Рецептов е од странски сајт затоа името на рецептов може смешно да звучи. Крсти си ги како сакаш ти Исто и мерките не се со грама туку се мери со малине шољи за кафе. Лесно и брзо се прават. 1. Прсти слатко од фстци(прсти затоа што формата треба да им е како прсти, моите малку подебели искочија ) 200 грама путер(собна температура) 1 јајце 1 шоља за кафе шеќер во прав 1 шоља за кафе гриз 1 прашак за пециво 1 шоља за кафе мелени фстци 3-3.5 чаши за вода брашно 1 шоља за кафе пире од спанаќ(ова се додава за боја но и не мора да се стави ако не сакаш слаткото да ти биде зелено. Пирето се прави така што се вари спанаќ со малку вода и капак, па се цеди убаво да не остане вода и потоа се сецка на ситно. Јас со лажица го дозгмечив) ШЕРБЕТ 3.5 чаши за вода шеќер 4 чаши вода и малку лимун(накај 2-3 супени лажици) Лимонот се додава кога ќе почне да врие водата и одкако ќе се додаде лимонот се остава да проврие уште е 10 минути на тивок оган. Прво се прави шербетот и се остава да се излади. Прво се мешаат путерот, јајцето, спанаќот. Се додава шеќерот, пецивото, фстците и се додава постепено брашно за да се добие мека смеса која што не се лепи за раце. Брашно мислам дека јас и помалку ставив. Потоа се оформуваат во вид на прсти со тоа што се зима тесто колку големина на орев. Имај во предвид дека од прашагот за пециво ќе ти нараснат затоа направи ги потенки Се пече на претходно загреана рерна на 180 степени околу 20 минути. Но и тоа зависи од релната, моите се испекоа за 13-14 минути. Затоа внимавај да не прегорат. Одкако ќе се извадат од рерна се полеваат во шербстот(јас наопаку ги натопив. Одкако се изладија ги свртев со лице нагоре) Внимателно зошто многу се меки и се ронат, затоа треба да остојат во фрижидер најмалку 4-5 часа за малку да се стврднат. 2. Чоколадни гурабии 125 грама путер 1 јајце 1 шоља за кафе зејтин 3 супени лажици какао 1 прашак за пециво 1 шоља за кафе шеќер 3-3.5 чаши брашно 1 чоколадо(за готвење или обично) Фстци ШЕРБЕТ 1 чаша вода 1 чаша шеќер Шербетот се вари и се остава да се излади. Се меша путер, зејтин и какаото. Се додавапрашак за пециво и постепено се додава брашното. Исто како и кај претходното благо треба да се добие мека смеса која што нема да се лепи за раце додека се меси. Може и помалку брашно ќе треба. Се оформуваат топчиња(колку големина на орев) и се печат на претходно загреана рерна на 170 степени околку 15-20 мин. Повторно зависи од рерната. Ќе ги проверуваш почесто да не прегорат. Одкако ќе се испечат се потопуваат во шербетот (една по една) по 10 секунти. Одкако ќе се изладат(може и одма) горниот дел се потопува во стопено чоколадо. Јас не ги изладив и меки ми беа затоа со лажица горниот дел го премачкував со чоколадо. Одозгора се става мелени фстци. Јас ги правев прв пат и не знаев како ќе ми испаднат затоа од двете врсти направив по пола доза. Но се каам сега, превкусни се, се изедоа сите Ако нешто не е јасно слободно прашај ме во лп. Позз
Чоколаден шајм со суво овошје. Состојки: Пандишпан: 10 белки 250гр шеќер во прав 150гр сецкани суви урми 150гр сецкани ореви 150гр мелени смокви 2 лажици брашно Фил: 10 жолчки 350гр шеќер во прав 150гр чоколада за готвење 150гр млечна чоколада 250гр маргарин 150гр шеќер во прав 10 белки се матат во цврст снег. Се додава шеќерот и се мати уште 10 минути додека се добие сјаен шам. Полека со лажица се додава овошјето претходно измешано со брашното и пецивото и се пече на хартија 60 минути на 160 степени. Оладена кората се сече на три ленти по должина. фил 10 жолчки се матат со шеќерот додека се добие пенаста маса и се става смесата на пареа. Се продолжува со матењето додека се згусне и на крај се додава чоколадата искршена на парчиња. Се меша и се трга настрана да се олади. Кон оладениот фил се додава изматениот маргарин со 150гр шеќер. Се соединува филот и се филуваат лентите. Одозгора може рендана чоколада или чоколаден прелив. Јака торта и доста блага. Ова е оригиналниот рецепт, но бидејки тортата постанува исклучително преблага со оваа грамажа на шеќер јас ставив сосема малку во пандишпанот и филот, (околу 50 тина грама само) да би ставила волку шеќер дефинитивно не би можела да ја консумирам бидејки е преблаго нешто со оглед на тоа дека плус урмите и чоколадите се благи. Наместо ореви ставив по 400 гр од урми и 400 гр смокви, 200 во пандишпан а 200 во фил, но премногу е . Многу е вкусна.
