Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.904
    Допаѓања:
    272.531
    Пол:
    Женски
    @Eli23 пралините се полнети со смеса за сникерс торта.:
    Зовривам малу шербет од 100гр.вода и 150 гр шеќер додавам 1маргарим да стопи. Настрана мелам300гр бисквити и 300 гр.кикиритки несолени и потоа ги
    замесувам со шербетот и
    маргаринот
    Силиконските калапи ги мачкам со топена чоколада на пареа со три лајци масло
    Се мрзне кратко па се полнат
    со смесата и пак убаво се мрзнат за полесно да се извадат
     
    На ♡BuBaLe♡, Eli23, Esmeralda-MD и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Esmeralda-MD

    Esmeralda-MD Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2015
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    42.450
    Пол:
    Женски
    @Lorins Повели рецепт за полжавчињата
    1кг.брашно
    1/2кг.млако млеко
    2јајца
    1свеж квасец
    2 лажички сол
    1 лажичка шеќер
    2 филџани зејтин
    Од сите овие состојки се формира меко тесто кое се остава добро да стаса.
    Од стасаното тесто се формира кора во форма на правоаголник,(можеш тестото и на два пати да го поделиш,полесно е за размесување,така и јас направив )Кората се премачка со растопен путер и се нароси со рузмарин.
    Со нож се сечат ленти по должина(произволна е дебелината),се наросува со сирење и се витка како ролат.На тава со мрсна хартија се наредат и се премачкуваат со жолчка и наросуват по желба ,ким,сусам,лен..
    Се печат на 200 степени.Готови се кога ќе бидат убаво заруменети.
    Пробај ги и ти,па пофали се со слика.Поздрав
     
    На Annath и Lorins им се допаѓа ова.
  3. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.407
    Допаѓања:
    8.446
    Пол:
    Женски
    @Peppermint може рецепт за рижото со аспарагус?
     
  4. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    12.jpg
     
    На oblace1 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  5. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.763
    Пол:
    Женски
  6. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    @alisijad
    Веднаш, повели :)
    500 мл јогурт
    2 шољи шеќер
    2 шољи брашно
    1/2 шољи масло
    1 ванила, 1 лајче сода, 2 лажици какао
    ФИЛ:
    2 пудинзи од шумско овошје( мајка ми ги купва од тинекс :) )
    750 грама млеко
    10 лажици шеќер
    150 грама чоколадо
    1 ванила
    1 маргарин
    и за одозгора два шлака,

    П.с Превкусно е :D
     
    На ♡BuBaLe♡ и alisijad им се допаѓа ова.
  7. Babushka

    Babushka Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    5.336
    @kjukli @oblace1
    Извинете што ме почекавте, подолго ввреме не сум се логирала, па дури сега гледам дека сте побарале рецепт за тортата со чоколадниот сос.

    Повелете, излезе долг текст, па во спојлер.

    За тестото:
    200 г шеќер
    200 г путер
    200 г брашно
    1 лажица прашак за пециво
    Прстофат сол
    3 големи јајца
    3 супени лажици какао
    8 супени лажици вода (јас некогаш заменувам со сок од портокал)
    100 г чоколадо за готвење, исецкано на парчиња (секако може и повеќе :lol:)
    Сецкани бадеми


    За сосот (единечна доза):
    100 г чоколадо за готвење
    100 г шеќер во прав
    100 г путер
    4 лажици млеко (околу 50 г)
    Јас правам дупла доза од сосот, го обожавам сосов, па сакам екста (facepalm):D


    Подготовка:
    - Рерната се загрева на 180 степени
    - Се намастува здела/тава за печење

    Тесто:
    - Во поголем сад се мати шеќерот со путерот со миксер додека да се добие еднолична кремаста смеса;
    - Се додаваат јајцата едно по едно и се мати после секое;
    - На страна се помешуваат брашното, солта и прашакот за пециво, па се додаваат во садот;
    - На страна се меша какаото со водата додека да се добие какао паста. Јас ставам 11-12 лажици, 8 не ми се доволни, ми останува суво какао или пак моите лажици се многу плитки. Исто некогаш ја заменувам водата со сок од портокал, многу убаво оди со чоколадото;
    - Какао смесата, бадемите, и дел од чоколадото (поситните парченца) се додаваат во садот и се мати;
    - Се сипува смесата во тавата;
    - Јас сега ги редам покрупните парчена чоколадо одозгора, и малку ги притискам надоле, колку да се покријат со смесата, ама да не потонат ептен до доле (обично “тешките” состојки спаѓаат надоле, а јас си сакам да има чоколадо по целата висина на тортатa;
    - Се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 20-30 минути, зависи од рерната.

    Сос:
    - Кога тортата ќе биде скоро готова, се спрема сосот;
    - Сите состојки се ставаат во помало тенџерче;
    - Се загрева во bain-marie. (Тенџерчето се става врз друго поголемо тенџере со топла вода. Водата да не врие, и дното на малото тенџерче да не го допира дното на поголемото тенџере, само водата);
    - Се загрева додека сите состојки се стопат и соединат;
    - (Ако немаш шеќер во прав, може и обичен, ама прво стопи го шеќерот во млекото, па после додади ги другите состојки, иначе ќе остане крцкав)

    Топлата торта се посипува со топол сос.
    Вкусна е и топла и ладна. За тие што може да чекаат да се олади...


