1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти од турската кујна

Дискусија во 'Рецепти' започната од CaperucitaRoja, 27 мај 2012.

  1. CaperucitaRoja

    CaperucitaRoja Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2011
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Во екот на турските серии, предлагам да отвориме и една ваква тема :)
    Да коментираме за нивните специјалитети и оние поупатените да ни постираат и по некој рецепт. Иако не сум ги пробала, ме фаќа стрв за лахмаџун и пиде. :wasntme:

    [​IMG]

    [​IMG]
     
  2. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317
    поубаво нешто од ф стак баклава не сум пробала :)
     

    Прикачени фајлови:

    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Лахмаџунот е всушност турска пица. Јас имав можност да пробам во Турската Чаршија кај нас.
    Беше некаде околу 100-тина денари ако добро се сеќавам.
    Не ми остави некој посебен впечаток, затоа што нели се прави со мелено месо, а јас не сум по месото, плус мелено не можам да поднесам многу, многу. А и јак вкус ми имаше. Мајка ми порано многу јадела лахмаџун, постојано правеле. На нејзе и се допаѓа многу, за разлика од мене.
    Еве еден рецепт за како се прави.

    Состојки
    Фил
    500 гр мелено месо
    3 чешниња лук
    5 главици кромид
    100 мл кечап
    100 мл доматен сос или салца
    1 китка магданос
    2 лажички црвен пипер
    3 лажички оригано
    Тесто
    500 гр брашно
    300 мл вода
    2 лажички сол
    1/2 лажичка шеќер
    5 лажици масло

    Подготовка

    Се подготвува на следниот начин
    Ситно се сецка кромидот и лукот (може и да се изрендаат за да подобро се измешаат во смесата). Се додаваат во меленото месо, заедно со доматниот сос и салцата (може да се користат и ситно сецкани домати наместо салца). Се додаваат зачините и сето тоа се меси. Се додававаат и две лажици брашно за да смесата биде поцврста.
    Тестото се замесува слично како за пица и се расукува на тенки округли кори, на кој се премачкува тенок слој од филот.
    Потоа се пече во рерна на 200 степени, околу 10 минути, додека да зарумени.
    Одкако ќе се испече, се расекува на четвртинки, одозгора се става ситно сецкана марула или може рендана зелка, морков и сл. зеленкук по избор, се цеди лимон врз сето тоа, се мота во ролат и се јаде во комбинација со ајран (матеница).



    [​IMG]
     
    На Inana123 и mssuniquee им се допаѓа ова.
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Турската кујна ја имам пробано од одење на одмор по Турција (3 год по ред). Ми се допаѓа.
    Незаменливи се по сукани и месени работи а да не зборам за шербетлиски слатки а и бурекот е нивен ако не се лажам :?: .
    Овдека во Мк имам пробано кај албанци кои прават турски јадења и ми се допаѓа. Посебно ми остава впечаток зелник со телешки џигер. Значи ист како нашиот само што филот е со пропржен кромид и ситно сецкан телешки џигер. Некој става и лукче а се јаде со ајран.
    Толумбите ги прават како мали топчиња (во Рамстор имаше да си купиш на кило, за сега не сум сигурна), не знам баш како се викаат по нивно али убави се. Да не зборам за баклава со ф`стаци и нивен локум со фстаци - многу убаво. Баклавата има посебен шмек затоа што секоја кора ја сукаат, и тоа е толку тенко исто како да е купена кора, е тоа е веќе искуство.
    Чистото турско ќебапче е од телешко чисто месо е сега што некои го пржат/печат во тава/решетка која е премачкана со лој е друга работа и на нас не ни се допаѓа.
    Палачинките ги сукаат со сукало и ги печат секоја кора посебно. Фил по желба. Албанците кај нас секоја кора посебно ја прават т.е печат под вршник, филот го прават со козја урда и јајца и така едно 10 кори и готова пита. Многу е вкусно, навистина.
    Оние стандардни јадења, полнети пиперки, сарми и сл. е исто како кај нас само што тие ставаат многу зачини и тоа копар и нешто др. - онаа трава :) што ја користат индијците не ми текнува како се викаше (јас баш копар во јадење во изобилство не го сакам а па таа трава ич).......
     
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Ми се допаѓа дел од турската кујна, посебно лахмаџунот, тој во Чаршија е подобар малку од арапскиот ресторан Аладин кај нас.
    Со тоа што јас мислам дека оригиналниот рецепт е со сецкано јагнешко или телешко месо, а не со мелено.

