@Val-Dim ќе ми го кажеш ли рецептот за салцата,многу сакам убаво доматно салце,ама не сум спремала до сега,сакам да се обидам сама
@azelea рецепт за салца немам!!! Се прави многу едноставно... Убави, зрели домари се мијат, лупат и мелат на машинка која им ги вади семките и остатоците од лушпа. Потоа доматите се варат до саканата густина. Пред крај на варењето додавам шеќер, 100-200гр зависно од количината домати, посолувам по вкус и додавам сецкан магдонос. Се собира топло во шишиња и се „складира“ на ладно и темно место... Пробај да направиш, превкусно е во зима, го задржува убавиот вкус на летните домати!!!
јас ставам пола кг свинско пола кг пилешко пола кг печерки неколку моркови и сос од домати месо не мора баш такво, по твој избор можеш било какво, можеш и пушено месо, и количчината не мора да е таа, колку сакаш толку се става, на крај се става сос од домати, да се залее убаво месото и печурките се пржат малку колку да фатат боја, се ставаат во грнето, се додава морков и сосот од домати и саат и пол се пече на 250 степени, покриено. Послето се разбуричкува со лажица и се става лажица брашно, се посолува низ цела површина да се упие мрсното, наредните пола саат се пребуричкува на секои 10мин сос можиш томатело да ставиш или да изблендираш домати
Не додавам ни салицил, ни конзерванс... Ништо!!! Шеќерот е природен конзерванс!!! На овој начин ја правам салцата со години и никогаш не се расипала!!! Само ке напоменам... шишињата и тапите треба да се беспрекорно чисти!!!
Сендвичи од црн патлиџан Црниот патлиџан се сече на тенко, се става на хартија, се посолува и остава да одстои малку. Течноста што ја пушта се собира со хартија. На едно парче црн патлиџан се става моцарела, може да се истапка со прст да добие форма на црниот патлиџан. Од горе сувомеснато, што имаш, јас ставив пршута, па уште едно парче патлиџан. Благо се притиска со прсти да не се растура. Се панира, прво во брашно, па јајце и презла и уште еднаш во јајце и презла. Се остава во фрижидер половина час и се пржи. Брзо и лесно. Спојлер: Слика Еве, повели рецепт @referentka
Seske, vo temana +40 vidov nekakvi kompiri imase staveno, mi se dopadnaa ama nemozam da gi najdam mislenjata sega da vidam kako tocno si gi pravela a sakam za vecera da gi pravam. Te molam kazi mi recept. E sega temava e za recepti od femina instagram ama aj prosteno e deka ne bese slikata tamu @Sesil
кукле на електрична тава ги правам, ја мачкам со маргарин, ги сечам на кругчиња, ги редам на неа, и ги посолувам со сол одозгора... во текот на печењето ставам уште 1-2 по малце маргарин низ нив оти така се помеки, по желба можиш било каков зачин да им стаиш, сусам, ким, што сакаш тоа ако немаш електрична тава можеш и на обична тефлонска.
Еве го линкот, ако некој има проблем со мерките на хрватски, нека пише Спојлер: Торта од праски http://recipeci.com/jednostavna-torta-s-breskvama/8034/