Учтиво ја замолувам @Minnie 1 за рецептот за Нasselback potato. Ако и е вкусен како што изгледа перфектно, мф мф
@Hipster I da znaes deka e prevkusen.Jas na internet go najdov ama ne go pravev bas taka tuku malku po svoj vkus. Znaci kompirite gi secev po dolzina I sekoj go zasekuvav odozgora no ne sosema do kraj.Na strana rastopiv puter.Na sekoj posebno staviv vegeta, crn biber I crven piper.Na kraj gi premackav so rastopeniot puter I se pecea okolu dvaeset minuti. Taka gi pravev jas a na youtube imas razni recepti so razni zacini nekoi stavaat duri I kaskaval kade sto e zasecen kompirot.
@Hipster Da da.Znaci gi seces na pola po dolzina I zivi gi zasekuvas odozgora, malku podlaboko no ne do kraj.Debelinata na zasecenoto se gleda od slikata mislam.
@Ketchup може рецепт за мафиниве? http://forum.femina.mk/threads/Фемина-Инстаграм.21134/page-147#post-2380290
Секако Всушност нема некоја посебна рецепта само купуваш готова смеса за мафини на Dr.Oetker и додаваш само вода,зејтин и јајца(пишува на опаковката колку)ама преубави излегуваат
Еве само копирав од претходно што ја имав пишано рецептата. Сега ја правев округла во тава бр.30, но може и малку поголема оти подебели ми испаднаа корите.
Повели @Magnolija ( со мало извинување за доцнењето) . Ќофтиња од компир Потребно: 3 - 4 компири ( со големина колку една тупаница), 100 гр сирење (по можност тврдо, а може и повеќе), 6 лаж. брашно, 1 мала лаж. прашок за пециво, сол и црн пипер + масло за пржење. Подготовка:Компирите се рендаат на покрупната страна од рендето, а сирењето се сецка на коцкички. Потоа се додаваат другите состојки и со лажица се убаво се меша. Потоа се остава некои 5- 10 минути, па исто со лажица се зема од смесата и се става во врело масло да се пржат. Моја забелешка: МОжеби некој е љубител на оваа комбинација, но мене искрено не ме фасцинира. Нареден пат кога повторно би ги правела, би додала сец. сувомеснато или пак би ставила малку оригано за да се зајакне вкусот.Зашто вака, некако ми се без вкус. Ама сепак ова е моја забелешка што не мора да значи за сите . Но сепак како прилог со некоја салатичка од павлака или слично, баш се совпаѓа, зашто не доминира премногу. Барем за тоа ги бидува .
Ете си земам за право да ги прогласам @Peppermint и @Serafima за најдомаќинки на Фемина! Oд се' што ќе направат и ќе постираат слика ми потекуваат лиги, веќе не отварам Фемина Инстаграм Ja замолувам @Peppermint да пише рецепт за Карпати тортата.
Се замолува @sesilija да пише рецептче од тестото за пастрмајлиите? Ептен убаво изгледаат . Браво за домаќинката .
Серафима, ти благодарам за комплиментите. Немам некој посебен рецепт за тестото, моја измислица е. Замесив тесто од 1кг брашно, малку млака вода, 1коцка квасец, лажиче шеќер и сол и додадов и неколку лажички растопена свинска маст. Имав останато јогурт околу 150-200мл, не ми се пиеше, а беше во фрижидер два-три дена, па го ставив и него во тестото, а намалив од потребната количина вода. Оставив да стаса околу 1 час, потоа го размесив и формирав топчиња со тежина од 300г, ги оставив покриени да постојат уште отприлика пола час додека да омекнат и ги формирав пастрмајлиите. Ми остана од тестото и за неколку помали лепињи. Печев 10тина минути на температура од 275 степени. Потоа со четка земав од растопената маст од кај месото и го премачкав тестото. Многу беа меки дури и утредента.
Receptata e pogore na stranava. Blagodaram za komplimentot no kulinarskite sposobnosti na Serafima se daleku nad moite
Повели мила @IronLady . Домашен munchmallow Потребно: 500 гр. шеќер, 150 мл вода се вари шербет, 2 пак. ванила шеќер. 4 пакетчиња желатин (од по 10гр.) и 100 мл вода се става да набабри. 4 белки и 4 лаж. шеќер се бие во цврст шамп. Дополнително: Малечки тркалезни кекси или обични (по можност некои ронливи, но не и тврди) или пак можете да направите тесто од жолчките, путер (околу 150 гр.) , брашно (по потреба, од прилка помалку од 1/2 кг), 1 лаж. какао, 100 гр. шеќер, 1 пак. прашок за пециво ( се замесува тесто и потоа се сучи кора, се вадат форми и се печат, за потоа да се филуваат) и 200 гр. чоколадо за глазура. Најпрво се бијат беликите со шеќерот и се оставаат настрана. Во меѓувреме додека се бијат белките се вари шербетот и само што ќе зоврие се трга од оган. Додека е врел шербетот му се додава желатинот и се бие. Се бие некаде 10-15 минути, додека не се добие бела пенеста смеса. За тоа време и самата смеса ќе излади, па потоа се стваат избиените белки. Потоа се филуваат кексите. **Втората варијата, ја правев со обични бисквити. Не бев задоволна искрено, зашто бисквитата и понатаму останува тврда, иако има фил на неа, па затоа нареден пат би направила тесто од жолчки или пак би ставила некои кекси кои се доста ронливи. Откако се изладат, се става глазурата од чоколадо.
Секако дека може. Зависник сум од „Мои рецепти“, а особено од оние на Фичо. Рецептов е од негово видео. Еве линк, си објаснува се' како што треба и нема промашај.