1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти од нашите баби

Дискусија во 'Рецепти' започната од kikikikirika, 3 јули 2011.

  1. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Тоа ни се случило речиси на сите додека сме биле мали. Мајка ти е на работа, гладен си а немаш пари да си купиш нешто што да правиш... Ја викаш баба ти или и се јавуваш и таа те учи да готвиш. И што е најбитно бабите секогаш не учат како да ги зготвиме нашите превкусни традиционални македонски јадења.
    Нив дури им е мило ако ги прашаш за разлика од мајка ти која ти стои над глава цело време и која ќе ти најде 300 замерки после :) :)


    Сум научила многу за кулинарството од баба ми и тоа повеќето преку телефон бидејќи не живеевме заедно. Имам еден куп рецепти што можам да ги издвојам но ќе почнам со мојот најомилен и наједноставен -ЧАЛБУР (кај нас така се вика на друго место можеби е инаку)

    Потребно (за 1 особа)
    2 јајца
    2 големи лажици брашно
    3-4 дл вода
    зејтин
    црвен пипер
    сол

    Почетокот е ист како да правиш запршка само треба да е малку погуста од другите манџи. Се става малото тенџерето на оган и ставаш малку зејтин колку да има низ цело тенџере. После го ставаш брашното и го пржиш додека не ја смени бојата во кремаста. После ставаш пола лажичка црвен пипер и мешаш да не загори. Ја додаваш водата и чекаш да зоврие а за тоа време ги кршиш јајцата и ги ставаш во филџан. Кога ќе зоврие водата ги ставаш и јајцата внатре и ги вариш 5 минути со повремено мешање. Додека се варат ставаш сол и вагета по желба.

    Јас се убивам од јадење додека моите дома го мразат :D :D

    А вие што научивте од вашите баби?
     
    На ILoveBaby и Mayyya им се допаѓа ова.
  2. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Ахаха, чалбур, го правам само кога сум сама дома и си го јадам со сласт, оти дечко ми (т.е. мојот тазе вереник :) ) нејќе ни да слушне. А многу е вкусно, баш пред некој ден си правев.
    А еве еден рецепт од мојата баба - ПОПАРА :)
    Се пржи младо кромидче, неколку главици, што повеќе тоа поубаво, се додава брашно, па црвен пипер, како запршка, се додава вода, сол, и откако ќе зоврие водата се става раздробен леб, и треба лебот да ја упие водата, значи се става леб додека не испари водата. И со сиренце е многу слатко. И попарата сама си ја јадам :D
     
    На sas.ka89 и kikikikirika им се допаѓа ова.
  3. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Сум чула и јас за Попара ама стварно не знаев како се прави дека мајка ми не прави.
    Одличен рецепт !!! :clap: :clap: Ќе пробам да направам деновиве па ќе видиме што ќе излезе :)
     
  4. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Рецепт од мојата баба-ПРЕСОЛЕЦ
    Перцата од младо кромитче се сецкаат ситно, се става сол и се тупаат со толчник (дрвен е), потоа во едно тавче се става зејтин да се стопли, се додава една лаж. црвен пипер, се трга од оган и се промешкува како запршка нешто. Потоа така врело се додава на тупканите перца и се се` меша.
    Многу е вкусно како додаток на исхрана на пр. со скара е топ.
    А може и леб и само пресолец, така наречено по старински-макање.
    После следи миење заби и едно 2-3 мастики орбит :lol:
     
    На kikikikirika му/ѝ се допаѓа ова.
  5. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    341
    Јас знам за попара, ама не со готвење. Има модификации со попарата. Мене од мала ми ја имаат правено наједностваната.
    Препеченки парчиња раздробен леб, се стваат во кисело млеко. И готово :)
     
    На kelly.r му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    330
    и јас исто знам за попара исто како slatkichKa123 ама кај мене баба ми место кисело млеко она ставаше топло млеко со многу шеќер :)
     
  7. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    341
    Епа има и друга варијација, со бисквити и топло млеко и шеќер. Ммм.. Најубаво!
     
  8. infinity

    infinity Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    30
    тупеница-стар леб издробен и пропржен во малку масло и наросен со нане и пипер -остај ме цел ден ке јадам :rofl:
     
    На eutixismena, analia13 и kikikikirika им се допаѓа ова.
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    К’лчано
    Се варат суви пиперки околу 5-6 и 2-3 компира. Во каленица се става 1-2 чешниња лук и малку сок, тоа убаво се толчи. Се додаваат ситно сецканите варени суви пиперки и тие се толчат, се ставаат ситно сецкани варени компири и се убаво се промешува. На тава се загрева малку зејтин и се попрскува одозгора смесата од каленица. Ова ми се допаѓа многу а некој по желба става и ситно исецкан праз.

