@referentka Неможев лп да ти пишам дај отклучи се 300 мл млеко 2 жолчки 1 квасец 1 голема лажица сол 150 мл зејтин 2-3 средни компири сварени и пасирани 1 лажица вегета Брашно по потреба да се замеси За поубаво да нема грутки од компирот можеш со зејтинот да го испасираш со миксер. После јас ги почнам со мајонез павлака шунка, кашкавал и кисели краставички.
@referentka Мер лошо ќе ти дојде.. Што ноже да ти направат преку пораки само да си лаат Тестото се замесува се остава околу пола час да покиснат и се сукаат пирошките. Нема да се покаеш и после во белка од јајце се валкаат и во јајце. Може два плеха да ти излезат јас ги редам во плех и додека ги осукам другите и ако е топло гледам да не почнат да прекиснуваат па ги ставам во замрзнувач 15-20 минути. Ама не верувам да се растечат и да не ги ставиш не е топло сега многу Чекам сликО па и некоја пирошка
@Minnie 1 може рецепт за мафинкиве? Колку на број излегуваат од конкретнава смеса? И какви чоколадца се срценцата на врвот?
Секако дека може Торта со кокос За корите: 6 јајца 100гр кокос 24 големи лажици брашно 24 големи лажици вода или млеко(мојата со млеко е) 7големи лажици зејтин пециво За фил: 250гр шеќер хопла 500мл 1кг млеко 2 пудинга од ванила ПОДГОТОВКА: Јајцата и 24 лажици шеќер се матат убаво додека не се стопи убаво шеќерот. После се додава се останато за корите и се мати убаво. Од таа смеса се печат две теста и се сечат на пола за да искочат 4. Додека се печат тестата се прави шербет,затоа што корите се потврди и посуви од кокосот. И се потопуваат со ладниот шербетот,но да не се става премногу шербет да не омекнат многу. После се прави филот,шеќерот се става на шпорет да се стопи како карамела,потоа во него се додава млекото и двата пудинга и се меша.Откако ќе се тргне од оган,се остава да се олади. Хоплата се мати,па откако ќе се олади се меша во оладената смеса и со тоа се премачкуваат сите 4 кори,кои претходно се потопени со малку шербет.
Извини што задоцнив некој ден. Еве го рецептот за хумус: 250 гр. леблебија се вари 1-2 часа, дури убаво да омекне. Се цеди (зачувајте ја водата), ако има лушпа, се лупи. Се блендира со: 4 лажици таан, сок од 1-2 лимонa (по вкус), 2 чешниња лук, пола чаша маслинов зејтин (може и повеќе, го впива целиот колку и да ставите), 1-2 мали лажичиња мелен ким и сол по вкус (1/2-1 мало лажиче). Убаво се блендира додека се добие пенеста кремаста структура. По потреба се додава од водата во која се варела леблебијата. Хумусот треба да биде со густина помала од саканата, затоа што со стоење во фрижидер се згуснува. Пред служење, да постои во фрижидер барем еден саат. Ова е основниот рецепт кој е флексибилен, т.е. се прилагодува по вкус, јас на пример го сакам покисел па ставам два-три лимона, може да биде и без ким ако не ви се допаѓа вкусот, итн. Се служи попрскан со маслинов зејтин, се декорира со црвен пипер и магданос. Хумусот е без глутен. Спојлер камерата ми е тапа, па и сликата, еве неколку слики од интернет.
Фала ти многу, многу го сакам и баш би сакала дома да го пробам, сосема лесно изледа. Само каде купуваш таан?
Има по поголемиве маркети, обично стои кај што стои мед, алва, слатко и сл. Минатата недела го купив од Веро, мало тегличе е 119 денари.
Да. Само случајот може да е обратен - не против дијареја, туку за да добиеш можеш да јадеш во големи количини. Туку @LollySky, ова треба со жива леблебија да се прави, нели? Ја вариш, или купуваш од оние во тегличка. Мајка ми ме убедува дека може и со печена, се имаме расправано за ова сто пати, ама уште не собрала храброст да направи (ќе ја подварела бе ) па да и’ е џабе трудот и да и’ кажам 'ти реков'. Ај дај ми аргумент.
@anaja1 , не сум забележала такво нешто. Изгледа се балансираат со маслиновиот зејтин кој знае да делува лаксативно во поголеми количини @LivingGlam , со каква стигнам леблебија правам, сум правела и со жива, и со печена, па и со двојно печена, а од тегличка не сум пробала. Секако е превкусно. Многу е лесен хумусот за правење, мислам дека скоро и нема шанси да утнете.
Ух, значи таа била во право Сум правела со такво од тегличка, најбрзо е и супер излегува, ама скапа варијанта е.
Некоја верзија на гвакамоле е. Испасирав едно авокадо, од око му додадов исецкан црвен кромид, магдонос, лимонов сок, малце маслиново масло, сол и црн бибер.
@kjukli Таан јас дома си правам т.е tahini paste, поевтино е дома да си направиш. Пропржуваш сусам колку што планираш да правиш, околу 3-4 мин. ке пазиш да не ти изгори. И во сецко се мели, ќе му додаваш по 1 лажица масло се додека не добиеш глатка смеса. И во тегле во фрижидер можеш да го чуваш околу 1 месец. http://www.inspiredtaste.net/26901/easy-tahini-recipe/
Можи, нема многу работа на нив за 15 минути се припремаат. Земаш три или пет банани, да не бидат ептен зрели и меки туку потврди, ги лупиш и ги сецкаш на покрупни парченца. Ја топиш чоколадата за готвење на тивок оган. Потоа ја ставаш во длабок сад или чиниче и ги потопуваш бананите целосно, ги ставаш на чиниче и ги посипуваш со сецкани ореви. Така спремени ги клаваш во фрижидер да се стегнат малку, да оладат. За пола час ќе биди убаво изладена чоколадата врз нив и ќе можиш да си касниш.