Корали:црните се прават од 200гр.црн дел од еурокрем кој се додава во 200гр.растопено црно чоколадо за готвење(или на пареа или во микробранова)и сецкани ореви.Се се меша и течно со лажичка се сипува во корпи и за 5 минути ќе се стегнат.На ист начин се прават и со бело чоколадо,белиот дел од еурокремот и кршени лешници.Повели @ludoto19
700 гр брашно 3 жочки Коцка квасец 150 гр маргарим 200гр млеко Се меси тесто и се развлекуваат 5 кори во облик на тавата во која го правиш. Фил: 150 гр млеко со150 гр шекер да се затопли убаво и се додаваат 150 гр мелени бисквити ,100суво грозје.Тоа е прв фил 200гр млеко со 150 гр шекер да се згрее убаво и се додава 200 гр афион и се вари убаво втор фил 200 гр шекер да се карамелизира и се додаваат 1кг јаболка ситно рендани,цимет и ванила .Се меша се убаво и се остава малку да крчка додека се згусне.Тоа е трет фил А како четврт се користи некој овошен термостабилен крем за печење ,а ако немате употребете мармалад. Се реди кора па фил како на сликата. Одозгора се премачкува убаво со јајце и се боцка со вилушка .Се остава 15 мин да отстои пред печење.Се пече на 170 степени додека не порумени убаво.Кога ке се олади се поросува со прав шекер и се сечат мали парчиња .Мн е благ и заситува одма.А и да мн е вкусенннн. Неможев во порака да ти ја пишам рецептата затоа тука ти ја пишувам
@Avery да, лосос и ракчиња (гамбори) се. Во загреана рерна на 200 степени едно 15-17 мин. па ја исклучувам и ги оставам околу 10 мин да одстојат. За маринирање користам маслинов зејтин,лукче ,лимон, сол,бибер по вкус и малку рузмарин. @vitamina што е ова, се излигавив вака посабајлечки Имали кое парче за мене?
@victoria Ако може постапка да објасниш за кофтињата со младо кромидче тиквички и брокула? како ја средуваш смесата и како ги пржиш? Ептен убаво изгедаат, како плескавици од месо дури
И многу се вкусни.. тиквичка една средна големина, ја изрендав и ја оставив со малку сол да и се исцеди водичката.. Компирот сварен па испасиран со вилушка , брокулата(2средни цвета) обарена и ситно исецкана, младото кромитче(3 на број) ситно сецкано непржено... Во подлабок сад се ставам, малку солца, јајце, презла и малку масло.. Ќе видиш презла пополека ставај, како ќе ти треба.. Да не ти се лепи за раце смесата.. Си обликуваш плескавици - ќофтиња и убаво е бар посла час во фрижидер да постојат.. Си пржиш малку на појако прво, за да си фатат како коричка- па си превртуваш на потивко.. Од состојките излегоа мислам 7 плескавици - сите што беа на сликата.. Зголеми си од се по малку за повеќе... Добар апетит.. П. С. Иако беа наменети за мојот 3год син што почна да зафркава со зеленчукот, искрено многу ни се допаднаа и на возрасниве
https://moirecepti.mk/post/шпански-ветер Еве точно по овој рецепт одев без ништо да сменам. Користев дорина млечно чоколадо и мерките за лешници и ореви ми беа од око зашто немам вагичка
@simonka93 и јас до денес не знаев точно што како иде,ама денес помагав на мајка ми и го усовршив и виткањето.Во спојлер имаш и слики како иде постапката не е воопшто тешко Ако ти треба и цела постапка за да добиеш вакви лиснати кифлички пиши ми ќе ти објаснам Спојлер И што е најважно откако ќе ги исечеш како на сликиве не почнуваш одма да ги тегнеш туку ќе почекаш бар 3-4минути,зошто ако почнеш одма,се кинат
@Bubce38 може ли да ми кажеш што зеленчук има и на кој начин е приготвен? @irena.1 претпоставувам ова е чиа пудинг, може рецепт?
@sunrise_123 Чиата е со обично млеко. А другото е блендирана банана,портокал,кокос од кесичка,мед и малку вода.
Kромид,морков,тиквица,модар п,компир,пиперки(благи,љути),бамљи,домат,боранија,печурки и зелка. Сечеш на коцки, во тавичка , капка-две масло, пола фулџанче вода( а и не мора) и печеш под фолија саат ипол на 160.
@♡BuBaLe♡ Рецептот не ми е никаков мој си е од по фрижидер што најдов Готови кори плус сладолед сматен плус џем од јагоди шлаг за декорација плус јагоди. Тоа е тоа Ја змрзнав и воала.