    Попара
    Сув леб се сече на коцки и се става во подмачкано тавче со зејтин. Одозгора се поросува со сирење и се става да се пече. Пред да биде готово се пропрскува со мешавина од вода и зејтин и пак се враќа во релна да се допече
     
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    На времето баба ми правеше каша која ја викаше Бел Маж. Си ја топевме со лепче. Ако знае некоја како се прави да ми каже? Знам баба ставаше брашно урда и вода, и се пржеше некако ама не знам од кај да почнам.
     
  11. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    мантии
    нека е жива и здрава баба кога ке ми направи мантии под вршник уф уф после тоа два дена немам место во стомачето да ставам било шо.. имате ли јадено ? и како ви се допаѓаат ?
    http://www.google.com/imgres?q=mantija& ... 66&bih=632
     
  12. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    785
    Пол:
    Женски
    макало од суви пиперки

    суви црвени пиперки се варат, околу еден час , (можда и повеќе) и се отстанува лупешката
    потоа се сецкаат (тие секако си се веке издробени со лупењето) се додава , ситно исецкан праз, зејтин, сол и околу 100 мл зовриена жешка вода , сето тоа се меша и се мака со лепче

    :!: исто така мноу е добро за во петок, ако дента имате варено бел грав (без запршка) ставете му и десетина лажици од гравот во макалото (така е уште подобро)
     
  13. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    785
    Пол:
    Женски
    макало од печен кромид

    4,5 големи главици кромид (не лупени) ставете ги во тепсија да се печат околу час можеби и час и половина, ( додека кромидот добро не омекне а лушпата ако си потемни)
    потоа отстранетеја лупешката разделетеги слоевите од кромидот , малку исечкајте, ставете го кромидот во сад , турете му масло (убо да си е мрсничок), сол и црвена пипер, мешаш и макаш
    ( кромидот има мноу убав вкус печен, не мириса воопшто) јас го обожавам
     
  14. the.child

    the.child Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    34
    бабами правеше премногу специјалитети, ама кога почина не бев мажена и не застанав да научам нешто од нејзе, обожаваше да ни прај месени работи :)
    Јас ја запамтив топеницата: во караванче се става леб ладен, крешен на залаци, и филган за кафе вода и масло и се печи во релна и потоа се вади и се става сиренцеее и солл. превкусно еееее девојки :inlove:
     
  15. Tearful

    Tearful Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    72

    топеницата мајка ми ја прави на сличен начин, но наместо со сиренце и сол, се потопува печеното лепче со јогурт малце да омекне и многу е вкусно.ти препорачувам нареден пат на овој начин да ја пробаш топеницата :) :)
     
    На the.child му/ѝ се допаѓа ова.
  16. the.child

    the.child Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    34
    супер, фала ;)
    со се би ја пробала, но ми недостига топеницата што ја правешее таа лично, некако послатка беше одшто јас самата си правам :$
     
  17. tweety-tweety

    tweety-tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2013
    Пораки:
    574
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Не научив некои специјалитети од баба само попара....Ама она јаде и сирење и лубеница :sweat: :sweat: .... :D :D
     
  18. VictoriaSan

    VictoriaSan Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    943
    Пол:
    Женски

    Малку доцна ама сепак ќе одговорам : И баба ми правеше ваква каша ама кај нас ја викаат прженица. Морам да си се пофалам дека после баба јас правам најубава каша ^_^ Во тава се заграва зејтин и се додава брашно . Количината е различна во зависност за колку лица се прави . инаку размерот на брашно и урда е ист т.е ако ставаме 3 лаж. брашно исто толку и урда. Прво брашното се пропржува потоа се додава и урдата и убаво се промешува да се соединат. На оваа смеса (3 со 3) се додава 1 чаша вода и повторно се меша . Во зависност од вкусот т.е густината по потреба може да се додаде уште вода . Ии тоа е тоа :D
     
    На felisitas и imelda им се допаѓа ова.
  19. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Δ
    Што викаат, поарно покасно отколку никогаш :D оти уште немаше да знам како да ја забркам. Фала на рецептот, баш ќе си сварам урда и ќе ја испробам. Имам предчувство дека ќе се најадам додека не пукнам :tmi: :D
     
    На VictoriaSan му/ѝ се допаѓа ова.
  20. VictoriaSan

    VictoriaSan Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    943
    Пол:
    Женски


    Молам , Повели и друг пат ;)


    Инаку како испадна ? Ја проба ли ? :)