1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Фала :) Најобичен пченкарен густин е.
     
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Мислев дека тој обичниот од продавница е пченичен, затоа и го избегнувам секогаш. :D
    А баш се мислев каде да најдам пченкарен. Одам да проверам.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    @danichap, може ли рецепт за јагнешкото? Зачини, начин на припрема, начин на готвење... Никогаш не сум спремала зашто кај нас обично печат цел бут, па не ми е привлечно така. А твоето ептен ми се допадна.
    Какво месо да барам (ребро ли, бут ли, појма немам)? :D

    Ај можеби ќе изненадам за Велигден.
     
    На kjukli и joy1 им се допаѓа ова.
  4. liliputt

    liliputt Активен член

    Се зачлени на:
    14 март 2016
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу :*:hug:
     
    На kjukli и LollySky им се допаѓа ова.
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    @irenna може ли рецепт од овие мафини?

    [​IMG]
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  6. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Секако дека може рецепт, еве го
    image.jpg
    Јас малку го изменив, немав јогурт па ставив кисело млеко, брашно ставив еден филџан Микс Б и еден Универзал, цел прашок за пециво и јагоди.
     
    На ♡BuBaLe♡, galapce, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    И мене ме интересира! Ќе ја тагнам пак, сигурно не ја видела нотификацијата.

    @danichap
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Благодарам многу @irenna.

    Дали може да отвориме една тема за рецепти без глутен, па таму да ги собираме? Стварно немам идеја за благо понекогаш, и не ми се сите рецепти сигурни, па вака ќе споделуваме веќе испробани. Заинтересирана си? :D
     
    На bella.s и irenna им се допаѓа ова.
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.793
    @LivingGlam не сум ја приметила нотификацијата
    @kjukli фала за потсетувањето.


    Купив филети, формата им беше идентична како онаа на сликата, само што малку се смалија. Ги ставив во еден длабок сад, и ги полеав со малку масло.

    Правилото црвено вино со црвено месо, бело вино со бело месо не беше запазено бидејќи погрешната флаша вино ми се подистури, но воопшто не зажалив.
    Беше вистински погодок.

    Ставив црн бибер, набавив еден нов бибер со лушпа од протокал па и од него посолив, малку хималајска сол, зрна кориандер, зрна сенф, мн. малку сол од лук, розмарин, ситно исецкан магдонос, ситно исецкан дил(на жалост не сум сигурна дали е соодветен превод dill.jpg ). Оваа билка ми е секогаш полн погодок за со месо.
    Го оставив местото да откисне во смесата 1-2 часа.
    ИАко мама ме убедуваше дека јагнешко не се пржи, немав време да го ставам во релна, и овој пат решив да пржам.

    Се затопли маслото во грил тавата и на потивок оган ги ставив филетите со целокупниот зарзеват(посебно на магдоносот и дилот ова се однесува).
    НА тивок оган вртев постојано.
    НА крајот, кога внатрешно беше готово месото, малку подзасилив за убава боја да добие емсото.

    Месото беше меко, вкусно и најважно без никаква миризба. Повторно би готвела на ист начин.
     
    На galapce, kjukli, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам @danichap. Ќе се згребам две вакви парчиња од јагнешкото дома, па ќе ги спремам баш вака.
    Тоа дил мислам дека e копар, така ми изгледа.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.793
    Изгуглав копар и ги погледнав сликите.
    Тоа е, фала.

    Одличен е според мене за со месо, посебно ми се допаѓа со телешко.
     
    На Annath и LivingGlam им се допаѓа ова.
  12. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Добра идеја @LivingGlam
    Може Ливинг, мене благото и лебот ми се најголем проблем, имам неколку испробани рецепти и само ги модифицирам :)
     
    На Annath и LivingGlam им се допаѓа ова.
  13. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    20.842
    @Ane-Goki1 ако може рецепт за ржаните ѓевречиња и дали се многу тврди по печењето?
    Благодарам однапред
     
  14. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.249
    Пол:
    Женски
    Вистинско Италјанско тесто за пица:
    Брашно (неопходно) тип 0 - 1кг
    Вода - 600 гр
    Пивски квасец 7 гр
    Маслиново масло (ладно цедено) 60 гр
    Сол 20 гр
    Шеќер 2 мали лаж.

    Подготовка:
    Најпрвен се става брашното, па се додава квасецот и шеќерот, па се додава 100 гр вода и се замесува со машина за месење на најмала брзина или рачно (но најдобра варијанта сепак е машината).
    Се продолжува со месење додавајки малку по малку вода, (имајки во обзир водата да навлезе сосема во тестото). На крај се истура и солта и се меша/меси се додека не се обликува фино тесто.
    Најнакрај лека полека се истура и маслото се додека не впие во тестото, се вади од машината (во случај) и се обликува со раце.
    Се сместува во сад замесената топка и се покрива со најлонска фолија. Така направено се става во релна со вклучено светло и се остава да надојде и да се дуплира. (2, 30 до 3 часа) максимум.
    Стасаното тесто се сечи на 4 дела, се формираат топки и се покриваат со најломска фолија повторно и се оставаат уште 30 мин да достасат.
    После 30 мин се расукуваат и се формираат пиците.

    Забелешка: (внимавајте да користите сите набројани состојки за ова тесто бидејки се неопходни за неговата сласт и изглед).
    PicsArt_03-31-03.15.13.jpg
     
    На ♡BuBaLe♡, Asja, Ordinary и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Немам некоја посебна мерка ставам ржано брашно,хималајска сол,маслиново масло,пециво,лен и сусам и ги месам. Смесата не треба да биде многу тврда за да може да се обликуваат убаво гевречињата и ги печам на 220степена.Не се премногу тврди,а многу се убави.Јас ги правам по правилата на хроно исхраната без квасец само со пециво.Ти можеш и со квасец за да пораснат и уште помеки треба да се така
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    @savana може ли рецепт за триаголниците со спанаќ и сирење?
     
  17. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.026
    Пол:
    Женски
    @Winter Lady Извини што доцнам со рецептов...
    Торта со бисквити

    Потребни состојки
    500гр. бисквити
    500мл. млеко
    2 пудинзи од ванила
    200 гр. шеќер во прав
    1 маргарин

    Се вари пудингот со млекото, и откако ќе се олади смесата во неа се додава 1 маргарин изматен со 200 гр. шеќер во прав. Бисквитите се потопуваат во млеко и се редат. Потоа бисквитите се премачкуваат со филот, а врз филот повторно бисквити, и се така додека не се потоши филот, и на крај се завршува со ред бисквити. Јас ја правам со 4 реда бисквити, и на крај ставам чоколаден прелив, шлаг, хопла. Некогаш и врз пудингот ставам крем банани или банани, поинтересно е.
     
    На ♡BuBaLe♡ и Summerlover им се допаѓа ова.
  18. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @smooch Како ги правеше макароните? :D Tенк ју :)
     
  19. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.026
    Пол:
    Женски
    Прво сварени, па во тавче да се печат, им ставам кашкавал, оригано, вегета, печурки.
     
    На Summerlover му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @smooch A aха, значи ништо комплицирано :D Јас прашав дека ми се причини да видов нешто пилешко, стек низ нив :D
     
    На smooch му/ѝ се допаѓа ова.