нараснува, ми се брзаше. :) Eден час е доволно.



    За внатре - пилешки стек, пропржен на сосем малку маслиново, после динстан со супа од коцка. Од зачини ставив црн бибер, коријандер, и нешто друго што ми се најде во кујна.

    На лепчето има малку лут сенф, па рукола, домат, стек, и таратурче (ова место ѕаѕики :P ). Заборавив - и кромид има.

    Ајде, ептен ќе ми е ќеиф ако ги направиш. Ми рекоа дека биле многу убави.
     
    На ♡BuBaLe♡, Summerlover, Abrakadabra и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Овесни колачи со јаболко



    3 шољи овесни снегулки
    2 лажици мелено ленено семе
    2 лажици сусам
    100 гр семки од сончоглед
    цимет
    пециво
    200 гр суво грозје
    две лажици мед
    3 јајца
    1 шоља јогурт
    100 грама маргарин
    9 јаболки рендани( малку се запржуват),
    се меша, се истура во плех обложен со хартија за печење и се пече на температура од 180 степени околу 20-30 минути.
     
    На Salome, Val-Dim и Annath им се допаѓа ова.
  3. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Скај дарлинг, ајде рецепт ако може од тоа сочниот колач со вишни :inlove:
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Ма јас не верувам дека некој нема пробано колачов, толку е основен и обичен, скоро па традиционален:)

    [​IMG]

    Овошен колач (Колач со вишни)

    Во сад за матење ставити:
    чаша јогурт, чаша масло, две чаши шеќер, три чаши брашно, 2 јајца и прашок за печиво.

    Се се мати со миксер. Се става во подмачкан плех, а преку тоа се стават вишни (можат и малини, јагоди, сливи, јаболки итн)

    Се пече на умерен огин. После печење се посипа со шеќер во прав и ванилин шеќер.

    * Мерка чаша нека биде по вашиот избор. Јас користам една чаша од околу 150 мл максимум како мерка.
     
    На ♡BuBaLe♡, Summerlover, kuc и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Тенкју :bow:
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  6. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    @Sky-butterfly те молам рецепт од мафините со брусница и
    @Rabbit рецепт за колачот со јаболка
    Фала.
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    received_10153915428304906.jpeg

    Мафини со овес (и брусница)


    Потребно за 12 мафини:
    - 200 гр. брашно
    - 50 гр. овесни снегулки
    - 100 гр. шеќер во прав
    - 3 кафени лажици прашок за печиво
    - малку сол
    - 160 мл млеко
    - 60 мл растително масло
    - 2 јајца

    Прво се измешаат цврсти состојки (брашно, овес, шеќер во прав, прашок за печиво), па се додаваат течни (млеко, масло, јајца). Се промешува се заедно кратко, колку да се добие хомогена смеса.

    Се мачка калап со путер, се истура од смесата (2/3 од калапот), одозгора може да се посипе со семе (тиквино, сончогледово итн:) и се пече во загреана рерна на 200 степени, 20 минути.

    Оригинално брусница ја нема во рецептот нели, ама јас најдов дома сушена брусница па додадов во смесата и убаво испаднаа :)
    Некогаш ги посипувам со разни семиња пред да ги ставам да се печат, па кога се готови може малку мед одозгора да се стави и така се убави. :)
     
    На Annath, galapce, Eli23 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.732
    Допаѓања:
    145.123
    @Eli23

    Го лупам компирот, сечам на пола и го редам во намрсено тавче. Печам на 15 мин од едната страна , после го вадам го обраќам компирот и печам уште 15 мин и од другата страна.
    После го вадам и го филувам по желба. Овојпат ставив павлака, домашен кечап , кашкавал и малку оригано.
    На крај го враќам на печење уште 3-4 мин да се растопи кашкавалот.

    Некогаш ставам кулен, сланина. Се што имам по дома.
    Овојпат беше по лајт варијанта.

    Добар апетит!
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, joy1, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    @bella12 Се става на оган 200 гр.шеќер и 100 гр.вода.Да зоврие, се додава пола маргарин да се стопи и едно кујнско чоколадо.Се трга од оган и се додава 100 гр.дробени кикиритки и 300-350 гр.мелени бисквити.Одозгора ако сакаш можеш да додадеш стопено чоколадо.Јас бидејки го правам во калап не додавам чоколадо.Акого правиш како бајадера може да ставиш.
    Ова е рецептот за црните слатки, сникерс бајадера е, во храна и вино го има рецептот оддамна јас веке 3 години го правам и многу се вкусни.Неоддамна го објавија на моирецепти малку изменет, па како сакаш ти така направи го.Не знам зошто овде не е кафеава бојата, веројатно до чоколадото е.
    http://moirecepti.mk/post/сникерс-коцкипосно
    За другиот рецепт ке ти пишам друг ден.Касно гледам не сум видела нотификација.Извини многу.Поздрав :D
     
  10. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    @poenta ,ako moze recept za posnite triagolnici:inlove:,tnx.
     
    На Пчела му/ѝ се допаѓа ова.
  11. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    @bella.s Повели

    Полнети триаголници со праз

    500 г готови кори
    1 стрек праз
    сол по вкус
    малку масло за готвење
    вода

    Празо тсе сечка ситно и се пропржува во тава со малку масло. По потреба се додава сол. Пропржениот фил се остава на страна да олади.
    На работна површина се ставаат корите и секоја се сече на правоаголници. Се попрскува малку со ладна вода и масло за готвење. Во основата на секој правоаголник се става по една лажица од филот и секоја кора се витка така што да се добијат триаголници кои се редат во тава за печење претходна премачкана со масло.
    Подготвените триаголници се премачкуваат со масло . Рерната се загрева на 200 С и се печат 25-30 мин. за да добијата златно-кафена боја.
    Се оставаат да оладат и се редат во сад за сервирање.
    Може да се комбинираат со сирење, кисело млеко, кисела павлака, маслинки во зависност од потребата за служење посни или масни.
     
