Повели http://moirecepti.mk/post/пченкарен-чипс Првиот пат ставив само сусам,после тоа само сончоглед Мене лично комбинацијата со сончоглед ми е повкусна(на пола доза,толку правам за да испадне еден плех од рерна,ставив 100гр сусам) Ти може некоја друга варијанта ќе измислиш по сопствен вкус
Panna cotta 1 пакетче желатин се прелива со 4 лажици ладна вода за да набабри. Потоа малку се загрева (не смее да врие) да се растопи целосно. 500 мл слатка павлака се загрева полека. Се додава ванилен шекер/екстракт од ванила и 50 г шекер во прав. Се загрева до вриење, но не и да почне да врие. Се додава растопениот желатин и се меша добро да нема грутчиња. Чаши/калапи по избор се полнат со приготвената смеса и се оставаат во фрижидер 4 часа. Се подготвува прелив по желба. Овојпат изблендирав малини и со неколку лажици шекер ги сварив колку да се редуцира малку течноста и да се добие полугуста смеса. Ги поминав преку сито зошто не ги сакам тие семчињата од малините во ваков прелив. Инаку убавината на овој десерт според мене е во преливот. Белиот дел нема некој специфичен вкус, но одлично оди со слатко-киселкастиот вкус на преливот.
http://forum.femina.mk/threads/Торти-што-не-се-печат.3033/page-3 Со измена,наместо два слоја пишкоти јас ставив само еден и плус обичен пандишпан и не ставив крем бананки, @Acka22
@sunrise_123 рецептов нема име. Јас што имав дома ставив -зеленчук со семиња си го нареков Ја ставив - 3 мали тиквици -2 моркови -2 пакетчиња моцарела - едно пакување различни семиња по избор ( во продавница за здрава храна по избор ми миксаа) -околу 300 грама бејби спанаќ -околу 100 гр ореви -сенф -мед -свеж босилок а може и сушен -сол -бибер Сенфот, месот и зрнастите семиниња се мешаат во блендер да стане хомогена смеса како сос. На вкус ќе пробуваш колку ти е доволно да не премногу благо, треба да е пикантно. Ставаш хартија за печење и редиш ред зеленчук па одозгора семињата па врз нив моцарела, се додека имаш. На крај мора да завршиш со моцарела да се запече. Се приготвува на 180 степени во рерна. Добар апетит !
@tatjanasakalieva @Mama25 тортата незнам како се вика ама е многу лесна и брза. Шлаг прена на Витаминка јас купив од 1кг незнам дали има од по малку.Во рецептот потребно е 500гр шлаг пена(прав) околу 300денари е и е мн исплатливо 1кг млеко се вари со 15 лажици шеќер додека се растопи шеќерот. 4желатина се мешат со 100мл вода и се додава во млекото. Оставаме во фрижидер да се излади млекото убаво. Откако ќе истине се мати со 500гр шлаг пена во некој поголем сад. Да ве предупредам дека ќе треба долго да матите за да испадне убав снег од шлаг пената Се дели на 3 дела 1дел: се додава 200гр мелена чоколадна наполитанка 2дел:200гр ресана колку што можете ситно да ја исецкате 3дел:200гр мелена плазма. И тоа е тоа редите дел по дел,како го мачкате од желатинот така се стврднува. Многу е вкусна и не е нешто многу блага. Јас ја правев втор пат и овојпат наместо ресана ставив 200гр милка орео ама со ресана е многу повкусно така да нареден пат нема да експериментирам Или да се додаде нешто со појак вкус за да дојде до израз да не биде еднолично многу Пробајте па прикачете слика
@danichap, дечко ми ѕирна во екран кога ми беше твоето слико од инстаграмот, реакција - мммммммммм шо е то? Дај рецептче за фурнаринките, молим. Јас со обично за пица му ги правам, ама твоите поубави биле.
Користев кичевски кори. Се прави фил од 2 јајца, 1 филџан јогурт, 1 филџан зејтин, 1 пециво, 2 шолји брашно, сол. Се прават три ролати( по 5 кори за еден ролат) Првата кора се прска само зејтин, втората со филот, трета зејтин, четврта фил и петта се полни со што сакате. ( јас еден ролат правев со виршли и многу кечап, друг виршли, зденка и кисели краставици, трет кулен, кашкавал , оригано. )Се пече на 200 степени околу 25-30 мин. Превкусно.
Повели мила 1 јајце 200мл јогурт 1 мало лажиче сол 300гр шунка (по желба, можеш повеќе или помалку) 1 пециво Брашно по потреба, околу 450 -500 грама иде Се меси, се остава пола саат да стаса малку. Се расукува кора околу 4мм, се сечат на коцки и се пржат Откако ќе ги исечеш многу поубави ми се ако ги иставиш 15мин да постојат така пред да ги пржиш.. Ако ги расукаш подебели потешко се пржат, затоа вака потенки - подобро, внатре се шупливи и воздушести
Како за прв пат убави беа, иако постои простор за подобрување. Си направив најобично тесто со брашно, квасец, масло и малку сол и го оставив да стасува околу час. Потоа го размесив и направив тенко тесто како за пица кое го исецкав на долги тесни ленти. Секоја од лентиве ка премачкав со матено јајце и попрскав со вегета, оригано, цевен бибер, сусам(може и ким, сол...по желба) Ги ставив во плех и се печеа на 200 околу 10-15 мин. Кога зацрвенија ги извадив. Беа вкусни и крцкави како крекери. Се надевам нареден пат ќе бидат уште подобри.
@Adi888 Рафаело бомбици 500 мл млеко 2 пудинга ванила 5-6 лажици шеќер Се става млекото на оган кога ќе зоврие му се додава претходно разматениот пудинг со шеќер и се меша додека де згусти пудингот. Се трга од оган. Да се олади 1-2 мин и се додава 200 гр. кокос. Се промешува со лажица и се прават бомбици. Внатре им се става лешник или суво грозје едно и се валкат во 100 гр. кокос. 3 пак кокос ти требаат. Јас сум јадела рафаело домашни 2-3 пати на слави ама никогаш не ми се допаѓаа. Овие имат вкус исто ко купечките Набрзина ги правев само малку формата не е убава