Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. One.Moment

    One.Moment Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    3.545
    Пол:
    Женски
    Рецепт ? :D
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.894
    Допаѓања:
    89.415
    Пол:
    Женски
    Предлагам @Serafima што и да објави во Фемина инстаграм,директно и овде да пишува рецепт :lol:
     
    На simoncelicius, Natali.3, sweet10 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    И јас предлагам рецептите и се чиста 10 - ка .
     
    На sweet10 и Serafima им се допаѓа ова.
  4. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.271
    Крофни со банана и чоколадо (посни)

    Потребно: 200 гр. интегрално брашно, 200 гр. бело брашно, 2 малечки лаж. прашок за пециво, 3 пак. ванила шеќер, 3 лаж. шеќер, прстофат сол, рендана кора од лимон или портокал (јас ставив од портокал),1/2 малечко лажиче сув квасец, 3 банани, 2 лаж. масло, малку вода,
    Уште: 150 гр. чоколадо, масло за пржење.
    Подготовка: Бананите се стваат во блендер за убаво да се изблендираат или со вилушка се пасираат. Се мешаат сите состојки со лажица и се додава вода за да се добие некоја смеса која е прилично ни течна, ни тврда. Нешто вака
    Сликава не е моја, но само колку да ви кажам каква треба да биде смесата.
    IMG_4531.JPG

    Потоа се остава малку во фрижидер, некои 15 минути.
    Во меѓувреме чоколадото се сецка на малечки коцкички.
    Со помош на две малечки лажички се зема од смесата, се става во средината коцкичка чоколадо и убаво се покрива со тестото, за да не се гледа од никаде и да не се стопи во врелото масло. Маслото се става да се загрее, а потоа една по една крофните, со лажичките се спуштаат да се пржат.

    Забелешка: Кога ги правев кај мене целото брашно беше интегрално, но во рецептот ви го ставив пола-пола со бело, за да се почувствува оргиналниот вкус на бананата. Додека вака, ако ги правите целосно со интегрално брашно, самото брашно си има свој вкус и таа нота на вкус што ја дава бананата некако се гуши во целината. Или пак можете да ги правите целосно од бело брашно, тоа е по ваша желба и вкус (мислам дека тогаш би биле уште поубави).
    Во рецептот кој го гледав немаше ни квасец, ни ванила шеќер, ни чоколадо, но во оваа целина совршено се вклопија, станаа меки и воздушести и изобилуваа со вкус и мирис :).

    Picture2598.jpg


    п.с. Прифаќам, ќе ставам рецепти, ама под услов и да видам што сте направиле и вие од нив :makeup:.
    Инаку не се прифаќа :P. Да се разбереме8):D!!!
     
    На Natali.3, MADO, ivancekitty и 15 други им се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.167
    Допаѓања:
    102.141
    Пол:
    Женски
    Јас овие ќе ги направам во Четврток ;) Сега засега ќе ја испочитувам диетата :)
     
    На sweet10 и Serafima им се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.167
    Допаѓања:
    102.141
    Пол:
    Женски
  7. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    1.463
    https://moirecepti.mk/post/берлинци/
    Еве го, истиот е, само што јас месев со рака. И внимавајте убаво размесете ја кората да не ви испаднат многу дебели. Јас морав малку повеќе да ги пржам.
     
    На joy1 и girl-miri им се допаѓа ова.
  9. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    10.195
    На rainbowec и Emy867 им се допаѓа ова.
  10. Heart *21*

    Heart *21* Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2015
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Сникерс торта

    Потребни состојки:

    – 200 гр несолени кикирики

    – 10 белки

    – 10 лажици шеќер

    – 5 лажици брашно

    – 200 гр мелени кикирики

    – Половина кесичка прашок за пециво

    За кремот:

    – 10 жолчки

    – 1 јајце

    – 200 гр шеќер

    – 100 гр чоколада

    – 1 пакување маргарин

    За глазурата:

    – 100 гр чоколада

    – 100 гр маргарин

    Подготовка:

    Изматете 10 белки со 10 лажици шеќер, па на крајот додадете 5 лажици брашно, 200 гр мелени кикирики и пециво. Убаво измешајте со лажица и сипете ја смесата во плех. Печете на 150 степени.

    Направете крем од 10 жолчки и едно јајце, 200 гр шеќер, 100 гр шоколада и на крајот од матењето ставете го и маргаринот.

    Бисквитот најпрво посипете го со сецканите кикирики, па ставете го кремот и на крајот сипете ја глазурата.
     

    Прикачени фајлови:

    • DSCN4060.JPG
      DSCN4060.JPG
      Големина на фајлот:
      262,2 KB
      Прегледи:
      65
  11. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.271
    Најпрво да си го надополнам претходниот рецепт, што сум изоставила.
    Дека на крај на крофните им се става шеќер во прав. Многу битен и заборавен детал.
    Се извинувам :$.