    На Пчела, bella.s и Annath им се допаѓа ова.
  12. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.186
    Допаѓања:
    23.208
    Пол:
    Женски
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Gmechish dve banini, stavash 100gr med. Meshash. Vo dlabok sad stavash 125grama ovesni snegulki, lazichka cimet i malku sol. Meshash i gi dodavash bananite. Meshash ubavo. Smesata treba da bide pocvrsta kako za bombici. Redish vo kalapi za mafini. Gi pritiskash ubavo da bidat kako korpi. Se pechat 12-15min na 175 stepeni. Gi vadish, stavash lazichka pavlaka i ovoshje i uzivash. :D
     
    На galapce, joy1, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    @Winter Lady повели рецепт
    Тортата е многу едноставна за подготовка,нешто набрзинка и без печење.
    Потребни ти се:бисквити(по желба),млеко,хопла,овошје(на тенки парчиња) и нешто за украсување.
    Бисквитите ги потопуваш во млеко од двете страни и ги редиш на послужавник.Премачуваш со хопла и врз хоплата редиш овошје.Јас ставив банана,киви,малини и вишни.Истата постапка ја повторуваш,повторно редиш бисквити,хопла и овошје.Верувам ти е познато ова.Јас ставив три реда овошје и хопла,и последниот ред се премачкува само со хопла и украсува(си ставаш по по желба зависно од големината на тортата).Исто во последниот ред со овошје ставив и пола цеден портокал.И на крај украсив со мрвици,чоколадо и прелив.
    За разлика од другите бисквитни торти без печење,оваа варијанта ми се допадна најмногу.Вкусна е и лесна за јадење.Се надевам ќе ти се допадне. :)
     
    На Winter Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    @Winter Lady
    Трилече

    Пандишпан: 5 јајца, ги делиш белките од жолчките. Ги матиш цврсто белките со 90гр шеќер. Ги матиш и жолчките со 90гр шеќер. Во жолчките додаваш 200гр брашно, 1 лажичка прашок за пециво, 1 лажица екстракт од ванила, малку сол и 2 лажици масло за јадење. Мешаш. Ги додаваш и белките и соединуваш. Го сатавш во намрсен и набрашнето тавче бр 28. Се пече на 180 степени, 40минути. Го вадиш, го боцкаш со вилушка и пак го ставаш во тавчето.
    Прелив: 200мл млеко, 400мл кондензирано млеко, 250мл слатка павлака. Ги ставаш во тенџере да се загрее. Со црпалка ставаш на изладениот пандишпан. Оставш да се впие и да се излади. По желба одозгора му ставаш шлаг, или изматена слатка павлака и сервираш. Јас како што виде ставив и чоколаден прелив, да ми биде поблаго. :P
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и Winter Lady им се допаѓа ова.
  16. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.823
    Допаѓања:
    109.021
    Пол:
    Женски
    @papillonP

    Мафини со мармалад

    - 100гр шеќер
    - 60гр шеќер во прав
    - 125мл зејтин
    - 200гр/4лаж. мармалад (било каков)
    - 180гр брашно
    - 1к.л пециво
    - 1к.л ванилин шеќер
    - 1к.л сода бикербона
    - 3лаж. какао
    - 200мл јогурт
    - 40мл млеко
    - 100-150гр ореви (по желба)
    -1 чоколада за готвење

    Подготовка: Со миксер се мешаат шеќерите, зејтинот и мармаладот, се додава брашното, пецивото, ванилиниот шеќер, содата и какаото, па се додаваат јогуртот и млекото и на крај оревите.
    Се премачкуваат калапите со маргарин или се става хартија, се полнат 3/4 и се пече на 180степени 20минути.
    Откако ќе се заладат се растопува чоколадото на пареа и се премачкуваат мафините.
     
    На Пчела и papillonP им се допаѓа ова.
  17. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.075
    Допаѓања:
    34.452
    Пол:
    Женски
  18. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    @IronLady
    1 кг брaшнo
    60 гр шеќер
    40 гр млекo вo прaв
    1 квaсец
    100 гр зејтин
    Вaнилa,
    Вoдa млaкa кoлку дa се зaмеси дa биде мекo кaкo тестo зa крoфни.
    Се oстaвa дa стaсa се рaзмесувa,се крoјaт кругoви,и се сместувaaт вo метaлни мoдли вo гoлеминa нa мaлo тaњирче.
    Филoт е прaвен oд oкo,не мерев.Блaгa несoленa урдa се зaшеќерувa сo шеќер вo прaв,дoдaвaш зaчини пo вкус.Јaс дoдaдoв вaнилa и мoрскo oревче мнoгу мaлку.Филoт гo нaнесувaш вo внaтрешнoстa нo не премнoгу,и oдoзгoрa се стaвa фил oд вишни ( вишни се зoвирaaт сo шеќер и мaлку вoдa се пaсирaaт блaгo и се згуснувa сo мaлку густин јaс стaвив 1 лaжицa) и фил oд кaјсии (се спремa истo кaкo вишните).Се oстaвa дa стaсa 15 мин и се пече нa 200 степени .
    Oстaнaтoтo е декoрaцијa.
    Вишните и кaјсиите ми се oд
    фрижидер.
    Се извинувaм не ги мерев сoстoјките зa филoвите се беше oд oкo и пo вкус.
     
    Последна измена: 13 март 2016
    На IronLady, galapce, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mama89

    mama89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    9.332
    Пол:
    Женски