Предлог На самерка да не и даваме рецепти пошто ништо не постира Овие на tastamade на fb сум ги гледала
@Viktorijaaa5 Се мислам дека ме тагна пред некој ден за оризот...во моментот бев од тел, и после никако да ми тегне да одговорам . Клучно кај мене е огромното количество на зеленчук (1на 1 со оризот) и многу зачини. Буквално се што ми се наоѓа дома, освен компир , ставам. Сецкам кромид, морков, чушка, патлиџан, некогаш радишани, безеље, боранија...и малку запржувам во тавата која ја користам и на рингла и во релна. Потоа го дотурам оризот и ја мешам смесата. Дотурам жешка вода сооднос 1 спрема 3 и зачини по избор и ставам во релна. Неколку пати ѕиркам дали е потребно да се дотури вода и до каде е со печењето. Најчесто нема потреба од никаква интервенција.
@EminemsGirl Receptot go najdov na youtube. Ocigledno mojte ogromni i glomazni se. Shto pomali poubavo.Bitno vkusni se.
Потребни состојки: Квасец Брашно 400гр Шеќер една кафена лажица Сол половина кафена лажица Вода 250 гр 2 јајца Се меси и се остава да втаса и повторно се меси се дели на два еднакви дела, се сука со сукало и се става во тепсија предходно премачкана со путер Се става фил од праз (предходно испржен) или спанаќ со сирење Се покрива со другата половина Се остава да постои Се пече на предходно загреана рерна За да биде мека од кога ќе биде готова се попрскува со малку вода, врз тепсијата со комат се става крпа па кесе (најлон) и уште една крпа над коматот Добар апетит
@Winter Lady Вики, бурек ко да завидов многу убав во темана од тебе јас, ке ми пишиш рецепт те молам?
За тестото 1 кг брашно 500-550 мл. вода 200 мл.масло 1 лаж. шекер 1 лажица сол 1 лажица алкохолен оцет 40 гр. квасец Одкако ке е готово тестото размесуваме и пак уште малку да одстои. Сукаме кора ни дебела ни тенка и сечеме кругови со чаша. Во претхотно намрсени чашките од тавчето за мафини ставаме од кручињата тесто и полниме по желба. Јас ставив посен кашкавал,кечап,зелени маслинки и семки од тиква и сончоглед. Печеме на претходно загреана рерна. @vitamina еве и за тебе,извинете што почекавте.
Види го прикачениот фајл 285292 Штрудла ролатот не е посен... Мрсничко е Штрудла ролат 2 јајца 100гр зејтин 250мл млеко 1 квасец 150гр шеќер 500-600гр брашно Се замесува тесто и се остава да стаса. Стасаното тесто се дели на 5-6 топчиња. Од секое топче се расукува кора, не многу тенка. Се премачкува со мармалад и се витка ролат. Ролатите стасуваат во намеастен плек, се премачкуваат со жолчка, се посипува со сусам и се пече.
Некој да го знае рецептот за Нестле тортата...Така ја викаат, ја имам јадено еднаш, некогаш, но не ми текнува каде, само знам дека вака ја викаат?