тинчемајмунче ќе можеш да ми кажеш точен рецепт за ова?...Или барем одприлика колку компири се рендаат во тестото и со каков зеленчук се полни покрај меленото месо?
4-5 kompiri sredna golemina,okolu 400 grama,gi varis i cekas da se izladat pa gi rendas na sitno bidejki inace ke ti se lepat ako se topli,eden kvasec,edno jajce,rendas i polovina margarin,okolu 100 ml voda i mleko zaedno,po edno lazice sol,seker i malku maslo.Zamesuvas testo i dodavas brasno po potreba nekade okolu 500 gr +- ke ti fati.Malku tesko se mesi i se lepi ama vredi.Otkako ke go izmesis ostavas 15-ina min da odmori i zemas kines od testoto edno malo topce i na dlanka go pleskas kako pleskavica stavas fil vnatre i gi zatvoras kraevite,ke ti dojde kako topce gi stavas na namrsena tepsija so spoenoto odozdola a odozgora ke ti dojde maznoto,na sekoe topce ke ja namrsuvas rakata bidejki testoto e leplivo.Ke gi stavas na razmak bidejki rastat i ke ti se spojat edni so drugi. Fil:jas proprziv kromid,morkov,piperka zelena,nekolku seri domatcinja,pecurki i meleno meso,zacini sol,biber i piper crven edno malo lazice. Ako gi napavis kazi kako ti ispadnale kaj mene mn gi sakaat,jas ke se macam 2 sati potoa za 10 min gi nema.
Dali mozebi nekoja od vas znae recept za salata BELA BREZA ja imase vo edno od spisanijata na Hrana I vino.
Компирите не се лупени, само детално измиени, додавам морков и чушка сецкани во долги тенки ленти, шери домати, билки(магдонос и дил-конкретно), се друго е по желба. Релната ја уклучувам да се затопли кога започнувам со сецкање и подготовка, во тавата користам хартија за печење но сепак ставам малку массло, а со истото попрскувам и озгора. Посебен вкус дава и кога парчиња бутер ќе се нафрлат врз целото тафче. Многу зачини. Бибер, сол, вегета, кориандер, сенф во вид на мали зрнца, розмарин... НЕ покривам со фолија. си се крчка околу 45мин на околу 220. По потреба на крај засилувам на 240. Под компирите оздоле има стек. Започнувам со негова подготовка околу пола час одкако ќе ги ставам компирите во релна. Го валкам во предходно ситно исецканите дил и магдонос, додавам бибер и на тивко пржам/вртам. Одприлика да стасаат истовремено.
Вакво е. Од паковањето десно, внатре има мали паковања со најразлични вкусеви. Одлична арома и вкус, посебно во комбинација со стек. Го ставив на крај, кога ми беше се сервирано озгора. Бутерот беше предходно, во фазата за печење. Најчесто од младите, малите. Но многу често сум правела и со големите компири, само на поситно исецкано и е истотака превкусно. Така да не се ограничувај дека мора да се мали. Додади масло, бутер...и ќе бидат супер.
@India мислам твое беше она мевцето Давај рецептот! Благодарам однапред. Ако сум грешка, се извинувам
@Ordinary повели рецепт 500гр бело вино 500гр зејтин 1пециво 3лаж. сол 1кг брашно 100гр ленено семе 100гр сусам 100гр сончоглед Многу брзи и едноставни ,се мешат сите состојки заедно оди точно 1кг брашно ни повеќе ни помалку Јас правев половина доза затоа што многу излегуваат Ако не те мрзи можеш да си сукаш кора ни многу тенка ни мн дебела и од неа да си вадиш со фигури јас почнав така па потоа си продолжив да си праам топчиња директно од смесата Се печат во загреана релна едно 10-15минути ,ќе ги надгледуваш да не ги препечеш многу Морам да кажам дека многу заситуваат
Запржувам кромид повеќе 3-4 големи глави убаво да се запржи па додавам печурки исто убаво да се запржат да излезе водичката од нив и додавам месото(свинско) да се пржи откако убаво ќе порумени кромидот додавам вода колку да е месото залиено и ставам морков-повеќе Додавам бело вино една чаша (многу убав вкус добива од виното) и ставам зачини сол вегета малку кари црн бибер значи се што ми се наоѓа и го оставам на тивко да си крчка додека месото не биде сварено.За да ми промени боја на сосчето кое се ствара од кромидот морковот додадов и малку доматно пире Пробај многу е вкусно
Може секако Има различни рецепти на интернет за Quiche Lorraine За тестото: (Ако немаш време за месење, можеш да користитш и готова замрзната кора лиснато тесто) 250г брашно 125г ладен путер, на коцки 1 јајце 1 лажичка сол 1 лажицa ладна вода Брашното, солта и путерот се замесуваат, додека да се добие трошкаста смеса. Се додава јајцето и водата. Се меси во зделата додека да се добие убаво тесто. Не е меко како за леб, по тврдо и мрсно треба да биде, и да не се лепи. Во меѓувреме намасти тепсија од оние за киш. Јас немам ваква па користам тркалезна тава со страничен прстен што се вади. Јас на долниот дел секогаш ставам исечен круг хартија за печење, па неа ја намастувам. Не за друго, полесно се вади ако има хартија, а и тавата ми е после полесна за миење “Официјалниот” рецепт вика да отстои пола саат-саат во фрижидер. После се остава малку надвор да омекене, па се рассукува. Јас го развлекувам со раце/прсти директно во тавчето додека е помеко, на дното и страниците, па после тоа го оставам малку во фиржидер да се олади. Било на кој начин, тестото да биде отприлика 5мм дебело. Кога ќе биде тестото во тавата, се боцка на неколку места на дното со вилушка. За филот: Што сакаш. Спанаќ и сирење, мелено месо, праз, сланина, вегетаријанска, лосос, туна, изборот е твој. Јас имам ставено пропржен млад кромид, печурки, црвена пиперка, шунка, и на едната половина брокула, мм не ја јаде... Филот се реди врз тестото. Се меша: 3 јајца 150мл млеко 200г крем фреш или павлака/јогурт 100-150 грама рендан кашкавал (може мешавина од разни видови, чедар, пармезан и сл) Сол и зачини по вкус Оваа смеса се посипува одозгора. Се пече отприлика 35-40 мин во претходно загреана рерна на 200 степени. Пријатен ручек Спојлер: Слика
@referentka од каде ти се белите големи чинии, во кои последно имаш сервирано и објавено марула, помфрит и колбаси?
Подарок ми се од мм. Знам дека ги купил од пластичарска, само таму го има овој облик на коцка. Имам ,,змија,, за маслинки и мали длабоки за разни сосови или кикирики.