230гр. Брашно 150гр. Шеќер 120мл. Масло 2јајца Кора од 1лимон 100гр. Бадеми 100гр. Лешници 100гр. Суво грозје 2лаж. Прашок за пециво Прстофат сол 1јајце изматено за премачкување Се загрева рерната на 160степени,додека се подготвува смесата. Значи се меша се во еден сад и се создава тесто. Се дели на два делови во облик на векна(јас првпат ги правев и искрено повеќе ми се раширија настрана, следниот пат ќе пробам во калап, може и поради тоа што ставив само 100гр бадеми и лешници заедно или треба повеќе брашно ама според рецептот толку е брашно)се премачкуваат со јајцето и се печат околу 35минути. Откако ќе ги извадите, се сечат на дебелина по желба и се редат (тепсија или нешто поголемо, по избор ) парчињата обратно за да се испече и внатрешниот дел, се ставаат така уште 20минути додека не добијат златно кафена боја, тоа е се вкусни се @sunrise_123.
@Adi888 @toogood Стварно ви треба рецепт за пирошките Пирошки од палачинки - моите се купени готови палачинки, но можете и домашни со вода, брашно и малку сол. - земате една палачинка и ја полните по желба зденка, сирење, кашкавал, шунка, комбинирате, ја виткате, ја ставате во брашно - јајце - презла и пржите на загреано масло. Се запржува од двете страни, малку им треба и се реди на хартија за да ја впие мрсотијата Фета бомбици - 1кг фета сирење - 200гр маргарин - 1лаж. павлака - 200гр сусам - 200гр ореви Подготовка: најпрво на тивко го пропекувате сусамот и оставате да се излади. Потоа оревите ги мелете, но не многу ситно. Во миксер го ставате маргаринот и миксирате се додека не стане пенаст, па го дадавате сирењето, павлаката, оревите и сусамот. Миксирате се додека не се добие убава хомогена смеса, откако ќе се соеднини смесата ја ставате во фрижидер да отстои 2-3ч односно да се излади. Од изладената смеса формирате топчиња кои ги валкате во ореви или буковец и ги ставате во украсни корпички. Напомена: во зависност од фета сирењето може смесата да ви излезе потечна, па доколку е така додадете презла.
100 г семки од тиква 100 г семки од сончоглед 100 г лен 100 г сусам 100 г ореви или бадеми Лажичка сол Лажичка сода 5 јајца 100 мл вода Се мелат семките, па се додаваат солта, содата, јајцата и водата. Се остава да кисне 30 минути. Се пече во претходно загреана рерна на 180 степени 50 минути. Се чува во фрижидер.
Макарони со павлака,печурки и кашкавал 500гр.макарони може и помалку зависи за колку луѓе се готви. 350гр.кашкавал исто по желба може и помалку и повеќе 2 павлаки 100гр.печурки И зачини по желба. Макароните се варат.Откако ке се сварат се става еден ред во сад за печење се додава едната павлака,кашкавалот,печурките и зачините и се то тоа се меша. После уште еден ред макарони па пак павлака,печурки,кашкавал и зачини.И кашкавалот што ке остане се додава одозгора. Се става да се потпече околу половина час. Можеш ако сакаш и јајце да му ставиш откако ке се потпече малку. @Winter Lady ова е рецептот.
@PrettyDramaQueen Рецептот за глазурата e 1 белка од јајце, 200 гр шеќер во прав, неколку капки лимон. Во белката го додаваш шеќерот постепено и мешаш со миксер се додека не ја добиеш посакуваната густина. Сепак има врска и големината на јајцето, ако е големо јајце може 200 гр ќе се малку и ќе треба да додадеш повеќе.