1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Следен оат сликни ги малите да ми текне за кои зборуваш, и јас ги имам овие коцкастите за сервирање, извртени се многу убаво стојат.Мислам дека ми текнува за кои мали викаш, па сакам да си купам таман како комплет да ми дојдат.А да и змиичката е мн интересна.
    @donna.17 РЕЦЕПТ ЗА ТРИЛЕЧЕТО ?
    @smooch ТОРТАТА СО БИСКВИТИ ?
    @vitamina ПИТА СО ЈАБОЛКИ ?
    @danichap Ме интересира дали ставаш вода на зеленчукот и колку ?
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.793
    Претпоставувам прашуваш за последните слики.
    Три пати имам постирано слични слики.

    Првата и втората, каде беше телешко/јунешко, ставав отприлика еден прст црвено вино, па еден прст жешка вода и малку масло.
    Последната слика е со пилешко, па ставив околу еден цм од тавата бело вино, еден цм, жешка вода и малку масло.

    Секако може и без вино.
    Никогаш не го потопувам зеленчукот целосно со вода, но да биде барем пола потопен и печам под фолија. На крај ја вадам, а по потреба доколку има многу течност некогаш и ќе ја подистурам во судопер и повторно го враќам во релна.
    Од око гледам кога горниот слој е зацрвен и е готово.
     
    На galapce, mimi**** и Winter Lady им се допаѓа ова.
  3. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
  4. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    @kjukli и @theowndemon девојки се извинувам што малку почекавте за рецептот не бев порано во можност да одговорам.

    Што се однесува до рецептот сама си го измислив така да нема име,ајде ќе ги наречам ~Посни крекери на вода~

    Рецптов е правен во пекач за леб, зошто не сум баш вешта во месење само со сукало работам:lol:

    -500гр. брашно по желба (200гр. интегрално,100гр.пченкарно,200гр. бело тип 400, деновиве ги правев и со хељдино и испаднаа преубави :smirk:)
    -300мл вода
    -1,5 кафена лаж. сол
    -1 кафена лаж. сув квасец
    *(ова се мерки за во пекач, за да замесите тесто по ваше може и по ваши мерки)

    Одкако ќе се се замеси тестото се остава да надојде па се размесува уште еднаш. Потоа се расукува кора и се сечат ленти или по избор форми.

    За премачкување јас користев куркума,кари,малку лукче во гранули може и малку мелен црвен пипер за боја,оригано, сол и мешан зеленчук јас го користам оној на Храна и вино К+) кој што си милува.
    Сето тоа се размутува со малку вода да стане хомогена смесата.
    Ги премачкувам со четка и одозгора ги наросувам со ленено семе претходно измелено во блендер, сусам семки од сончоглед, ким, семка од тиква (било то ви се најде по дома).

    За промена убави се и со сенф кој исто ќе го разредите малку со вода.Од оваа доза излегуваат два плеха од рерна. За убаво да се легне хартија за печење тавчето го намокрувам со вода.
     
    На joy1, Annath, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    За тесто:
    500 гр брашно
    едно јајце
    сол по желба
    50 гр зејтин
    млака вода за да се замеси тестото

    За Фил:
    рендан компир
    рендан кромид
    бибер
    сол


    После замесување на тестото, се остава да ,,одмори,, 30 минути.
    Се прават 3 топчиња, се размесуваат , се мачкаат со зјетин и пак одмара тестото 15 минути

    Се расукуваат кори, и се тегнат на чаршав, што е можно потенки.И се става од филот.

    Се пече на 200 степени.

    НАЈБИТНО:Кога ќе биде при крај со печење, тестото се ПОЛЕВА СО 50 мл врела вода, две супени лажици зејтин и малку сол (да зовријат трите состојки).
    Откога ќе се полее се допекува додека да испари водата
    Кората така станува крцкава.

