Ааа не е само сос Уствари е плескавица од пилешко полнета со кашкавал и димено месо.. Мелен стек, пола јајце, лажиче презла.. друго не ставам вака ми е ок.. (количината на јајце и презла зависи од количината на стекот ) А сосов ми остана од макарони Бешамел сос на Шеф (исклучиво тој бренд, со другиве не е исто), сланинка на коцки и зденка
@Dust Да, ја познав јас плескавицата Си зирка таа, ако е убаво покриена . Па баш ме настрви сега, а каде може да се најде тој сос? ?
Да, и кашкавалот и е растечен и зденката не е растопена од брзање..глад Или готова ајдучка..who cares Шеф има во Рамстор и Веро, во другиве маркети немам видено. Мене ми е убав
Тестото е ко за пица, само малку подебело и во правоаголен плех печам и сечам на коцки. Овојпат одозгора доматен сос - Џејми Оливер, сланина, ситно сецкано младо кромитче, рендан кашкава, цели јајца а по печењето свежа рукола. Или со други зборови-се' што ќе ми сенајде во фрижидер.
@toogood Мајче полесно нема. Редиш бисквити прво потопени во млеко. Бркни извади одма. Па ред слатка павлака, па пак слатка павлака,па бисквити и банани на кругови. Завршуваш со слатка павлака. Декорираш со рендано чоколадо. Ке одстои во фрижидер и апни голтни после. Тарзано вика поубаво нешто немал пробано. Па нормално,се намачив.
@ludoto19 https://www.facebook.com/buzzfeedtastyjapan/videos/1742099102717705/ еве повели , крокети се со гмечени компири и потоа се додава салама , свеж кромид и кашкавал и се додава една лажица млеко (јас малку повеќе ставив некако сува беше смесата инаку) се посолува со сол и црн бибер и се меша се заедно , па се формираат крокетите и се ставаат во брашно , јајце и презла и се пржат. Многу се вкусни
Што би се случило ако го заменам маслото во пандишпанот со растопен путер? Ваљда нема да се деси беља, а?
Зошто двапати хопла или се збуни ? Ептен ја сакам и јас. Следна варијанта бисквитите во нес кафе ќе ги топам. Сакам и така да пробам. @DVAANGELA Фала.
Па ти си напишала се става бисквити па хопла па пак хопла. Веројатно си ги испуштила бисквитите. Јас се мислев зошто двапати хопла едно по друго.
Може рецепт во соодветната тема? Правев пред некој ден и многу убави изгледаа се додека не ги извадив од рерна, одма спласнаа и ги фрлив.