@Summerlover Ја уклучив релната да се загрее на околу 200 степени, исчистив тиквата и ја ставив да се потпекува околу 20 минути. Во меѓувреме го сварив оризот, ги сварив печурките а внатрешноста од тиквата ја испржив со мелено месо, зачини, шери домати и доматно пире. Потоа ја извадив тиквата, ја наполнив со смесата од предходно подготвените состојки а вишокот го ставив околу во тавата. Повторно се печеше околу половина час. Озгора ставив јајце. Ствар на вкус, може и кашкавал, нешто друго или ништо.
@tatjanasakalieva повели рецептот за араванијата 10 јајца 5 лажици шеќер 18 лажици гриз 2 лжици брашно 100гр. афион Се матат јајцата и шеќерот откако ке се изматат убаво се додаваат гризот брашното и афионо и се меша со дрвена лажица или маталка. Шербет 3 шолчиња шеќер 3 шолчиња вода кора од еден лимон се вари се заедно.
@Summerlover Повели. Состојки: - 2 филџани брашно - 1 филџан млеко - 1/2 филџан масло - 1 филџан кафен шеќер - 2 лажици џем по избор - 1 прашок за пециво - 3/4 лажици какао - 3 јаболки Начин на подготовка: Јаболките ги лупеме и ги рендаме. Сите состојки ги измешуваме, па ги додаваме и ренданите јаболки. Промешуваме неколку минути и потоа смесата ја иструраме во тава подмачкана со масло и посипана со брашно. Печете 40 минути на 180 степени. Жешкиот колач може да го прелиете со глазура од растопено чоколадо, како што и пишуваше во оргиналниот рецепт. Но јас изблендирав 4 лажици слатко од сливи со 2 лажици семки од сончоглед и 2 лажици ореви и декорирав со сезонско овошје.
@only44you Се работи за обичен пандишпан За големата тава од релна,врз хартија за печење,промешав 7 лаж.шекер,7 јајца,7 лаж брашно,едно пециво и еден ванилен шекер. На загреана рерна од 250 се пече десетина мин. Се вади со се хартија и се става од едната страна врз влажна крпа пс се одлепува хартијата. Се премачкува со каков сакаш мармалад,во случајов од смокви и се замотува. Добар апетит.
Nutella cheesecake 60гр растопен несолен путер 300гр Орео чололадца 600гр крем сирење несолено 500 гр нутела Глазура 100гр heavy cream (извини незнам по мк како се вика) 200гр нутела Прво се отстранува белиот фил од Орео чоколадца И се тропат бисквитите или може во бледер или пак во кеса да се стават и одозгора да се чукат да бидат убаво истрошени.Потоа се растопува питерот и се меша убаво со бисквитите од Орео. Се става во округол плех 24см се натапкува многу убаво со раце и со лажица на крај да биде мазно одозгора. Потоа се прави филот крем сирење се мати со миксер убаво па се додава нутела и (малце ванила по желба може)се мати све многу убаво.се става одозгора врз првиот дел и мазни одозгора со лажица да биде рамно. Се остава во замрзнувач најмалку 5саати јас ја оставам цела ноќ. После тоа ја правиш глзурата heavy cream го ставаш на шпорет на тивко и ја додаваш нутела и мешаш цело време да се стопи убаво и да нема грутки. Вадиш од фрижидер ставаш додека е топло од глазурата одозгора.Потоа враќаш назад уште најмалку еден саат да се стегне глазурата.
Кажи ми што точно те интересира? За тестото 1 Брашно манитоба 150 гр Сол по вкус Вода колку ти прибере И брашно топ 00 200 Тесто 2 Брашно 57 маргарин 250 гр Ги месиш одделно и потоа вака ги преклопуваш и сукаш . Кога ке ги расукаш и ке се соединат ја правиш долга танка кора и го виткаш како ролат а потоа ролатот го сечеш на тркалца и со палците внатре правиш вдлабнатина да се видат рабови. Ги ставаш во плех за печенје (ама внатре стави им топки од онаа сребрената фолија не се секавам како се викаше) печеш додека не поруменат ставаш сладолед и јадеш
@azelea јас ги правев со брусница, може и со суво грозје или јаткасти плодови како повеќе си сакате по дома http://www.coolinarika.com/recept/prhki-keksi-sa-brusnicama-i-zobenim-pahuljicama/
@fallenangel повели Куглоф со спанаќ 4 јајца 1.5 шолја брашно 1 шолја јогурт 1 филџанче масло 150-200гр. сирење/изварка 0.5кг спанаќ 1 пециво Шарен куглоф 5 јајца 1л. сол 1л. шеќер малку бибер 2 шолји брашно 1 шолја јогурт 1 филџанче масло 100-150гр. шунка 100-150гр. сирење/кашкавал 2-3 моркови магдонос по желба Се матат прво јајцата, па се додава маслото и јогуртот, потоа брашното и се останато. Се пече околу 30тина минути на 200 степени. Може во куглоф, но може и во обично плехче, мене овој пат ми беа за гости па затоа во куглоф.