Да да , јас го купив во Тинекс, 100 грама да пробам. Инаку читав дека сегде можеш да го ставиш семево. Прво ставам 2 лажици чиа семе во млеко на минимум 2 саата( ама можеш и 10-15 мин или преку) така да стои нели да го го впијат млекото. После додавам и други семиња , како ленено семеи овесни снегулки и ставам 1 -2 банани. Вака ми е најубаво а инаку го ставам и во цеден портокал, во чаша вода со лимон , во салати. Најважно ми е што ме држи сита подолго време а не после пола саат да ми кркорат цревава
@lovemme te molam recept od pogacata.. I instrukcija kako redis za da dobies vakov izgled.. Mnogu mi se dopadna.. Sakam za nedela da napravam
@mareane Еве рецепт за обландите милаа 1 пак .обланди 3-4 пакетчиња ресани Фил : 500 шеќер - 500 мл. водаа } се става на оган во сад да зоврие , се додава 1 кристал маргарин се меша додека да се растопи маргаринот убаво и се трга од оган и се додаваат 800 гр. -1 кг . мелени бисквити и се дели на два еднакви дела и во едниот дел се додаваат 1-2 лаж . какао . И си распоредуваш како сакаш јас обично ставам на првата обланда од светлиот фил на втората од кафеавиот на третиот ставам повеќе од темниот да се залепат ресаните убаво за негоо и редам цел ред ресани одозгора ставам малку само од белиот фил и се стават и 4 лист од обланда и се става белиот фил .Ама интересно стои и кога ресанатите се свртени со желето надолу и ги мењаш само филовите над 3 лист обланда . Можее да си комбинираш како сакаш .. ако сакаш да ти излезе повеќе смеса можеш од шеќерот и водата да си додадеш по 100 гр . повеќе и бисквити повеќе за убаво да ти се соедини смесата .. малку поретка треба да бидее ама после ке се зацврсти .. ама и да не е ептен па течна .
Тортијас пишиите ги затоплувам во релна на 50 степени за да бидат млаки. Додека ги подготвувам состојките кои доаѓаат во тортиљасот надгледувам дали се доволно стоплени и си вадам една по една, ја полнам со зајре и виткам. Паралелно се пржи и пилешкото исецкано на мали парчиња. Авокадото е потребно да биде зрело, значи доволно меко за да се испасира како пире(му ставам и неколку капки цеден лимон) и секоја од гореспоменатите тортиљи да биде премачкана со намазот. Врз намазот од авокадо доаѓа марулата(или нешто слично доколку не можеш да најдеш), а врз нејзе ставам од пилешкото. За вкус додадов шери домати, црвен кромид сечен на големи кругови i јалапено чилис. Сето тоа врз марулата, односно во средиштето од тортиљас. Не би рекла дека има некој конкретен рецепт бидејќи состојките можат слободно да варираат според вкусот, посебно што се би дошло како додаток. Не само што е брзо за подготовка, туку и лесно. И за спремање а и за стомакот.
@Winter Lady Moze sekako Winterke Vo tava na zagrean zejtin se stava brasno (zavisi kolkava smesa sakas da ti izleze) I se przi dodeka da dobie kafena boja.Na strana se stava voda I seker samo da zovrijat.Potoa poleka se stava vo tavata so brasno.Koga ke se soedini smesata se trga na strana I se stavaat orevi bademi po zelba. Inaku formata ne mora da e kako bombici Moze I so lazica da se pravat I se dobiva nekoja dolgnavesta forma.Jas potoa vi valkav vo orevi pak I toa e toa
За пирошките употребив она што најдов низ дома. Воглавно тоа беше интегрален леб кој претходно го издробив на парченца, па потоа му ставив малку млеко, јајца, коцки сирење (исто по вкус колку сакате), малку сецкан кулен (колку за вкус и поинтензивен мирис) и на крај му додадов малку изблендиран спанаќ (од прилика околу 250 гр спанаќ, но ако сакате можете и повеќе, па ќе добиете поинтензивна боја), кој претходно го обарив, па го изблендирав. Тоа беше за да им дадам малку поинаков шмек и да биде малку поразлично од секојдневното . Се замесува смеса која е помалку влажна, но влажна само колку да може да се оформат пирошките. На крај се валкаат во презла и се пржат во врело масло. Исходот е овој . Се извинувам за доцнењето на рецептот .
^Еве повели 10 белки се мешаат со 20 лаж. шеќер, се додава 4 лаж. брашно, 1 лаж. какао, 1 пециво и 200гр. мелени печени кикири. Се печи во плех на 150 степени. За фил: 100гр. вода да зоврие со 100гр. шеќер, потоа се додава 70гр. чоколадо и се меша на тивок оган за да згусне. Се остава да олади, а потоа 1 маргарин се меша со 150гр. шеќер во прав, се додаваат жолчките и смесата се меша убаво. За крај се додаваат 300гр. сецкани кикири и филот се става врз тестото. Тортата е превкусна нема да згрешиш ако ја направиш
Повели рецептче @AngelOfArh . За 6 чаши. Потребно за крем: 300 мл. млеко, една кесичка пудинг од ванила, 3 лаж. шеќер, 100 гр. бело чоколадо + 250 мл. павлака за шлаг (т.н. народски хопла ), малку путер ( 2 лаж, ). За слоевите од торта: 6 парчиња винчини тортички со фил од јагода и вишновка( или некој друг жесток пијалок, како пример коњак). Подготовка: Се вари пудингот, па додека е уште врел се додава чоколадото и путерот, па се остава да излади. Настрана се бие павлаката и се соединува со изладениот пудинг. Тортичките се сецкаат на коцкички и се става ред од нив во чашите. Врз нив се става една малечка лажичка од вишновката, па се става од кремот. Потоа постапката се повторува . Глазура: црно чоколадо, било рендано, сецкано... по вкус (а може и без него).
@Serafima што друго ставаш во ќофтињата со компири освен компири? Зависник сум од компири ги јадам на секаков начин, а ова ептен ми изгледа примамливо. Очекувам рецепт