    Пиде не сум пробала, но во план ми е.
    Мајстори се за месено, односно сукано, им го сакам локумот, баклавата, ашуре, алвата...
    И оригиналниот салеп и турски чај. :)
    Не сум голем обожавател на модриот патлиџан, ама нивните полнети модри патлиџани се предобри.
    Сакам да пробам и фалафел и табуле.
    Еве еден рецепт.

    Салата од кус кус - Табуле
    Потребни состојки :

    250 гр кус кус
    300 гр . вода
    2 средни домати
    Магдонос
    100 гр путер
    Маслиново масло
    Сол
    Подготовка :
    -----------------------------------------
    На загреана рингла се става 300 гр вода со сол и малку маслиново масло да зоврие . Откако ќе зоврие водата , садот се трга на страна и се става 250 гр кус кус , се меша додека зрната кус кус не набабрат . На посебна тава на тивок оган се става путер ( или маслиново масло по желба ) и две супени лажици кус кус да се пропржат . Откако зрнцата кус кус ќе се заруменат се додаваат на останатиот претходно приготвен кус кус и се меша .

    На страна се сецкаат доматите на коцки и се сецка магдоносот . Се додаваат на смесата од кус кус и се меша додека смесата не се изедначи .

    Се додава сол по вкус.
     
  6. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Овие работи си ги мезам во турска чаршија. Не ми е сигурно од секаде пошто тешки овчоини не поднесувам, ама најдов едно место од каде што сум презадоволна. Месото убаво зачинето по мој вкус, тестото меко и малку крцкаво...мх мх.

    Би била благодарна ако некој стави оригинален рецепт за баклава со ф'стаци :) Знам дека по традиционален рецепт корите се сукаат ептен тенко, ама не знам дали би се нафатила на тоа богами, иако прилично добро сукам :$ Како и да е може да се проба :D

    Гледам ставиле рецепт за лахмаџун, еве еден од мене за исто така познатото пиде.

    Најпознати се овие видови:

    kasharla - кашкавал + домати и пиперки по желба
    kimarla - мелено јагнешко месо со доматен сос
    sujuklu - парчиња турски колбас ( суџук)
    yumurtlu - јајце и малку кашкавал
    karashuk - фил од сите горенаведени состојки
    kushbashala - помали парчиња јагдешко месо и доматен сос

    Сум сретнала и други варијации, со маслинки, разни зеленчуци, дури и со пилешко. Оригинално мислам дека е со месо поточно суџук или со мелено јагнешко и телешко.

    За тесто:

    100 мл топла вода
    100 мл јогурт
    100 мл масло за јадење
    20 гр свеж квасец
    1 лажиче сол
    1 лажиче шеќер
    1 лажица растопен маргарин
    500 гр меко брашно

    За фил

    300 гр мелено јунешко месо
    1 главица кромид, ситно исечкана
    1 домат
    1 јајце
    сол, бибер
    малку масло за јадење

    Во рецептот не се наведени, но може да се користат и разни традиционални турски зачини како копар, магдонос и ким.

    Не можеше да се преземе текстот и сликите, на овој линк ја имате целата подготовка.
    http://chasovipogotvenje.blogspot.com/2 ... _4383.html
     
  7. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317
    Булгур пилав со зеленчук

    Потребен материјал:

    2 главици кромид
    4-5 зелени пиперки
    2-3 супени лажици путер (или масло)
    4 средни домати
    2 средни компири
    1 сад со шок булгур пилав
    2,5 сад варена вода
    1 лажичка шеќер
    Подготовка:

    Двете главици кромид и 4-5 те исечкани пиперки варете ги со 2-3 те лажици путер.
    4-те домати исечкајте ги на помали парчиња и ставете ги во сад за готвење. На истиот начин исечкајте го и компирот и додадете го во садпт за готвење.Околу 5 минути промешајте со дрвена лажица и варете.
    Додадете го садот со сварена вода. Компирот да биде полу печен (да не биде печен до крај), додате го исчистениот и измиен булгур пилав. Потоа, додадете 1 лажичка сол и печете се додека булгурот не ја впие водата. Откако ќе ја впие водата под капакот на садот за готвење ставете една крпа да постои 5 минути додека да испари.
     
  8. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Анабела ме интересира какво е месото?
    Свинско не е. Нели тие не јадат такво.
     
  9. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Aшуре...
    Описот на подготовката на овој десерт во "Копилето од Истанбул" беше толку сликовит, што ми ги долови мирисите, вкусовите, боите...

    Не сум правела, рецептиве што ги наоѓам ми се за многу големи количини, а и подготовката е долготрајна и личи на ритуал.

    Би го пробала ова инстантов, за помрзливи домаќинки. Сигурно го има во Рамстор.
     

