Повели @Mrs.Bass Рецептот е; 400 гр брашно, 1јајце, 200 мл млеко, 70 мл масло,50 гр шеќер, 20 гр свеж квасец, малку лимонов сок. Се замесува и остава да скисни. Се сучи тенка кора и се мачка со фил; 100 гр афион, 50 мл млеко, ванилин шеќер - да се сварат, и плус 50 гр суво грозје ( јас не ставив го нејќе мм) Ролатот се мачка со жочка и пече на 200 околу 30тина минути.
Рецепт за питулиците @Mrs.Bass 2 литри ладна вода 1,5кг брашно Сода бикарбона Сол по потреба 1 чаша масло Со миксер се соединува смесата Се печат исто како палачинки но на тава за питулици позната како питуличарка. Големината на палачинката треба да е колку плехот. Доволно е да се направат 20 палачинки Палачинките се ставаат во плех една врз друга, но измеѓу нив се попрскува со масло и урда. Плехот со палачинките се става да се пече во рерна некои 15 минути Се надевам дека убаво ти објаснив Многу е вкусно
@elimkd kolku soda bikarbona? i dali moze vo tace za palacinki? pitulicarka nemam i neznam pak ni sto e
#штознамкакодајакрстамтортава Пендишпан Мерите со чаша Значи околу 6 јајца,исто толу шеќер и брашно,2 лажички.пециво.Битна е количината,значи колку јајца толку брашно и шеќер.Повеќе јајца повеќе пециво,помалкујајца помалку пециво. Се мати убаво и се пече.Се преполовува на 2 дела. Првиот лист го попарив со засладено млеко,може и сок и овошје по желба,јас овој пат наредив 3 реда банани сечени на тркалца. Одозгора се прави фил од 600 г.млеко 6 лаж.брашно 200 гр шеќер и 4 жолчки.Значи се матат жолчките со шеќерот и брашното и се ставаат во зовриено млеко,како пудинг.Кога се олади се додава 250 гр изматен маргарин.(со путер е уште поубав филот) Одозгора белките се матат со по 3 лаж шеќер,една лаж .оцет и малку сол.Се мати шам и се украсува одозгора. Спојлер: *
Рецептот е на една феминка, пред неколку години го запишав од тука. Ептен лесна брза и евтина торта. Јогурт торта. Јас ја правам со 500мл јогурт и 600гр бисквити. Ако сакате да испадне поголема можете да ја направите со повеќе бисквити и јогурт, но секогаш да има 100 до 200 гр повеќе бисквити за да не испадне многу течно. 4 лажици шеќер, шлаг или хопла Овошје по желба. Мене највкусна ми е со јагоди и со праски. Во длабок сад се ставаат шеќерот и јогуртот , се меша со лажица да се стопи шеќерот. Се додаваат кршените бисквити, се мeша. Смесата се истура во калап и се израмнува. Одозгора се реди сецканото овошје а над овошјето се става шлагот или хоплата. Јас ставам хопла, повкусна ми е така.
Турска салата Тиквичките се лупат, посолуваат и се оставаат да пуштат вода околу 30 минути. Откако ќе пуштат вода , се сечат и се ставаат во рерна. Во меѓувреме, се прави дресинг од кисело млеко, свежо нане( јас додадов и копар), лукче,. маслиново и сол. Откако ќе заруменат тиквиците, се оставаат да оладат па на крај им се истура смесата.
@oblace1 @skorpija123 изволте рецепт за чококејкот со јагоди. Од состојкиве ставав од око, не ни мерев. Состојки: - кристал маргарин (половина) - плазма мелена (нз точно колку, ама повеќе од две пакетчиња треба, зависи во што тавиче ќе го ставате) - шлаг кафеав ( 3 пакетчиња, а можеби и 4 за повеќе) - млеко околу 500-600 мл. Подготовка: - Се става половината од маргаринот да се топи, а во меѓувреме во мелената плазма малу се додава мелко и треба да се измеша убаво. Откако ќе се стопи маргаринот се додава во убаво измешаната плазма и се меша се додека не се направи убава смеса. Потоа во тавиче, по желба ваша (ја кориситев малечко, округло), се става фолија и се става смесата, за да биде еднаква ја натапкувате и на крај ја ставате во замрзнувач околу 20 мин. Меѓувреме со останатото млеко, се мати филот. Доколку се поминати бар 15 минути, од тие 20, може тестото односно подлогата да се извади. На неа прво се редат јагодите, па филот и се става повторно во замрзнувач. Едноставно, брзо, вкусно и без печење Спојлер
Баклава со вишни 500 гр кори 4 јајца 200гр шеќер 200мл масло 300гр кисело млеко / јогурт Се матат јајцата и шеќерот, се додава зејтинот и јогуртот / кисело млеко и се убаво се воедначува. Во намастена тава се ставаат две кори се премачкуваат со филот, повторно се става кора, фил, кора, фил... На три места помегу корите се редат вишни, што повеќе, тоа подобро... Наредената баклава се сече на парчиња и се пече на 200 степени околу 30-40 минути (додека да порумени). Оладена се попарува со врел шербет 1кг шеќер 800мл вода ванила Добар апетит