Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    Decki, a recept za mnoooogu ubavo testo za pastarmajlii??
     
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.901
    Допаѓања:
    45.274
    Пол:
    Женски
    Рецепт за лиснатото

    Едно пакетче лиснати кори(свежи)
    2 банани
    крем само црн(јас користев финети мислам се вика)
    темно чоколадо со голем процент какао
    путер
    јајце

    Се сечат корите на дебели ленти најпрво. Потоа секое парче ленти се двојат на три дела(да има уствари неколку кори лиснати на купче. Се премачкуваат со крем надожно и се реди банана исечена на кругче или лента како милувате и се става рендано чоколадо, тоа на крајот и на косо се редат и внимателно се прави триаголник, така што неколкупати се замотува тестото. Одозгора се мачка со размаетено јајце, растопен путер и се посолува со ванилин шеќер. Се пече 15тина мин на 150 или повеќе зависи колку ви е јака рерната. Додека не порумени одозгоре и се служи. И првите 5 мин не се јаде оти кремот е опасно врел.:D
    Screenshot_2016-10-06-20-11-55-1.png
     
    На manako1, Summerlover, koritsaki и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    5.491
    Пол:
    Женски
    @koritsaki рецепт за колачот со јаболки???
    @macka91 дај некој посен рецепт од колачињата... На пр бомбичките ( не рафаелото) :)
     
  4. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    @irena.1 Рецепт за вегетеријанските лазањи, ако може :D
     
  5. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.363
    Допаѓања:
    21.350
    Пол:
    Женски
    Многу едноставен. Се запржува кромид, па се додава морков, пиперка малку да омекнат. Потоа свежи печурки и тие малку да пропржат. Понатаму додаваш тиквица, модар патлиџан, црвен патлиџан и домашно салце. Пак малку да динстаат. Додаваш по малку и вода. На крај карфиол и блитва. Од зачини само сол и оригано ставив.
    Спремив бешамел сос.
    Се редат во тавче ред лазањи, ред од зеленчукот и бешамел сос. Најгоре завршуваш само со бешамел. Се пече во рерна околу 40 минути.
     
    На EMoonlight и Summerlover им се допаѓа ова.
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.909
    Допаѓања:
    108.110
    Пол:
    Женски

    Rubiii дури сега гледам дека си ме тагнала , повели

    http://tortekolaci.com/kolaci/kolac-sa-jabukama-i-cimetom-2
     
  7. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.625
    Допаѓања:
    15.732
    @Kitten кажи како ја направи тортата м? Ми се свиѓат такви ствари8)
     
  8. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.201
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам оваа последната.

    Тестенцето доле е направено од кршен пандишпањ (купечки), наполнив едно цело длабоко садче за матење. За да се соедини направив и класика фил за торти:
    -5 жолчки матени со 5лаж. шеќер, па се додава 200мл млеко, 5 лажици густин, лажица брашно и 1 ванилин шеќер. Цела оваа смеса се додава во претходно вжештено млеко на рингла (400мл) и мешаме со жица додека не згусне. На крај го тргаме од рингла и додаваме 100г путер.
    Откако ќе се олади смесава ја истураме во пандишањот и соединуваме со мешање со лажица. Го истурив во калапче за торта со обрач и го ставив во фрижидее да се стегне малку.
    - Горниот слој е направен од пудинг од ванила сварен во 300мл млеко, шеќер по желба (јас ставив 4 лажици), и откако е сварен додадов лажица путер.
    - врз тестенцето прво нафрлив замрзнати малини и вишни и преку нив го истурив пудингот. И пак назад во фрижидер :)

    Мене не ми излезе убаво бидејќи филот додека беше врел го истурив врз пандишпањот и целиот се раскашави и распадна, како да сум го правела со мелени бисквити. Значи почекај да се олади филот, сум правела и друг пат, поубаво искача така. Нас ни се брзаше да јадеме :lol:
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  9. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
  10. Irreplaceablee

    Irreplaceablee Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2016
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    10.378
    Пол:
    Женски

    Во 1л млеко се става 400гр шеќер додека се растопи.
    Посебно се матат 4кесички желатин со 20лажици ладна вода и се ставаат во топлото млеко, се меша и се чека да се олади. Потоа се става во фрижидер и повремено се меша. Околу 10мин. (смесата изгледа како пача, буквално)
    Во оладената смеса се ставаат 500гр шлаг во прав и се мати додека не се згусне.
    Се сецкаат 20 крем банани ситно и се додаваат во смесата.
    Јас купив готов пандишпан од винчини и го исеков во форма на срце. Ред пандишпан ред смеса, уште еден пандишпан и пак смеса. Растопив чоколадо и ја прелив тортата и од горе ставив многу мрвици и тадааам. :$:$:$ уште да отстои некое време во фрижидер и спремна е за јадење.
    И да не заборавам да напоменам, ја правев пола доза. Значи пола од ова горе. :D
    Многу е лесна и брза, и смесата испаѓа како манчмалоу. :inlove: _20161012_123041.JPG
     
    На victoria7, Bridget, galapce и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.133
    Допаѓања:
    91.454
    Пол:
    Женски
    @Ane-Goki1 рецепт за модриот патлиџан во тегло,ако може :)
     
  12. Pcelka94

    Pcelka94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2015
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    4.390
    Пол:
    Женски
    Ајде дaвaјте рецепти зa штрудлите и преубaвoтo лебче сo лукче @ph.orhideja и @Shelea :)
     
