Царска пита Се матат 3-4 јајца, шоља масло, шоља јогурт, 2 шољи брашно, 1 прашок за печиво. Потоа по желба во смесата се додава: сечкан кашкавал, сирење, суво месо, салама, чајна, кис.краставчиња, гливи, значи комбинација по желба. Се промешува, посолува, се посипа со оригано и пече во подмачкан плех на 180-200 степени. Конкретно во мојата има сечкан кашкавал, мешано сирење и малку чајна, прошарана со кечап одозгора (како на сликата) пред печење и толку. Супер за појадок или вечера.
Рецепт за компирите со сусам што ги имаше доста често во фемина-инстаграм? Да не барам сега слика, сигурно сите знаете за кои зборувам.
Jas malku gi varam kompirite,potoa gi valkam vo susam so zacini i vo namrsen pleh gi potpekuvam dodeka da stanat krckavi.
Исецкај ги компирите на поголеми парчиња и вари ги малку колку да зоврие водата да не бидат ептен сурови.Стави масло во тавчето кај што ќе ги печеш и остави убаво да се загрее во релна. Сусамот потпечи го малку за да има поубав вкус Истури ја водата каде што се вариле компирите и додади сол,вегета,бибер,црвен пипер,малку кари,оригано и сусамот.Помешај се убаво и сите зачини ќе се залепат на нив.Реди ги парче по парче во тавичката, од загреаниот зејтин ќе се запечат убаво одоздола.Пред да бидат готови стави парчиња маргарин и остави да се запечат убаво. Ќе добиеш преубав компир кој е однадвор крцкав а внатре мек,поубав и од помфрит
@manako1 , @Viktorijaaa5 Фала ви девојки, уште од првиот пат успешни ми испаднаа. Многу вкусно нешто.
Жени ми останаа многу јаболки од празнициве кажете некој пробан рецепт за торта/колач било што со јаболки
ТОРТА ОД ЈАБОЛКА: Потребно е: 1 кг јаболки 200 гр шеќер 600 гр вода 2 ванилин шеќер 1 цимет 2 пудинга од ванила Бисквити Јаболките се рендаат и им се додава шеќерот и 400 мл вода и ванилин шеќер и цимет и се варат на оган 15 минути. Во остатоткот од 200 мл вода се раствараат двата пудинга од ванила и се додаваат на јаболката. Цело време се меша додека смесата не постигне густина (од пудинзите). Се остава да се излади. Се реди: ред бисквити ред од смесава ...редењето да заврши со бисквити. Одозгора се мачка со хопла. КОга ќе отстои во фрижидер малку, бисквитите ќе попримат од јаболката, прекрасна е
@pink95 100 гр рендана чоколада 150 гр мелени ореви 100 гр мелени бисквити 2 ванили 3 лајци шеќер во прав Сок од 2 цедени портокали И во смесата малку изрендана кора од портокал. Се замесува смеса и се формираат бомбици и можеш да ги валаш во што сакаш моите се со чоколадни мрвици .
Снежно бело торта. Кора: 10 белки 100 гр шеќер 3 лаж брашно 1 пециво Фил: 400 гр бела чоколада 80 мл млеко 10 жолчки 100 гр шеќер 1 маргарин Прво се подготвува филот, се топи чоколадата со млекото и се остава да олади. Се матат жолчките со шеќерот па се додаваат во оладената чоколада па изматениот маргарин, се мати за да се спојат состојките. Настрана се матат белките со шеќерот за кората се додава брашното и пецивото се меша па се става пола од филот. Се пече кората па се сече на 3 дела и се филува кора фил, кора фил.. Јас ставав измеѓу кората и филот плус матен шлаг за подобар шмек. (Ако не сте благари скрати го обавезно шеќерот. Јас ставам сосема малку бидејки самата чоколада е блага).
Пак јас. Зелениот ролат? И она со бомбиците солени. Како тоа се замрзнуваат па се печат? Фала ти однапред.
Гужвана гибаница со сирење 500гр кори Фил 150мл масло 200мл јогурт или млеко 200мл кисела вода 6 јајца 300гр сирење Подготовка Јајцата, јогуртот, маслото и киселата вода се мешаат во подлабок сад. Во подмачкан плех со масло на дното се става една кора, а потоа се додаваат една по една корите кои претходно се натопуваат со подготвената смеса. Се редат една до друга добро натопени и изгужвани. Помегу нив се става иситнето сирење. Одозгора се прекриваат со цела кора премачкана со зејтин. Подготвената гибаница се остава 30 минути да отстои за корите да омекнат. Потоа се пече 30 минути на температура од 200 степени. Пријатно!