    Интегрални крекери

    Потребно: 500 гр. интегрално брашно, 100 гр. лен, 100 гр. сусам, 100 гр, сончоглед, 50 гр. сецкани семки од тиква, 1 малечка лаж. сол, прстофат шеќер, 2 лаж. прашок за пециво, 100мл. масло, вода за замесување.
    Подготовка: Се замсува тестото и се остава 5 минути да одмори. Потоа се размесува, се развлекува со оклагија и се вадат посакуваните форми, со калапче, чаша... што било. Се редат на плех со мрсна хартија и се печат 15-20 минути на 180 степени, додека заруменат.

    Picture2606.jpg
     
    На Natali.3, ivancekitty, pamelche и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.437
    Допаѓања:
    96.493
    @rainbowec абе уште ли да ја гледам сликата разлигавена цела, давај писмото за колачот со јаболка и ванила да го сплескам веќе еднаш и маќи да скратам:rofl:
     
    На Winter Lady и rainbowec им се допаѓа ова.
  13. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    810
    Допаѓања:
    5.126
    Пол:
    Женски
    @Giovanna @Emy867 еме ме малце каснам :)

    Состојки:
    4-5 лупени јаболка
    3-4 лажици мелени ореви
    малку ванилин шеќер

    За тесто:
    5 јајца
    5 лажици шеќер
    5 лажици брашно

    За крем:
    1/2 литар млеко
    2 пудинга од ванила
    5 лажици шеќер
    80 грама маргарин
    малку сок од лимон
    2 изматени шлага

    Тавче бр.40 се посипува со малку ванилин шеќер и малку обичен шеќер, потоа се редат претходно исечканите јаболка на кришки (тавчето треба да биде целосно покриено) и се ставаат во претходно загреана рерна на 200-250 степени и се печат околу 15 минути додека не омекнат.
    Во меѓувреме се подготвува тестото, се матат убаво јајцата со шеќерот па се додава брашното.
    Тестото се прелива врз испечените јаболка и повторно се враќа во рерна на 200 степени, се пече околу 15-20 минути (ќе си прверите со чечкалица дали е испечено).
    Кремот се прави на следниот начин: се вари пудингот и кога е сварен се додава маргаринот и убаво се меша да се соедини.
    Кога ќе се излади се додаваат 2та изматени шлага и малку лимон и се мати лабаво со миксер.
    Е сега е интересното :) изладеното тесто се превртува во друг плех да дојде тестото одоздола а јаболката одозгора, потоа се мачка со кремот а по желба врз кремот може да се стави и шлаг и малку мелени ореви за декорација.

    Bon Appetit!
     
    На Sfera, Annath, Giovanna и 2 други им се допаѓа ова.
  14. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Ептен ми се допаѓа рецептов и би сакала да ги пробам, но да си прашам преттоа, какви се кога ќе се испечат? Суви се или мекани како лепче? :) Малку глупо прашање ама правев едни и беа пресуви, па не сакам да се зезнам.. :lol:
     
    На sweet10 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
  16. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    982
    Допаѓања:
    17.165
    Пол:
    Женски
    Чудово ми е инспирација од кит кат тортите. :lol:
    [​IMG]
    Само што ставив околку обични чоколадни ролери, наместо кит кат, ѓавол и пол ќе испаднеше така тортава. Инаку внатре е најобична чоколадна, само што требаше уште еден слој од пандишпан и фил да ставам за да дојдеше рамно до горе со висината на ролерите...
    [​IMG]
    Но, како за првпат не беше лошо, нареден пат ќе експериментирам со овошна па ќе споделам и тоа. :)
     
    На Girl-Rabbit, barbiegirl.24, galapce и 2 други им се допаѓа ова.
  17. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    810
    Допаѓања:
    5.126
    Пол:
    Женски
    @Peppermint принцес крофните изгледаат примамливо!
    Давај рецепт! :sun:
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Фил
    3 жолчки, 8 лажици шеќер, 4 лажици брашно и еден пудинг од ванила се мешаат за да се добие хомогена смеса. Од еден литар млеко се одземаат неколку лажици и се додаваат во делот со жолчките. Кога ке се загрее остатокот од млекото до вриење (да не врие силно бидејќи ќе коагулираат жолчките) се додава смесата и се меша на тивок оган додека не згусне. Кога ќе се подолади филот се додава добро изматен снег од три белки. И се соединува.

    Е сега следи потешкиот дел :whew:
    Се зема една кеса готови крофни од Жито, се сечат и се филуваат. Одозгора шеќер во прав.
    Тестото на прв поглед е тврдо и круто , но после од филот омекнува и одлични се и практични.
     
    На rainbowec и t-sweet им се допаѓа ова.
  19. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    1.062
    @Katina007 Ќе може рецепт од тие слатките колачиња или што се :lol:,што си ги ставила денес :D
     
  20. Katina007

    Katina007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2014
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    358
    Пол:
    Женски
    Многу се лесни, треба 200 грама бело чоколадо и 200 грама млечно или темно, ако сакаш да ти излезат помалку земи по 100 грама. Во хартиени корпички за мафини нареди бадеми, лешници, брусници или друго суво овошје по желба и пола лажиче путер од кикирики. Стопи ги чоколадите посебно и истури од двете по малку во корпичките потоа остави ги колачињата да се стегнат. Јас ги правев со милка затоа што ми се по вкусни одколку со чоколада за готвење.