    А за малите тортички ги правам кога имам гости. Истата смеса е, само ставена во калапи за мафини. Одоздола (од страните нема потреба) ставам тркалце хартија за печење, just in case да не ми се залепат па да не можам да ви извадам. Во средина додавам поголема коцка чоколадо и ја притискам малце да се покрие со смесата, ама да не потоне до крај. Се печат малку пократко, оклу 20тина минути, бидејки е помала количината.
    Убавото тука е што можеш да ги спремиш и порано, па кога ќе дојдат гостите да ги подгрееш (во микробранова и греам), и тогаш го спремам сосот и ги поливам. Исти се како тукушто да се печени, а брзи за служење.

    Нема некој што се пожалил од тортава, дури и колега хомосексуалец ми понуди брак поради тортава :rofl:8)

    http://forum.femina.mk/threads/Фемина-Инстаграм.21134/page-362#post-2804480
     
    На kjukli и oblace1 им се допаѓа ова.
  8. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.081
    Допаѓања:
    34.504
    Пол:
    Женски
    @Adi888 @skorpija123
    Изволте рецепт за американските палачинки :) (ја се извинувам што враќам олку касно, ама не сум видела дека сте пишале)

    2 јајца
    пола лажица сол
    2 лажици шеќер
    4 лажици зејтин
    1 пециво
    1 ванила
    1/4 сода бикарбона
    250мл млеко
    200гр брашно
    Се ставаат сите состојки, се матат со миксер и ако сакаш повеќе да ти испадна палачинки додаваш млеко колку сакаш и потоа брашно колку да биде густа смесата. Како што ја премачкуваш тавата со зејтинче, така ќе ја премачкуваш и за секоја наредна палачинка (јас користев малечко тавче баш за вакви палачинки)
    WGZwmXW.jpg
     
    На Asja, Neodlucna, Adi888 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. One.Moment

    One.Moment Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    3.545
    Пол:
    Женски
  10. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    10.195
    Пол:
    Женски
    Најоздола има топено чоколадо (јас одбрав млечно чоколадо и го топев во микро за побрзо да биде), врз чоколадо наредени marshmallows. Сето тоа пикнато во рерна да се пече додека не потемнат маршмалоусите. Калориска бомба и никако не препорачувам да се јаде навечер во 11 саат :clap::D 20160505_214629.jpg
     
    На Pcelka94, galapce, Dgirlll и 2 други им се допаѓа ова.
  11. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Чекај толку е едноставно?! Ова мора да се проба. А маршмелоусов од кај ги зема? Тие во Кам не ми се допаѓаат нешто многу.

    Бубале ај ако можеш пиши рецепт за ситниве колачи. Тие од втората слика. Многу се убави. 8)
     
  12. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.199
    Допаѓања:
    106.236
    Пол:
    Женски
    @kjukli тие црните се калапи обложени со црно чоколадо а смесата во нив е дел бајадера ( 800 шеќер, 20 лајци вода, да зоврие шербет и му додаваш еден путер, мелени бисквити 300 гр и мелени ореви 300 гр, и на пола смеса црно на другата пола бело чоколадо. Од оваа смеса доста излегува, па во дел си додадов желе бомбони, на друг дел суво овошје - грозје, смоква, слива, брусница..)
    Белите со бело чоколадо а полнети се со смеса од 300 мелен лешник, 150 прав шеќер и неколку лајци вода, сето тоа загреано на оган. Друг дел шербет (колку вода толку шеќер) да зоврие и додадов кокос и малку кокосово масло)
     
    На Pcelka94, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и LivingGlam им се допаѓа ова.
  13. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    10.195
    Пол:
    Женски
    Тука не би можела да ти помогнам, јас овие од странција ги купив :)
     
  14. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    На LivingGlam и rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr им се допаѓа ова.
  15. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    960
    Допаѓања:
    4.031
    Пол:
    Женски
    И јас сакам рецепт :)
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    @lovemme рецепт за макароните?
     
  17. lovelygirl39

    lovelygirl39 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Рецепт за тортата?

    Рецепти??
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  18. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Потребни состојки:
    Млеко
    3 пудинга од ванила
    Бисквити
    Медени срца
    За декорација шлаг ( јас немав па декорирав со стопено чоколадо и ореви.
    Пудингот се вари на стандардниот начин.
    Бисквитите се потопуваат во млеко се реди еден ред, врз нив се става пудинг, потоа се редат медените срца претходно се боцкаат со вилушка и се потопуваат во млеко од двете страни( ова за да омекнат). Врз меденото срце повторно се става пудинг, па уште еден ред бисквити.
    Одозгора се декорира со шлаг.
     
    На Mrs.Bass, Annath и lovelygirl39 им се допаѓа ова.
  19. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.602
    Допаѓања:
    48.967
    Пол:
    Женски
    @lovelygirl39

    Ролат со кокос

    400-500 гр мелени бисквити
    150 гр.мелени ореви
    100гр.чоколадо
    1 лажица какао
    300мл. млеко
    1 путер/маргарин
    2 пакетчиња кокос
    1 ванила
    300гр. шеќер
    250гр шеќер во прав

    1. Темно тесто
    Млекото се вари 5 мин со обичниот шеќер, чоколадото и какаото. Кога ќе се олади се додаваат бисквитите и оревите. Се меша убаво. Се дели на три дела и со мокри раце се расплескува на најлон фолија.

    2. Бело тесто
    Путерот се мати со миксер со шеќерот во прав додека да стане малку пенесто. Се додава кокос.
    Се расплескува врз темното тесто и се витка во ролат. ( Поточно од оваа количина ќе испаднат 3 ролати со дебелина како на сликата.)
    Тоа е тоа. Може да се мрзне.
     
    На savana, Annath, Val-Dim и 2 други им се допаѓа ова.
  20. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.970
    Пол:
    Женски