@rainbowec повели рецепт: Чизкејк брауни со малини Брауни слој: 125г. путер 125 г. темно чоколадо 100 г. шеќер* 70 г. кафеав шеќер 2 јајца 80 г. брашно 20 г. какао неколку капки екстракт од ванила прстохват (?!) сол Чизкејк слој: 225 г. крем сирење, на собна темпереатура (користев Филаделфија)** 1 јаце 50 г. брашно 50 г. шеќер ситно рендана кора од половина лимон 75 г. малини*** Рерната се загрева на 180 ºC. Убаво се премачкува калапот (тавчето) за печење, па се обложува со хартија за печење. Ако не се користи хартија, премачканото тавче се посипува со какао, кое треба рамномерно да се распореди на дното и на страните од калапот. Користам калап за торта со дијаметар 20 см, но во основа сите брауни рецепти низ нетов се за тавче 20х20 см. Брауни слој: На пареа се растопуваат путерот и чоколадото. Се остава на страна да се олади малку, па се додаваат останатите состојки по овој редослед: јајца, ванила, шеќер, брашно, какао и сол. Се меша внимателно додека да се добие хомогена смеса и се става во претходно подготвениот калап. Чизкејк слој: Крем сирењето, шеќерот и јацето се матат во длабок сад, сè додека да се добие убав крем (~ 5 мин). Се додава брашното и кората од лимон и се изедначува смесата со уште малку матење (може и на рака со силиконска шпатула). Се додава во калапот, врз брауни слојот и внимателно со лажица се прават брановидни движења низ двата слоја со цел да се добие ефект на мермер (нешто слично како кај зебра колачот). На крај се редат малините и се нежно се притискаат во смесата. Се пече во претходно загреана рерна околу 30-40 мин. Кај рерните со вентилатор е пократко времето на печење, па затоа внимателно. Браунито по дефиниција е сочен (влажен) десерт и времето на печење е точно прилагодено. Ако ви се чини дека е недопечено, оставете уште некоја минута, но внимателно, затоа што горниот слој брзо може да изгори. Кај мене се испече за 35 мин., но го оставив уште 5 мин. во исклучена рерна. * Двата вида шеќер од оригиналниот рецепт ги заменив со 100 г. кокосов шеќер во брауни слојот и уште 50 г. во чизкејк слојот, но вие може да се држите до рецептот. Кокосовиот шеќер е налик на кафеавиот шеќер и го обојува крем сирењето во светло кафеаво, па токму поради тоа изостанува т.е е помалку видлив контраст ефектот меѓу двата слоја. **Едно пакување Филаделфија е 230 г. и го ставив цело. Тие 5 грама екстра не се одразуваат на крајниот резултат. Може да користите и Light верзија. ***Наместо малини може да се користат јагоди, боровинки, цреши, мешано шумско овошје. Првиот пат го направив со замрзнато шумско овошје и беше подеднакво вкусно, но овошјето пушти малку повеќе сок, кој се разлеа низ површината. Затоа, сметам дека е подобро да се прави со свежи плодови од овошје по избор. Како што реков, ова е чисто од визуелен аспект. Вкусот е поеднакво добар. Може да се послужи со оладено розе со ноти на шумско овошје. На здравје. Спојлер
400 гр брашно 350 мл млака газирана минерална вода 100 мл масло Спанаќ (ситно сечкан) од око ставив колку да биде шарено 1 ќесичка прашок за печиво на врв на кафено лажиче сода сол. Подготовка:Во длабок сад ги мешаме сите состојки, се додека не се изедначи смесата. Во калап за мафини, ставаме од смесата. Калапот го ставаме во рерна и печеме. Печев на 150 степени. Брзо се прават и се ептен меки и вкусни. Можеш и пченкарно да ставиш. Пола обично, пола пченкарно. Рецептов го најдов на еден сајт, ама направив мали измени.
Ке сакаш да ми кажеш што се има во салатава преубаво изгледа но неможам да видам убаво што има. И те молам објасними како ти стои вака цврсто , или во ладилник треба?
Мнооогу едноставна за правење. И многу брза. Ти требаат 3-4 кисели краставички, 4-5 моркови варени, 3-4 јајца варени, 3-4 компири варени, шунка, сирење. Се се ренда или ако имаш сецко, уште полесно. Се се сецка, едно по едно. Во длабока чинија за салата ставаш фолија (може и алуминиумска) и почнуваш да редиш едно по едно. Стискаш одозгора да се набие убаво. Не заборавај измеѓу да ставаш сол, бибер, зачини. Откако ќе изнаставаш се, стисни убаво, стави чинја врз онаа што ја полниш и преврти. Ништо нема да се залепи за чинијата, поради фолијата. Нема да се распадне оти е настискано. Ја вадиш фолијата и готово е. Ако сакаш, мачкаш со мајонез или со павлака, како сакаш, и готова е. Не се лади, ама јас ја чувам во фрижидер. Тоа одозгора е со кечап @ ама можеш да црташ со морковчиња, краставички, и за пред гости е супер. За пола саат е готова, сосе варење. Ќе те чини најмногу 100 денари, зависи од количина.
