Те молам за превод и рецепт. Ептен примамливо изгледа. Ова паста сфоља претпоставувам е истото тесто како од претходниот рецепт погоре.
Се зависи колкава количина сакаш, и ставаш : брашно, цимет, слатко од јагоди, млеко, прашок за печиво. И се се меша. Го сипуваш во тавче за печење намачкано со масло и се пече на 250степени. Повремено проверуваш со чепкалка кога е готово. И на крај шербет.
@VladeMila Со ајдамер и млад лук. Брзав па не го запржив лукот затоа е во ваква големина количина Фала ти многу, пробај па кажи импресии Иако мене со растителен кашкавал ми е највкусно Овој кашкавал се здрвува кога ќе се олади
@lovely97 Лавли ако може рецепт од Мерси Спојлер: Колач од јаболки и мармалад И @do-re-mi од ..нема имe Тенк ју Спојлер: Торта @macka91 Маца сакам да ја прашам, што е тоа жолтото што личи како кашкавал, но со нешто друго, што е сместено во чинијата десно, подолу, каде е ставен ролатот од спанаќ? Meрси на сите Спојлер: Слава
1 шолја минерална вода, пола шолја масло, 1 шолја шеќер, 2 шолји брашно, 3 рендани јаболки, 5 лажици мармалад, 50 гр ореви и 1 пециво. Шолјите треба да се од 250 мл. Сите состојки се стават во длабок сад и се мешат се додека смесата не се измеша убаво, и после се става во тавче и се печи на 180 степена. И доколку сакаш кога ќе се испече, можеш одозгора да му ставиш шеќер во прав.
@manako1 http://forum.femina.mk/threads/Фемина-Инстаграм.21134/page-495#post-3137914 За оваа тепсија за тестото ставам 1кг брашно тип 500 (малку оставаш на страна за на маса да ставиш додека сукаш) Пола кесичка сув квасец во прав 1 мала лажичка сол 1 мала лажичка шеќер Млака вода (количина по потреба) Ставаш во сад се ова што го набројав и вода по потреба да дојде тестото меко... не многу ама и да не е тврдо, не знам како да ти објаснам колку меко Оставаш 10-15 минути да постои покриено. Потоа го размесуваш повторно на маса со брашно наросена. Тестото го делиш на 8 еднакви парчиња. Секое парче го расукуваш малку. На 4 од нив ставаш маргарин и врз него ставаш уште едно расукано парче од тестото. Потоа земаш едно од тие две споени парчиња тесто и од него расукуваш тенка и голема кора, ја попрскуваш со зејтин. Од едната страна земаш дел од кората и ја преклопуваш скоро до пола, повторно попрскуваш со зејтин и ставаш од "мастравот" (во случајов кило ипол рендани компири, 2 изрендани кромиди, сол и бибер) Потоа од спротивната страна кората ја преклопуваш да ја преклопи и првата преклопена страна и исто ја попрскуваш со зејтин и ставаш мастрав. Веќе кората ти изгледа на долг правоаголник. Едната долга страна ја преклопуваш малку повеќе од пола и повторно попрскуваш со зејтин и ставаш мастрав. Остатокот од кората ја преклопуваш да ја покрие цела кора која е веќе со мастрав и веќе треба да изгледа на квадрат. Кората која веќе ти изгледа на квадрат или пликце ја ставам во тава премачкана со зејтин или маргарин. Истото го правиш и со останатите 3 парчиња споени кори. На крај ја сечеш на парчиња како сакаш ти и ја полеваш со стопен маргарин со малку зејтин. Ја сватиш да се пече.. Не знам на колку степени пошто јас ја печам на шпорет на дрва Не знам дали добро ти објаснив ама ако не ти е јасно нешто прашај ќе ти објаснам. Направи па чекам да се пофалиш во инста
