@toogood еве го рецептот за тестото,разликата е во тоа што овие се мафини и полнети со кашкавал,кечап и маслинки а другиве се.со исто тесто мини пицички со оригано, кечап и маслинки. И двете се посни. Ете @Winter Lady лепотице и за тебе објаснување. @vitamina полнежот и на двете е ист,само формите различни. Се е посно и од око. Бисквити,ореви,лешници,бадеми,ореви,сецкани урми и суви сливи. Мед по желба и рестот за да се " натопи" смесата и дојде како сиво тесто додадов сок од компот од праска. Прелиени со чоколадо.
Лепотице е разликата е во тоа што едните имаат кашкавал а другите оригано. Шала на страна ми се допаѓа рецептот супер ќе бидат со маслинки само мекичко да е тестото ќе ги испробам.
Е да,и тоа што едните се мафини а другите не. Следува слика од истите само пресек,а требаше во посебен пост и со слика од пред печење.
Ејј де бе галабо 3 слики веќе стави а и интегралните 4 сега 5 после 6 како пица ќе го направиш после како колач хаха. Стабај немам ништо против ама декорацијата ја промени.
250 гр. Смокви 250гр. Урми 3 лаж. Мармалад ( по можност красат) 250 гр. Чоколадо Се мелат сечкаат кој како милува урмите и смоквите, се става растопеното чоколадно и мармаладот се меси и се прават форми, така формите се валкаат во чоколадни трошки.
@Summerlover Телешкото месо го сварив во експресен и го расситнив на ситни парчиња бидејќи бев со намера да правам чорба...али у меџувремену се попишманив. Остатокот е турлитава, што ми дојде при рака од зеленчук. Првен запржувам се кратко на рингла, потоа го ставам во релна со малку жешка вода.. Сочниот изглед се дава koга пред крај ќе се полее со канчето кисело млеко измешано со две јајца. Во смесата од к.м и јајце го дададов предходно исецканиот магдонос и (имево не го знам). Магијата е во зачините и убаво да се потпече/вцрви.
Zemas gotovo testo od pica ili lepcinja od specijal.... gi polnis so mastraf po zelba...jas staviv domatno pire, kaskaval i pecurki so zacini..... Potpekuvas i toa e toa
@podravka Колачот е со јаболки и гриз, супер брз, лесен, и вкусен 4 средни или 3 големи јаболка (лупени и рендани) 2 јајца шоља млеко за кафе шоља брашно за кафе шоља шеќер (јас околу шоља и пол ставам, ете помалку од пола ама додавам уште малку ) 5 големи лажици гриз 1 прашок за пециво 1 ванилин шеќер зејтин од око, ама од прилика 3 големи лажици се ова се меша, треба да е како фуста каша, ако треба уште малце млеко ќе си додадеш јас од око го правам. се реди у намастена тепсија и се пече некои 25-30 минути на 180, додека не порумени убаво Сега за глазура 2 чоколади за готвење 2 лажици маргарин или путер 2 големи лажици еурокрем ( а и не мора, јас ова по желба) во длабока чинија се кршат чоколадите 2 те лажици големи путер им се додаваат , се топи 20 секунди во микро, го вадам мешам да се растопи убаво, додавам 2 лажици еурокрем, враќам во микро уште некоја секунда, вадам мешам со лажица додека не стане течно, го премачкувам колачот и на ладење
@joy1 во експресниот лонец варев зелката заедно со месото, лук, кромид, патлиџан, морков, чушка...а магдоносот го додадов кога префрлив во тавата.
@AnaKarenina Ана, тука ќе те означам. Мислам дека лани ти имаше новогодишни колачи постирано во фемина инстаграм, па и шарени ти беа. Ако може рецепт за колачите, и со што ги шараше ? (и во ќошето те читнав дека ќе правиш, па ај да те прашам)
Полани ги правев, се сеќавам дека беше од рецепт што го најдов на интернет - еве го. Годинава сакав пак да правам новогодишни колачи, ама мислам дека ќе ги правам по рецептот за ванилици, зашто така испаѓаат помеки, а по рецептот што го прикачив овде испаѓаат како бисквитки. Ама може баш такви сакаш Инаку ги шарав со шлаг во кој додадов прехранбена боја (со зелена и црвена ги правев тогаш и стандард бела за снешковците). И потоа во онаков шприц го ставав шлагот и шарав по колачињата, а после додавав трошки и некои такви украси за торти и колачи. Мислев дека шлагот ќе се размачкува, ама баш си беше како што треба, може затоа што ставив тенок слој. После се сеќавам дека и ги виткав во целофан како поклончиња, така што дефинитивно не се размачкувале