Веднаш Лудо, знам ти гурманче си : ))) Тортава ептен лесно се прави, нит се пече, нит се мати. Знам баба ми со години ја правеше, домаќинка си беше жената ама за благо во кујна не и се седеше, па и ние сега ја правиме некогаш кога се нема многу време. Инаку морам да кажам дека рецептот со текот на годините претрпе некои мали промени, на пример се ставаа внатре јајца, ама ние ги исфрливме затоа што многу ја кашавеа смесата, а не придонесуваа за вкус. Вака повеќе си ја сакаме, а според моментална желба додаваме - одземаме некоја од состојките. Потребно: 500 гр бисквити 250 гр ореви 250 гр желе 250 гр суво грозје 1 чаша ладно млеко 4-5 големи лажици шеќер (ова може изгледа малку ама пошто се друго е благо не е препорачливо многу да се претерува) 200 гр чоколадо за готвење 1 коцка маргарин или путер, секако ја бива, што ти е по желба повеќе тоа стави + 2 шлаг пени и 250 мл млеко за филување Најубаво е да си земеш некое поголемо тавче или некој подлабок голем сад, затоа што има доста состојки и ќе треба на крај се да се промеша заедно. Се кршат бисквитите на поситни парчиња (не мора којзнае колку ситно), се сецкаат оревите и желе коцките и се промешуваат сите заедно. Се додава на тоа чашата ладно млеко и повторно се промешува. Шеќерот можеш да го раствориш во млекото или да го растопиш понатаму во чоколадото со путерот. На страна на тивок оган се растопува маргаринот/путерот и се додава чоколадото искршено на парчиња да се стопи. Кога ќе се растопи убаво се трга од оган и се додава во смесата па се промешува се заедно додека не се соединат сите состојки. Вака промешано веднаш се обликува во форма по желба додека бисквитите не ги попримиле целосно течностите и се остава малку во фрижидер да се зацврсти. На крај се филува со 2 шлаг пени или креми (на сликата е со една, немав во моментот две) п.с Јас некогаш место желе ставам 3-4 банани, можеш и сецкани ресани да ставиш, сушена брусница си додавам кога имам, некогаш малку свежо исцеден сок од портокал и тн. буквално како и да правиш ќе испадне убава на крај, во милион варијанти сум ја јадела. Сега го пишав рецептот од конкретно таа што ми е постирана. Веројатно може и посна верзија да се направи со посни бисквити и растително млеко, не сум пробала, ова е како идеја, пошто во тек се моментално велигденските пости. Некои наместо млеко ставаат фанта или сок од портокал, ама јас не сум ја правела така, сепак ако сака некој нека проба и така. Вака сега како што читам уште бисквитите не ги заменив Како и да е се надевам ќе ти бидат од помош предлозите
Девојки само да се поправам погоре, ми текна дека не сум ставила 250 гр суво грозје, туку доста помалку, онака од око. Ако евентуално ја ставате точната мерка може или да зголемите малку млеко во дозата или претходно да ги покиснете малку во вода или во рум, за да не ви ги впијат сите течности од тортата и да ја направат посува. А така...се извинувам за пропустот, ич не ми текна во моментот кога препишував
Пандишпан: 300 г. мелена плазма 2 л. шеќер во прав 250 г.путер мегле малку млеко се меси и се става во фрижидер. Фил: 200 мл. хопла се мати 400 мл.крем сир мегле матен со 8 л шеќер во прав 1 желатин (се става во крем сир откако ќе се свари и излади) се меша се заедно и се се мачка пандишпанот. На крај џем.
Вака 4 поголеми јаболки или 5 помали рендани 2 јајца Пола шоља млеко Пола шоља зејтин Гриз пола пакетче Голема шоља брашно Лажица какао Прашак за пециво Ванилин шеќер Шоља и пол шеќер Шоља за кафе се сите мерки МЕШАШ УБАВО треба да стане како кашасто а ако е многу кашасто додади уште малце брашно. јас од око си ја правам ама горе доле тие се мерките можеш и цимет да ставиш ја Зашто не го сакам не ставам.Мачкаш тепсија го ставаш тестото печеш дур не зарумени,30тина мин на 200-180. После премачкуваш со топено чоколадо.јас во чинија кршам две чоколади за готвење со две големи лажици маргарин во микро го топам можеш и на шпорет.се мачка се лади
Sos od pecurki 1 pomala glavica kromid 2 lazici maslo se zaprzuva dodeka omekne i dobie boja,se dodavat edna konzerva pecuki okolu 400g. se zaprzuva okolu 10/15 min i potoa se dodava malce sol i crn biber melen. se zaprzuva uste 5min i se dodava 200ml solena holpa(jas sekogas so hopla pravam oti poubava mi doajga) da pokrka okolu 5min,vo megu vreme zamesuvaj i nazdravie. sosov e mn ubav pa go kombinirame so makaroni,meso,oris