Рецептот не е ништо посебно, по вкус ставаш се што сакаш и колку сакаш. Конкретно овие: се варат макароните, се додава путер, ситно сецкана шунка, рендан кашкавал, малку павлака, малку томатело и оригано. Се ставаат во тавче да се потпечат, ама не многу долго, поубаво е кога се посочни.
@Belabelinakinder http://www.kuhinjazaposlenezene.com/2015/09/bavarske-perece-bavarian-pretzels.html?spref=pi&m=1 Повели
Рендана салата 3 варени компири,3 јајца варени,3 моркови варени ,салама,сирење оваа смеса ми е за садот во кој е салатата .Рендаш ред компир ,посолуваш со сол и малку црн бибер премачкуваш со мајонез ,потоа нареден ред моркови ,па павлака и така додека ги употребиш сите состојки.Ставам павлака оти само со мајонез ми е тешка за јадење,а можеш и да ги измешаш двете состојки и да премачкуваш со смесата .Одозгора е рендана жолчка и обавезно сол за да не е блуткава .Пиши ми ако не ти е јасно нешто.
@1209 мини сладолед торта е, ама на мој начин. Најдолниот слој е смеса од мелени бадеми, суво грозје и урми, вториот чоколаден слој е од блендирана заледена банана заедно со какао и најгорниот слој е сладолед од блендирана заледена банана заедно со јагоди.
Прво многу малку го запржувам (колку да смени боја и да излезе неговата мрснина) потоа додавам вода да се залие и оставам на тивко да крчка , кога ќе испари водата додавам пак и така 2 часа на крај кога ќе испари водата останува мрснината , сосема малку го запржувам од двете страни толку
Јас не го пржам никогаш Целата кртина во тенџере.Убаво го налевам со масло и вода и на тивко 2-3 часа.Го обраќам од време на време.Сол на крај додавам.И обавезно со капак да е затворено.Не да е меко се крши самото
Ако не го препржиш ќе е меко , затоа прво убаво ќе се издинста , па на крај го запржувам . Еве има и како @joy1 што не го пржат воопшто , ама тоа се е до вкус.
Дa целo пaрче месo гo врзувaм дa биде стегнaтo се oсoлувa oд сите стрaни и се прже нa мaлку зејтин пo мaлку oд сите стрaни.Се стaвa млекo дa гo пoкрие месoтo се пoклoпувa и нa нaјтивкo се oстaвa oкoлу 3 чaсa или дoдекa не испaре млекoтo.Пиши рецепт зa лепчетo.
Се е од око, брашно,квасец,вода,сол,зејтин малку шеќер колку да стаса квасецот. Се замесува и се остава да отстои саат ипол,после се обликуваат векните,па уште пола час и се пече Овој е премачкан со зејтин за да биде мек,ако сакате корка не премачкувате. Тоа е тоа,стандартпостапка за месење леб.
Овие да не се руски пирошки или како се викаа, со мелено месо полнети? Омилени на Путин, или така нешто? Вкусно изгледаат. Рецепт ако може, Витали Тнх.
https://www.coolinarika.com/recept/cebureki/ после консултација со главниот готвач од пошироката фамилија.
Да да Чибуреки, руски рецепт. Еве повели. Спојлер http://tishka.org/домашние-чебуреки-с-мясом Јас од тука гледав но имаш и многу други рецепти, само пиши чибуреки и излегуваат секакви рецепти.