400 грама бисквити 3 банани 100 грама чоколадо за готвење Бисквитите треба да бидат ситно искшени,бананите се пасираат и се мешаат заедно со бисквитите,се прави смеса и од смесата бомбици,се валкаат во топено чоколадно, и се ставаат во фрижидер од 1 до 2 часа
http://moirecepti.mk/?s=Трилече овој го имам правено, ама без млеко во прав неможев да најдам па ставив повеќе млеко и хопла
6 јајца се матат со 10 лажици шеќер, посебно белките посебно жолчките и се соединуваат,па се додава 6 лажици брашно и пола пециво..Се пече на хартија во плех со средна големина но подлабок да е или тепсивче бр.32. Се ваѓа , се превртува и се подоладува.Настрана се мешаат 1 л. млеко (со поголема масленост,јас алпско ставам),1\2л. хопла и 300 мл кондензирано млеко(овај пат не ставив,ме мрзеше да одам до кам маркет).Пола од смесата се става во плехот или тепсијата па се враќа испечениот пандишпан и се полева со останатата смеса од млека.Најзгора се мачка со карамел прелив.Најубав ми е од Ким. Јас го имам овој рецепт,досега убаво испаѓало.
Повели За 7 ќофтиња ми требаа: 1 поголема тиквица убаво изрендана и исцедена 5 супени лажици пченкарно брашно,5 супени лажици обично бело брашно 1 супена лажица вегета 5 супени лажици зејтин Лук по вкус,во моите имаше едно чешне (или како и да се викаше,едно такво малечко од цела главица ) Ова се меси и се формираат ќофтиња.Се ставаат на хартија за печење и се печат во загреана рерна на 200 додека да поцрвенат одозгора,20-тина минути.
@Winter Lady 2 пачетчиња од по 200 гр. плазма бисквити 1 големо пакетче мали кроасани 4 пудинзи од ванила 100гр. чоколадо 1 мала хопла 1 литар млеко 1 коцка маргарин Еурокрем Пудинзите се варат со млекото, му се додава маргарино и се мешаат заедно. Се дели на два дела, во едниот дел му се додава стопено чоколадото. 1 ред: плазма бисквити потопени во млеко 2 ред: чоколаден фил 3 ред: кроасаните сечени на половина се редат исто така потопени во млеко 4 ред: жолт фил 5 ред: еурокрем се мачка над филот жолт 6 ред: пак плазма бисквити и одозгора се премачкува со хоплата.
@elimkd јас правам сос од печурки и ги полнам. Дршките од печурките ги ставам во блендер со маслиново и малку вода. Одбашка запржувам, кромид, лук , морков и магдонос и им ја додавам смесата од блендерот. Ги полнам со сосот и одозгора им ставам кашкавал, ако имам
Грл знам дека рецептот ти има година дена но јас се заљубив во него ако сеуште му се сеќаваш да ми го кажеш те молам?!
Tortata e na cameo,paketceto si ima se vnatre samo jas gi mesav so mikser(kremata) i biskvitot so margarin. Mislam deka nema vakva ista vo mak ama imase porano edni na dr oetker ama bas torta od limon mislam ne. Ova e od italia,dosta im e viskoa cenata ama e omilena na mm pa nekogas ja kupuvam.