@Nalutena1. Од око мерки. Брашно,вода,зејтин,квасец,шеќер и сол и две три капки ракија. Да стасаат и ги размесуваш,правиш топчиња намрсени и ги пржиш мекиците.Тестото замесено намеко.
Ги правеше мајка ми. Го земав рецептот и јас. Превкусни се меки 700 гр интегрално брашно, 1 гол.лажица сол, 1 мала шеќер, 5 големи лаж. кисело млеко, 50 гр.зејтин, пола квасец. Се сечат на лентички и правоаголници и се пржат во зејтин
@theowndemon Мафини со спанаќ и сирење Состојки: 250гр спанаќ 200мл јогурт 50мл зејтин 2 јајца 5лаж. пченично и 4лаж. пченкарно брашно или 9лаж. бело брашно 1/2 пециво 150гр сирење малку сол по потреба доколку сирењето не е доволно солено, по желба Подготовка: спанаќот обарете го во солена врела вода и оставете да отстои 15/20мин. па убаво исцедете го и ситно исечкајте. Од јајцата белките одвојте ги од жолчките и матете со миксер додека не станат пенасти. Потоа додадете го јогуртот, зејтинот, пецивото, брашното и жолчките матите додека не се соединат. Го исклучувате миксерот и го додавате спанаќот и сирењето, мешате со лажица додека смесата убаво не се соедини. Во тавче со модли редите хартиени калапи и ги полните, во претходно загреана рерна го ставате тавчето. Печете 10мин на 200степени и уште 10мин на 180.
@oblace1 Повели рецептот. Состојки: 1/3 чаша овесни снегулки, изблендирани во брашно 1 чаша сварен нохут 1/2 чаша печени црвени пиперки 1 чешне лук сок од 1/2 лимон сол по вкус 1 чаша морков, исечкан на ситни парчиња 1 грст свеж магданос 7-8 ливчиња свеж босилек oпционално 1 лажичка мексикански зачин за тако Ги блендираме овесните снегулки додека не добиеме брашно и ги тргаме настрана. Посебно ги блендираме нохутот, печените црвени пиперки, лукот и лимонот заедно со солта и ги додаваме во овесното брашно. Ги додаваме ситно исецканите моркови, магданосот и босилекот и мешаме се заедно. Формираме топчиња и ги печеме на 220° околу 20-25 минути.
Така, ако немаш пченкарно и пченично ставаш само бело, или бело + некое од двете, битно да се 9лажици. Секако ќе ти излезат убави
@Asterion може едно прашање? Зошто наутот го викаш нохут? Дали е тоа зборче од некој дијалект или што? Јас знам дека се вика наут, или леблебија, за нохут немав слушнато. Инаку и јас навивам за блог ✌
@Annath сега прашав дома и ми кажаа дека наут се вика. Повеќе од блоговите кои ги следам и рецептите од кои земам инспирација се на англиски и тие го викаат или chickpeas или garbanzo beans, а на македонски си мислев нохут е. Имам чуено, недочуено и така ми останало. Да не ме прашаше немаше да знам дека погрешно го викам. Ај битно на ,,н" почнува. Едит: Не бев сигурна дали така се вика и пишав нохут во google да видам што слики ќе ми даде и ми излегоа слики од наут, па си мислев во право си сум.
Една рака мелен овес, се замешува со пола гмечена банана и две-три лажици оризово млеко. Внатре додадов, суво грозје, сончоглед, кокос и какао. Се пече 10тина минути на 180 степени. Одозгора ставив крем. Ова се ти е од кутара(шо викаме кај нас), колку за еден човек. Инаку може да си комбинираш, место млеко-јогурт, други овошја семиња итн.