Спојлер Znaev deka nesto zaboraviv. Za fil/krem 500 ml mleko 200 ml seker 2 jajca 4 golemi lazici niseste 50 gr puter 2 paketcinja vanilen seker 4 golemi lazici maskarpone Winter, mislam deka bese od Kavadarci. Od dakomak go kupiv kalapot. 100 denari e.
Рафаелки 1/2 л. млеко 15 лажици шеќер 10 лажици густин 1 маргарин 200 грама кокос 2 ванили 200 грама лешници 100 грама кокос (за да се извалкаат бомбиците) Густинот и шеќерот се мешаат. Млекото се става да заврие и се тргнува настрана. Се додава смесата. Се вари да згусне и се остава да се излади. Кога е ладна се додава претходно изработениот маргарин и кокос. Со мокри раце се прават топчиња. Внатре се става лешник и се валкаат во кокос. @lovely97
@ines.h Рецептот е на @Babushka , таа победи на темата за Чизкејк и баш го имаше рецептот на темиве , еве го ставиле и на страната на фемина Разликата е само што јас место обични бисквити ставив орео бисквити , тој белиот дел внатре го одделив и го ставив во смесата со нутелата , маскарпонето и крем сирењето http://www.femina.mk/рецепти/ваши-рецепти/највкусниот-десерт-без-печење-нутела-чизкејк
Nena, sakav da te prasam recept za kolacinjava,, ama slucajno naletav vo +\- 40 bas na nekoj recept so go imase pisano ti, cinam za ovie bese receptot, taka? So kafe...
Теа торта. Кора: 8 белки 8 лаж.шеќер 8 лаж.брашно 8 лаж.зејтин 1 пециво 1 лаж.оцет 100гр.сецкано чоколадо 1лаж.какао Се матат белките со шеќерот и оцетот во цврст шајм. Се додаваат брашното, зејтинот, пецивото, чоколадото и какото. Се пече на 180 степени 20 минути. Фил: 8 жолчки 12 лаж.брашно 700 мл.млеко 200 гр.чоколадо 4 лаж.крем 4 лаж.несквик 1 маргарин 100 гр.прав шеќер Жочките и брашното се радтвораат во 200 мл.млеко остатокот се става во тенџере на оган на зоврие кога зоврие се додаваат и се вари густ крем. Во сеуште топлиот крем се става чоколадата несквикот и кремот се меша да се спојат состојките и се остава да се излади. На страна се мати маргаринот со шеќерот и се соедунува со кремот. Се филува кора, фил, кора, фил, кора фил и одозгора декорација по желба.
Од видеото е рецептот за начос сосот. На кратко: се става масло на загреана тава, па брашно, и од кога ќе се измешаат се додава млекото и се меша за да се добие смеса без грутки. И на крај се додава кашкавалот и може некој зачин по желба. (Количината на состојкиве се од видеото превземени) Слична е постапката како за бешамел сос. Пилешките прсти се печени на хартија. Иначе, се прават на стандарден начин за поховање, само разликата е 30% презла со 70% издробен корнфлекс, но не на многу ситни парчиња и се тоа се меша заедно со сол, буковец, бибер, куркума и други зачини по желба.
Солен ролат 6Јајца се матат со малку сол,откако ќе се изматат убаво се додава 6 лажици брашно и 1пециво околу 300 гр варен спанаќ колку да добие на боја,спанаќот претходно ситно исечкан.Јас немав спанаќ во моментот па додадов блитва ама исто е бојата е важна Во плех на мрсна хартија ја печеш кората и откако ќе биде готова веднаш ја мотиш во вид на ролат и оставаш да се излади за да ја добие формата и да не ти се крши. Фил: павлака,шумка,кашкавал Јас правев уште 2 кори за да бидат разна боја во едната има 2лажички мак,а во другата 2лажички црвен пипер и малку кари. Филот си го оравиш по своја желба,дали со кајмак,зденка,кулен,чајна што имаш во фрижидер тоа Бомбиците се мн лесни Од најмалата хопла 250гр мислам дека е ја матиш, во неа додаваш екстракт од ванила и кршени наполитанки од ванила,пола маргарин изматен со пола шеќер во прав и лешници ја соединуваш убаво смесата и обликуваш бомбици и тоа е тоа. Се надевам убаво објаснив
@EMoonlight Рецептот за чоколадниот колач со банани и лешници Состојки: - 2 јајца - 400гр шеќер - 245гр брашно - 240мл топла вода - 120мл млеко - 120мл масло за јадење - 75гр какао - 2 банани - 50гр крупно сечкани лешници - 1 ипол кафена лажичка прашок за печиво - 1 лажица екстракт од ванила - пола кафена лажичка сода бикарбона Јајцата се кршат и се матат со шеќерот додека да се растопи. Се додаваат какао, брашно, млеко, вода, печиво, сода бикарбона, и маслото. Се матат да се спојат. Бананите се лупат и се ставаат во блендер. Се додаваат на смесата и на крај лешниците се додаваат. Се меша со лопатка и се нанесува на намрсена и набрашнета тркалезна тава бр. 28. Се пече 40 мин на 180 и се вади. Се остава да се излади и се служи. Јас направив пола доза и го печев во тавче бр. 24. Ептен е лесен и вкусен. Се топи во уста.
@Winter Lady Рибата е Скуша. На две риби истискав лимонов сок два лимона,маслиново масло,мешан зачин,сол. Врз хаетија за печење ги полив со ова и на страната едно гранче рузмарин. колку да поприма мирис. Покрив со фолија и печев околу еден час,потоа извадив фолија и печев уште дваесетина минути. Кога се готови,течноста ја прецадувам и со неа ја поливам рибата. Изгледа суво ама е многу мека и сочна.