@Winter Lady не одев по некоја посебна рецепта за лазањи. Ги направев по мое набрзина со што имав веќе дома при рака. Најпрво запржив мала главичка кромид на малку загреано маслиново масло, па потоа додадов исецкани свежи шампињони и една црвена пиперка. Ги оставив така отприлика околу 10 мин на среден оган да се запржаат, се додека шампињоните не испуштат вода и не испари. Потоа додадов томатело сос, и откако зоври додадов пченка,Knorr мешавина за лазањи,сол,црн пипер,1 лажичка оригано и малку исецкан копар. Јас не јадам месо, но ако сакаш по желба во сосот можеш да додадеш и мелено месо. Потоа во садот прво ставаш малку од сосот, и одзгора редеш лазањи, од сосот и по малку рендан кашкавал на секој ред. Обично кога правам лазањи друг пат знам да ставам и ред бешамел сос, но денеска сакав по набрзина и полесни да се, па не направив, но сепак ми беа многу вкусни. Ги покрив со фолија и ги печев околу 30 мин на 200 степени. Потоа додадов кашкавал одзгора и печев се додека кашкавалот не се растопи и порумене. Оставаш 15 мин да отстојат пред да ги пресечеш и одзгора ги проросев со малку исецкан копар.
Купечки чајни колачи ги мачкаш со мармалад(може и пудинг) Па ги топиш во топло млеко или ако постиш во топол чај и ги валкаш во кокос.Превкусни се се топат во уста
Мила јас ги правев вака. Изматив маскарпоне. Истолчев бисквити и ги расредив со малку путер и млеко па одозгора ставив купечки сируп од лимон. Не сум го правела по рецепт. Сирупот е од продавница налик на преливот за сладолед .
4 сладоледи правени со миксер (лешник, чоколада, јагода и ванила) 1 пак. желе бонбони 200 гр. вишни исчистени од семките и сокот кој го пуштат при чистење јас го распрскувам врз сладоледот. Ако не сакаш да се повеќе кисели вишните се попрскуват со шеќер. Се реди еден ред бисквити се става од кој сакаш сладолед пак бисквити и се така до 4 реда. Вишни си ставаш кај сакаш и желе исто брз сладоледот. Се замрснува една вечер и пријатен апетит.
@shooter.0801 Брокулата се обарува во солена вода, се лади и се сецка не многу ситно. Се додава млад кромид сецкан, јајце, малку презла, зачини по вкус. Јас имам ставено и сирење дробено и малку пршута, ама не мора тоа. Се меша смесата, се обликуваат плескавици и се пржат на зејтин.
Секоја чест за пицата, многу вкусно изгледа.Од што ме фати стрв дури и си ја зачував сликата, за и јас да си направам иста. Ме интересира само дали имаш ставено кашкавал или посна е пицата?И колку време ја печеше оти вака тиквичката исечена на тенки парчиња да не ми изгори.
@joy1 бурекот го правев по постапката прикажана на ова видео, со измена во смесата. Јас смесата ја направив од 3 јајца, 8 лажици масло, 4 лажици јогурт и филџан кисела вода. И не ставев магданос, само сирење и урда измешано.
1кг.брашно ,2лајчиња мали сол,1л шеќер 1фил масло ,1квасец ,2јајца,и едно канче млеко кисело или 500млјогурт.Сите состојки се соединуваат претходно квасецот да скисни и што е најбитно се да биде на домашна температура не од фрижидер .Се меси и се остава тестото да одмори 10 до 15 мин. Се дели на 3 дела по 6 топчиња.Секое топче се расукуба и премачкува со маргарин. Еден маргарин ќе си го поделиш на три дела ,на секое мачкаш ,а на последното одозгора не . Потоа расукуваш кора и ја делиш во зависност колкави сакаш да ти бидат кифлите . Јас од една кора вадев 40 парчиња бидејки ги правев помали.Ги редеш во плех одоздола стависи хартија и ги оставаш да скиснат ,а откако ќе скиснат ги премачкуваш со жолчка со масло помешана .Посолуваш сусам,ким јадра сол што сакаш и печиш во загреана фурна на 200 степени не многу да знаеш виде моите каква боја имаа.Пиши ако нешто не ти е јасно .
Tosterki 4jajca se matat so 15 lazici golemi seker,2 vanili,1margarin ,4 lazici golemi zejtin,(moze i svinska mast)200gr mleko ,1 mala lazicka soda bikarbona ,1 pecivo i brasno,testoto da ne e ni tvrdo ni mnogu meko da ne se lepi za race togas e gotovo.
@vitamina Еве го рецептот. А за кифлите можеш да исукаш кора и ако не ти биде рамна со нож израмни ја и тргни ги парчињата да дојде подеднаква ама јас сум немала проблем со тоа. Колку и да не е рамна пак убаво излегуваат.