@galapce @Dgirlll http://kuhinjica-mignone.blogspot.mk/2010/03/sweet-selection-svecani-sitni-kolaci.html Сите 4 врсти што се напишани ( е сега ние многу не се водиме по рецепти, знаеме и нешто друго да си ставиме) https://moirecepti.mk/post/бомбици-фереро-посно https://moirecepti.mk/post/бомбици-со-слатко-од-цреши ПС Ова се рецепти во тетратка запишани ( се е во скратена верзија затоа што и така се запишани) 1.Посни бомбици со маслинки 200гр брашно 200гр рендан кашкавал (посен) 1/2 маргарин. Сето ова се замесува, се прават топчиња и во среди се става маслинка и потоа се поросуваат со сусам. Се замрзнуваат и се печат 2.Посни бомбици солени 500гр компир 100гр маргарин 100гр кашкавал 200гр сусам малку сол и маслинки Компирот се вари како за пире, се додава маргаринот, капкавалот и сол. Се лади, се прават топчиња се става маслинка и се ваљаат во пржен сусам 3.Посен ролат 1 лист обланда се витка во влажна крпа Фил: Се мати 150 гр маргарин со 100гр посен мајонез, се додава 200 гр сецкани печурки,кисели краставици, 3 лажици пржен сусам и 340гр туна исцедена. Се мачка обландата и се става во фрижидер да се стегне. 4.Бели колачи посни Се мати посен шлаг со 1 лажица прав шеќер. Се става 100гр бело чоколадо рендано, 100гр мелени лешници и постепено се замесува со шлагот Да ги најдам и другите рецепти ќе ви ги пишам. Не замерајте ако има голтнато букви не проверував што сум напишала @Winter Lady Едно кесиче пудинг, соино млеко во прав и вода. Го вариш, кога ќе биде готово ставаш во чашка и одозгора му ставаш карамела (има готова карамела се продава во Веро,Рамстор итн). @Summerlover тоа е палента варена со маслинки. Калапчето се обложува со најлонска фолија. Па се истура палента, па ставаш маслинки (има сечени во Кам) и потоа пак палента. Се става во фрижидер да се олади и после тоа го ќе го извадиш од калапчето обратно. Ако нешто не ме разбирате, слободно прашајте ме.
@macka91 Не ти требаше зумирањето Шала на страна, многу ми се допадна идејата! Мора да се проба така Мерси за одговорот Мацо
@macka91 Од која фирма користевте бело чоколадо? Незнаев дека има посно бело чоколадо. Фала за рецептите, зачував се, па ќе се пробаат некои.
Не сум од Скопје ама има и кај нас карамел од витаминка. Значи пудингот од ванила и чоколада тоа портокаловото е карамелот. Мн убави се чашите од кај ти се ? Ние немаме навика за слава да служиме пудинг. Ама интересно изгледа. Што е финтата со солените бомбици со маслинка што се замрзнуваат прво па печат. Јас вакви тракатанци како солени ролау бомбици правев ама не се јадат многу па ептен ги избегавам. Ова печени готови кори се за декорација ?
Да да пудинг од чоколадо и од ванила прелиени со карамела. Чашките ми се земени од Тетово. Па не дека кај нас се служи пудинг ама за декорација многу убаво изгледа, а да ти кажам и се изеде пудингот. Да од кори е направено исто за декорација.
@tatjanasakalieva повели рецепт: Црните патлиџани се длабат, со лажица им се вади внатрешниот дел, се посолуваат. На масло се запржува пилешки стек сецкан на коцки. Одкако ќе се испржи стекот се вади, се става млад кромид да се запржи, потоа се додаваат сецкани шампињони и внатрешноста од црниот патлиџан исецкана на коцки. Се додава доматен сос и се враќа пилешкиот стек во тавата да повари малку, се додаваат зачини по желба. Со смесата се полнат патлиџаните, се ставаат во намрсена тава, се покрива со фолија и се пече во рерна. Пред крај се трга фолијата, одгоре се става рендан кашкавал и се враќа во рерна да се запече. Спојлер: Слика
@EminemsGirl Дали ќе може рецепт за последно постираните лепчиња со кашкавал? Конкретно, за лепчето Благодарам однапред
Лебчињата се од овие за сендвичи ке ги растегнеш со сукалото да станат тенки ке ставиш кашкавал и салама ситно сецкани или што сакаш завиткуваш и ке ги увалаш во мауткано јајце ставаш да се печат на 180° да поруменат. 15 минути се прават лесно и вкусно