  13. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Модриот патлиџан се лупи или пак не кој како сака,потоа се пржи.
    Во големи тегли се става некаде 150мл оцет со 1-2 големи неполни лажици шеќер(во зависност од тоа дали сакате покисело или не) и една лажица сол и во него се реди ред патлиџани па врз нив магдонос и сечкано лукче и се така додека не се наполни теглата.
    @Minnie 1
     
    На Annath, Viktorijaaa5 и Пчела им се допаѓа ова.
  14. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    @duffi

    Имево чоколадна фантазија сама си го измислив

    За тестото.
    5 јајца
    100 гр. шеќер
    1 чоколадо
    повеќе од пола путер
    4 лажици брашно
    1 пециво
    Жолчките се матат со шеќерот. Во друг сад се меша чоколадото (стопено, подизладено) со путерот, брашното и пецивото. И во трет сад се матат белките. После се мешаат сите и се става да се печи 15-20 мин на 250 степени.

    Дури се печи во тенџере се истура 1 литар хопла да се вари на тивко не да врие и во неа се кршат 400 гр чоколадо да се стопи.
    Тестото се дупи со виљушка и на него се истура хоплата и се става во фрижидер да се здрви
     
    На EMoonlight, only44you и Пчела им се допаѓа ова.
  15. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Потребно е околу еден и пол килограм јаболка(од прилика ова) и половина килограм кори.
    Јаболките се лупат и се рендаат.
    Потоа,филот од рендани јаболка се става врз корите на следниов начин:Земате една кора и ја попрскувате со неколку капки зејтин,врз неа уште една кора и таа се прска со зејтин и на крај третата кора на која се ставаат ренданите јаболки(хоризонтално се редат).Низ должината на (филот) јаболките се става малку(од прилика едно мало лажиче) гриз,малку ванилин шеќер и цимет.И се витка како ролат.Истата постапка се повторува додека не се потрошат корите.Се редат во плех од рерна и врз нив се става малку путер или маргарин.
    Се пече околу половина час до 40 мин,додека да зацрвени.
    Се сече на парчиња и се наросува со шеќер во прав.
     
    На Annath, Pcelka94 и joy1 им се допаѓа ова.
  16. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.241
    Допаѓања:
    50.828
    Пол:
    Женски
    @Winter Lady

    200 мл млеко
    200 мл јогурт
    1 јајце
    70 мл масло
    1 квасец
    1,5 лажиче шеќер
    1 лажиче сол
    850-950гр брашно
    маргарин

    Всушност рецептот е за кифли.
    Од сите состојки се меси тесто, се умесува добро и се става да стаса. Од како ке стаса се прават топчиња и се виткаат кифли, потоа кифлата се сече на средина и вертикално се реди во плех, стaвете мали парчиња маргарин пред печење така ке биде помека.Може и обични кифли да се направат, вака изгледа подекоративно, не ставав ништо во нив, само ги поросив со шеќер во прав. Може да се премачка и со јајца и со сусам по желба.

    Инаку ептен е меко и вкусно, се топат во уста :)

    received_1342423682442754.jpeg
     
    На Acka22, joy1, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.851
    Допаѓања:
    202.953
    Пол:
    Женски
    Чoкoлaден бaкнеж е oвa. И јaс сум гo прaвелa :D
    Не зaбoрaвaј дa спoмнеш, пaндишпaнoт требa дa е врел кoгa се преливa сo гaнaшoт, кoј истo е врел.
     
    На EMoonlight, anaja1, donna.17 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.971
    @LivingGlam Палачинките се правени од мм, јас кога ги правам потенки се, плус јас правам со чаши или од
    ок. Тој вели -300 грама брашно, 3 јајца, 300 мл млеко, 200 мл вода (може и кисела ама тој ставил обична), 2 лажици зејтин и малку сол.
     
    На Antebellum, joy1, Viktorijaaa5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.269
    Допаѓања:
    57.120
    Пол:
    Женски
    @Bridget фала. Таа знам со квасец ги правеше, не се такви ама баш така изгледаат. :inlove:

    @Antebellum
    Најдов еден рецепт на интернет, ама не е испробан. Овде многу квасец ми изгледа, не знам искрено дали беа вакви на баба ми, ама пробај па кажи. :D

    Овде вели вака:
    2 чаши млеко
    Прстофат сол
    10 гр сув квасец
    2 кафени лажички шеќер
    1 лажица путер (растопен, но не врел)
    250 гр брашно
    Пола чаша вода
    1 јајце

    Квасецот се зафаќа со топлата вода, половина од шеќерот и половина од брашното. Оставаш да нарасне.

    Жолчките се матат со остатокот од шеќерот и солта. Се додава тестото, се меша. Се додава путерот и остатокот од брашното. Пак се меша. Се додава топло млеко, чаша по чаша. Се остава пак да нарасне.

    Се матат белките, па се меша нежно со другата смеса. Пак треба 20-тина минутки да стои смесата, потоа ги печеш ко обични палачинки. Најубави се со кисела павлака или некоја крем салата.

    Вака би изгледале
    [​IMG]

    ... Да јадев, уште одма ќе ги правев. Ама на човеков не знам дали ќе му се допаднат, па ќе го чекам брат ми за да го изненадам. :) Aко ги бидне, можда и во ФИ ќе одат, па мислењево нема да ми е оф топик. :$
     
    Последна измена: 16 октомври 2016
    На Bridget, Viktorijaaa5 и Antebellum им се допаѓа ова.
  20. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    @sanjaeva Сањич, рецепт ако може за крофничките или што и да се :D Благодарам однапред! Лиги течат од сликата!
     
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.