Парчето стек се засекува на пола, но не целосно. Се отвара, се посолува и потоа со чук убаво се исчукува за да се отенчи. За полнењето се пропржува кромид, а потоа се додава сланина и печурки шампињони. Се зачинува по желба (јас користев сол, мелен бибер и малку мускатно оревче). На средина од стекот се става парче кашкавал (но не ептен големо за да не ти истече при пржењето) и дел од смесата. Стекот се преклопува и се затвора убаво со чачкалици. Се пржи.
@Babushka повели рецептот, превкусна е и успева од прва Ќе ја правам деновите пак, домашните уште ѝ го осеќале вкусот, а ми останаа и половина од намирниците. Ја правев идентично како рецептот, само наместо нутела ставив обичен крем од лешник. Исто и лешниците за во филот не ги мелев, туку ги исечкав на поситни парчиња за повеќе да се осеќаат во јадењето. https://moirecepti.mk/post/фереро-роше-торта
Zakasneto, no da vi kazam za pohovanite zdenki. Gi pravam vo gjezve stavam maslo za da se przi od dvete strani pa nema potreba od prevrtuvanje. Mnogu polesno e.
http://moirecepti.mk/post/пица-торта Izvini ama megu lajkovite ne sum go videla citiranoto so vreme Po ovoj recept e pravena samo jas pojacav na sostojkite za polnenje
Bubale poveli... Otkako odmori testoto pola sat, jas dodadov sitno seckana slanina i sirence po 100tina grama.. Mnogu ubav shmek mu dade https://moirecepti.mk/post/прженици
Погача со газоза Состојки: - 4 јајца - 600 грама шеќер - 300мл зејтин - 600мл газоза сок - 700 грама брашо - 1 пециво - ванила Ја посипуваме одозгора погачата со сусам и ја оставаме да одстои 40 минути. Ја загреваме рерната на 200 степени и печеме околу 1 час, проверувајки повремено со чачкалица. Ја вадиме и чекаме малку да се излади.
Обично тесто за леб значи некаде отприлика 1 кг.брашно 500-600 мл. вода Пола квасец или една лажица сув квасец 1 гол. лажица сол На врв на ножот шеќер 2 лажици зејтин. Се меси и се остава да стаса тестото. Потоа се дели тестото на поголеми топчиња и се премачкува со зејтин. Нека стаса 5-10 минути и се теглат корите колку пола маса и повеќе. Некој на чаршаф ги теглат ама мене не ми треба чаршаф хх. Смеса : 2 главици пропржен праз со една кисела зелка. Се посолува и се пржат и крај се додава малку црвен пипер. Се остава да се олади. Се теглат топче по топче и се прави кора. Јас ја сечам на две и им ставам од смесата и ги виткам како ролат и правам полжавчиња или се реди како еден голем полжав. Со сите кори така. Се остава уште 5-10 мин. и се пече. Ако знаеш да теглиш нема да ти е тешко ич. Ако не знаеш ќе ти пуштам од јутуб видео. Ако нешто не ти е јасно пиши ми ќе ти објаснам. Само рецепти давам а никој не ме почестил со слика да видам како испаднало
Еве рецепт и за пинерлијата. Имаше пинерлија-манија на една група на фб, од таму инспирацијата и рецептот. Се прави за 5 минути, се пече уште 30-ина минути и имате топол појадок или вечера. Многу е мека и вкусна. Пинерлија 2 чаши брашно 1 чашa кисело млеко пола чаша зејтин 1 јајце 1 пециво сол Се се меша со лажица, се истура и се порамнува во тавче. Одозгора се ренда сирење, и се полева со 2 матени јајца. Се пече на 180-200 степени.
Мора да се испроба ова ептен лесно. И јас ќе ти барав рецепт. Уште сега ќе ја направам Мене ми е слатка многу. Јас со тесто га правам ама штом може и така уште поубаво и полесно. Ја обожавам. И црн бибер ставам малку.
Го редактирав рецептот, наместо една сум пишала 2 чаши кисело млеко. Се надевам ќе видиш пред да ја направиш.
Макарони 1 пакетче макарони 100гр. сирење по желба (јас ставив 50гр. бело и 50гр. бијано сирење + 3 зденки) 3 јајца 1 мал филџан јогурт Масло Се става тенџере со вода на шпорет. Oткако водата ќе зворија се става малку сол и се ставаат макароните да се варат. Во тава настрана се додава малку масло и се става на шпорет да се стопли малку маслото. Сварените макарони се цедат и пола се ставаат во тавата со загрено масло. Се додава сирењето (изрендано) и зденките, на крај се додаваат и преостанатите макарони. Се ставаат во рерна да се печат. Откако ќе зацрвенат малку, се вадат од рерна и му се додаваат јајцата и јогуртот (претходно измешани), пак се враќаат во рерна . Се печат уште 10 до 15 минути. Торта 3 јајца 13 лајци шеќер 18 лајци брашно 1 филџан масло 1 филџан млеко 1 пециво Целата смеса се меша и се става во караванче бр.28. Се печи во загреана рерна. Шербет: 16 лајци вода 16 лајци шеќер Пола маргарин (кристал/дијамант) 3 лајци какао - Шербетот зоврива и се потура врз тортата (тортата насечена). Одозгора можи да се стави кокос, мелен орев и друго по желба.
Извини штo те кoрегирaм бурo е путер,истиoт рецепт гo имaм прaвенo сo мaргaрин сувa е крoстaтa и се рoне.
Хихих незнам ни како да ги наречам , пошо од памет ги правев. Тоа во средина е намаз од пилешки стек , биено сирење ( здравје радово) , печурки, оригано и кисела павлака добро испасирани во делимано сецко. Испасираната смеса се става насредина од палачинка па се прави плик. И после во тава за палачинки се загрева од двете страни 5 мин за да се растопи внатре биеното сирење. Тоа е тоа, мене ептен ми се бендиса вкусот .
So margarin ja nemam praveno, ne znam dali se roni. Jas ja pravam sekogas so buro i nemam problem. P.S Ako nekoj planira da ja pravi da ne stava margarin tuku buro (puter).