Одев по овој рецепт: https://moirecepti.mk/post/принцес-крофни-блаѓи Ќе го ископирам тука за поубава прегледност. Слика како мене ми испаднаа: За тесто: 250мл. вода 125мл. масло 150гр. брашно 4-5 јајца ( зависно од нивната големина) За фил: 1л. млеко 15 супени лажици шеќер 3 ванил шеќер 10 супени лажици брашно (убаво полни и секогаш јас додавам 2-3 лажици нишесте) 3 јајца 125гр. маргарин За наросување: шеќер во прав по потреба --------------------------------------------------- Водата, маслото и солта се ставаат во тенџере на оган да зовријат. Штом малку ќе провријат, се трга од оган и се додава целото брашно (претходно просеано) одеднаш (тоа е за да не ни се направат грутчиња) и постојано се меша се додека брашното не се впие во течноста и не се добие глатка маса, која почнува да се одвојува од ѕидовите на тенџерето. Повторно се враќа на умерен оган, се вари уште една минутка, постојано мешајќи. Тестото почнува да се собира во топка, а на дното од тенџерето фаќа коричка, која воедно ни е знак дека тестото е готово. Се трга од оган и се остава да излади. Во изладеното тесто се додаваат јајцата, едно по едно, постојано миксирајќи. Од големината на јајцата зависи дали ќе втреба да се стават 4 или 5. Тестото треба да биде сјајно, глатко, густо, тешко да паѓа од лажица и притоа се прават шилци. Ако тестото биде многу меко или пак тврдо, нема доволно да нараснат крофните. На ред е чекорот за оформување на крофните. Можи со шприц за тулумби или пак со две кафени лажичиња. Со шприцот во форми на капи, а со лажичињата топчиња колку оревче.Се редат во намрсен плех на растојание, бидејќи убаво збуфнуваат и не е пожелно да се слепат. Печењето на ваквиот вид на тесто, варено-печено, е малку специфично. Важно е првите 20 мин. рерната воопшто да не се отвора, за да не спласнат крофните. А, и од времетраењето на печењето зависи колку внатре ќе бидат суви. Кај мене, во мојата рерна (претходно загреана 5 мин. на 200 Ц. степени) е 15мин. на 220 степени ( да збуфнат и добијат боја), па се намалува на 200 и се продолжува уште 20-25 мин, па последните 5 мин. на 180 степени.Вкупно време на печење 45мин. Вие си го одредувате времето во зависност од вашата рерна. Печените крофни се оставаат потполно да изладат. Филот се подготвува на стандарден начин. Во 750мл. млеко се додава шеќерот и ванилите и се става да зоврие. Настрана во остатокот од млекото се раствора брашното, нишестето, убаво се миксира, за да нема грутчиња. Се матат јајцата и се додаваат на смесата од млекото со брашно. Се убаво се меша, поврзува и се додава во зовриеното млеко, постојано мешајќи на умерен оган, додека кремот ја добие потребната густина. Се трга од оган и се остава да излади, но не целосно, туку да биде млак и тогаш се поврзува со претходно изматениот маргарин. Крофните се сечат со остар нож на половина и се полнат со крем.Одозгора се наросуваат со шеќер во прав со помош на цедалка за чај. На здравје!!! *Од истово тесто можи да се прават еклери, лебеди, прстени.... Лична забелешка: 1. во состојките за тесто јас додадов пола кесиче прашок за пециво, ми беше страв дека нема да нараснат. Не знам дали имаше некаква врска или не, со добра големина ми излегоја. 2. Печењето во рерна воопшто не трае 45 минути. Јас печев три тури (три плеха) по 15-20 минути. (Ги печев на хартија за печење) Добро е уште неколку минути да се намали температура на рерната за крофните да се просушат, ама далеку од 45 минути дека треба. Ми испаднаа супер.
Повели: Се кисне еден свеж квасец со 3 лажици топла вода, 2 лажички шеќер и лажичка брашно. Во длабок сад за месење се става 500г кисело млеко, една рамна лажичка сода бикарбона, во него се додава квасецот и една лажичка сол (може и повеќе). Се замесува со брашно да се добие меко нелепливо тесто и се остава да кисне еден час. Се дели на четири дела и од секој дел се сука кора дебела еден прст. Се посипува со рендано сирење или се мачка со смеса од изварка и јајца, се ставаат маслинки, може и парчиња путер/маргарин, ќе биде посочно, па се витка ролат. Се сечат парчиња и се редат во плех на хартија. Се мачкаат со јајце, се става парче путер/маргарин и се посипува со сусам/ким/крупна сол. Се печат на 180 степени во загреана рерна. По желба може и со пица фил. Ама тогаш нема да се сирењаци
Немам поим, никогаш не мерам брашно за вакви рецепти, ама пробај со 700г прво. Ако се лепи, додај уште малку.
Повели @orhideea Ги правев по овој рецепт... Тие вторите, обичните се исти.. На првите со кашкавал, само повеќе ги развлеков коцките што ги пресеков, ставив парчиња кашкавал, ги покрив со исто развлечени коцки, ги споив краевите и пржев... Моментална инспирација беше https://moirecepti.mk/post/перничиња-со-урда
@lovelygirl39 Пица бурек. 500 гр кори 200 гр кисело млеко 100 гр зејтин 1 пециво Плус мастрав за полнење по желба Јас ставив пршута моцарела и доматен сос. Секоја кора благо малку се мачка со смесата од кисело млеко зејтин и пециво се реди мастрафот и се пече на 180.
Околу 300 гр лешник карамели 3-4 лажици слатка павлака 120гр црна чоколада Цели лешници, количина во зависност од големината на калапчињата, мене ми испаднаа 38 Карамелите се топат заедно со слатката павлака, да се добие течна смеса.Смесата се става во калапчиња по желба, да се наполнети малку повеќе од пола. Откако смесата малку ќе се излади и стврдне, се става цел лешник и одозгора се прелива со растопеното чоколадо. @Antolinaa
Ова е оригиналниот рецепт http://moemeni.mk/?cs_recepti=krem-pita-so-jagodi Но јас не сакам да јадам сирови јајца, т.е. снег од белки, па малку го модифицирав. Изматив 5 јајца со 5лаж. шеќер, потоа им додадов 5 лаж.брашно, 1 лаж. масло и малку пециво за да нарасне, околу пола пакетче. Тоа убаво го измешав со миксер на најслабо и го ставив да се пече на 150 степени. Во меѓувреме од 1 л.млеко извадив 100 мл. со кои ја изматив шлаг пената, од остатокот во друг сад одвоив 15 лаж. ги измешав со 10 лаж шеќер и 3 пудинзи од ванила. Останатото млеко го ставив да се вари и од него направив пудинг. На страна исечкав 4 помали киви, 1 банана и неколку јагоди, колку сакаш толку стави од овошјето, твој избор е. Кога пудингот ќе се олади, му се додава изматениот шлаг се меша убаво, може и со миксер на најслабо и се додава овошјето на крај и се меша со лажица. Кората кога ќе биде готова се вади и одозгоре и се става од филот.