    И на крај се ЈАДЕ....и се викаат феминки на дегистација :rofl::rofl:
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Espadrila, Viktorijaaa5 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.290
    Пол:
    Женски

    А може со готови кори? Јас дека домаќинка голема :wasntme:
     
    На Espadrila, Ordinary, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Сигурно може.
    Филот не се пржи (да напоменам)...
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.290
    Пол:
    Женски
    Еее фала, може и ова да се проба :D
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.890
    Допаѓања:
    89.384
    Пол:
    Женски
    Да се вмешам и јас да кажам. Имав правено со готови кори јас исто со компир и со кромид и ми излезе како кал :D првиот пат кога правев |(
    Ама за вториот пат погодив ,изрендај ги заедно компирот и кромидот и остави ги убаво да се исцедат значи колку повеќе течност да излезе од нив да бидат скоро суви :)
    И + совет :lol:
    Што и да правиш со готови кори секогаш секоја кора штом ја ложиш наросувај ја со к.вода помешана со зејтин и пред печење и одозгора убаво попрскај ја со таквата течност :)
     
    На Espadrila, Ordinary, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    258.409
    Пол:
    Женски
    И јас тргнав да прашувам ко @Annath..ама ете можело.
    @referentka ептен си профи со сукалото, јас мислев со готови кори е твојава.
     
    На Ordinary, Viktorijaaa5, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Ете ми рецепт за тесто, јас ја правев со обично тесто за леб пред 4 години некаде, ама многу беше вкусна, исто со кромид и компир.И да треба убаво да се истискаат со рака компирот и кромидот, и превкусна е.Таман ме потсети некој ден да ја правам :inlove:
    Ја имам порано кај пријателка јадено.
    Е многу сум значи кромиДарка
     
    На Annath и referentka им се допаѓа ова.
  13. India

    India Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2016
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    15.688
    Пол:
    Женски
    http://migusto.mk/pilesko-so-mocarela-i-prsuta/
    Се правам, рецепти од нет, и скоро се ми се погодува.
     
    На Soncka :) му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    На LivingGlam и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    @IronLady Што да пишам за пицата, тестото си го правам од око, брашно, квасец, топла вода, малку млеко или кисела вода или јогурт, зависи што имам, тоа за мекост повеќе е.
    Врз тесто сос, па кашкавал, и редиш што сакаш. Кај мене има пченка од конзерва, брокула варена, домат, малку пиперка,кромид...Што имаш дома зеленчук тоа. Некогаш и само лути пиперки во пресол (печени, лупени) ставам со уште нешто што ќе ми фати око:mm:
    Исто и со туна е многу вкусна.
    Што сакаш тоа стави си, не е грешка. Класична пица со сувомесно веќе не ми е интересна.
     
    На joy1, IronLady и zhap4e им се допаѓа ова.
  16. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    @lovemme recepta za sirenjacinjata.
    Blagodaram
     
  17. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    20.842
    @referentka по мој заклучок, исправи ме ако грешам, тајната на твоите тенки тегнати кори и прекрасните на изглед а верувам и на вкус баници, зелници и сл. е дека се без квасец????
    Јас неколку пати имам правено по на мајка ми рецептите ама таа е шеф, мастер и нејзините се маестрални. А моиве не дека се лоши...ама повеќе како киснат зелник излегуваат????
    :wasntme::wasntme:
     
  18. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    @liliputt , @kjukli @LivingGlam , еве рецепт за мафините.
    Безглутенски мафини
    Се мешаат во еден сад:
    150 грама густин
    150 грама кокосово брашно (или брашно од ориз, киноа, просо, овес)
    пола лажиче сода
    1 1/2 лажиче прашок за пециво
    и по 1 лажиче цимет, 1 лажиче ѓумбир, 1 лажиче какао.
    Во друг сад се матат:
    2 јајца
    6 лажици мед
    6 лажици масло за јадење
    Потоа се мешаат сите состојки заедно. Смесата е за 12 мафини, калапите се полнат околу 3/4, и на крај се посипуваат со сецкани бадеми. Се печат на 180 степени околу 20 минути.
    (Оригиналниот рецепт е само со ѓумбир и цимет, класични gingerbread мафини, овојпат додадов какао и бадеми).
     
    На liliputt, kjukli, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Благодарам. Густин - каков користеше? Пченкарен? Каде да најдам некој таков, безглутенски?
    Супер изгледаат мафините!