Си останав верна на шеф Џон. Детален рецепт со состојки овде http://foodwishes.blogspot.mk/2013/07/homemade-hamburger-buns-oh-my-god-becky.html Не можев да ги чекам толку, па го скратив времето на стасување на 1 час, а вториот пат 40 минути (во рецептот е 2 часа, па 1 час). Пак испаднаа супер меки. И вториот ден беа меки.
@Monella, во оваа тема рецепти. Одма над ова мислење ќе го најдеш. 375 степени пишува температура на печење во рецептот, тоа на наши е 200 Целзиусови.
@azelea од истото тесто ги правев кифличките и замотав ролат со пржен спанаќ и сирење и потоа го секов на парчиња.Еве рецепт за тестото:1кг брашно,пола литар топло млеко во кое е растворен еден свеж квасец,лажица шекер и лажица брашно,2 белки,2 филџани масло за јадење,1лажица шекер и 2 лажици сол.Брашно ако треба ќе додадеш.Се остава да кисне и се мотаат кифлички.
По овој рецепт го правев. Многу битно кога правите чизкејк е состојките да не се мешаат многу со силна брзина за да не се направат меурчиња бидејќи ке испука при печењето. Дури се пече никако не отварајте и оставете скроз да се излади чизкејкот во рерна. https://www.google.com/amp/s/allrecipes.com/recipe/8350/chantals-new-york-cheesecake/amp/
Покрај замрзнат јогурт има нешто повеќе во врска со ова? Премногу изгледа привлечно, а и јогуртот ми е секојдневие па ако можиш сподели нешто подетално, многу би сакала да пробам. И би сакала да прашам како точно се правени плескавиците од тиквичка. Благодарам однапред на двете.
Има. Една лажица мед, кокос и јогурт, се мешаат и се истураат во калапчиња или плех\тавче, одоздола со хартија. Потоа мешаш овошје или пак го редиш само одозгора, како било. Еднаш имам додадено лажиче какао, имаше вкус убав, ама не знам колку ќе ти се бендиса.