    Прикачени фајлови:

    • index.jpg
      index.jpg
      Големина на фајлот:
      14,8 KB
      Прегледи:
      3.436
    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      6,7 KB
      Прегледи:
      3.433
    На Shelea и Mrs.Bass им се допаѓа ова.
  10. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497

    Некои прават со јагнешко мелено месо, а други пак со некое сасвим трето.
    Ама се прави и со пилешко месо, во случај да не ги јадеш горенаведените. :)
     
  11. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317

    ашуре е нешто преубавоооо :inlove: го имам пробано неколку пати и уште ми е во мисла :)
    ако го знаеш рецептот плс пиши па да правиме ;)
     
  12. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Aко сте за Лахмаџун, елате кај мене. Брат ми го има толку усовршено што е поубаво од било кој ресторан, не во Македонија море и во Турција. :D
    Е јас пустото вегетаријанче па јас со печурки го јадам ама и така е преубаво.

    Еве еден рецепт со компири од мене. Со ова имињава не знам како да преведам, они си ги викаат Patates Mucveri па нека бидат Муквери компири. :)

    -3 до 4 компири со средна големина
    -1 кромид
    - едно јајце
    - малку сода бикарбона
    - неколку гранчиња свеж магданос
    - сол
    - црн пипер
    - половина шоља брашно
    - масло за пржење

    Се љупат компирите и сега треба да се измелат, они имаат посебни машинки. Е сега јас за да се снајдам, ги рендам ама на најситно и така излегуваат. Кромидот го сечкам многу ситно, исто и магданосот. Се меша се заедно со зачините, брашното и јајцето и се прави хомогена смеса. Се прават ќофтиња ама поиздолжени и сплескани, како дискови (доле има слика) и се пржат од двете страни. Ако ставите сода бикарбона ќе бидат воздушести и помеки а ако сакате покрцкави, не ставајте.
    На здравје. :)

    [​IMG]

    Нареден пат ќе ставам една торта од спањак што многу ја сакам. Имав и едно книжуле од 20-тина странички од рамстор со традиционална турска храна, ќе пробам да го најдам зошто не верувам дека некој го фрлил. Имаше многу интересни рецепти. :)
     
    На okcenzi, Twinkles и hermosa им се допаѓа ова.
  13. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Живо Ќофте (непечено)
    Потребни состојки:
    * 1 / 2 кг. телешко мелено место (посно)
    * 1 кг. Ситен булгур (има во Рамстор и на Бит Пазар)
    * 2 средни кромида
    * Буковец
    * Салца од домати
    * 2 лимони (сецкани мали)
    * 1 / 2 чаша зејтин
    * Магданос, нане
    * Ким, црн пипер
    * Сол

    Подготвување:
    - Булгурот се става во голема тепсија. Се додава салца, изрендан кромид, лимон и се мешаат.
    - Се додава меленото месо и се почнува со месење.
    - Потоа се додаваат мирудиите и солта, и се продолжува со месење. Повремено се додава зејтин.
    - Се меси додека не омекне булгурот (околу 40 минути).
    - Се дава форма на ќофте, се служи со марула и лимон.
    [​IMG]
    ---------------------------------------------------------------------------------------------------
    реванија со млеко
    Потребни состојки:
    6 јајца
    1 чаша шеќер
    2 чаши брашно
    1 пециво
    за шербетот:
    1 литар млеко
    1 чаша вода
    1 чаша шеќер
    1 пакет ванилин шеќер

    Подготвување:
    - Јајцата и шеќерот се матат со миксер 5 минути. Потоа се додава брашното и пецивото.
    - Смесата ја истураме во тепсија подмачкано со зејтин и јас ставаме во рерна на 180 степени.
    - Се пече додека да добие светло кафена боја. Потоа се остава на ладење.
    - Од друга страна се вари 1 литар млеко
    - Посебно се вари 1 чаша вода со 1 чаша шеќер.
    - Откога ќе го тргнете од шпорет, мешавината од шеќер и вода, заедно со 1 ванилин шеќер се додава во млекото
    - Се чека да се олади шербетот а потоа се додава во исто така оладената реванија
    http://2.bp.blogspot.com/_70utQoZtQos/Sqe0mVov7EI/AAAAAAAAAAc/r2SaaAXNErU/s320/revani.jpg[/img
    ]
    ----------------------------------------------------------------------------------------
    Супа од зелена леќа
    Потребни состојки:
    2 чаши зелена леќа
    Пола чаша маслиново масло
    1 кромид
    2 големи лажици салца од домат
    1,5 – 2 л. Вода

    Подготвување:
    - Кромидот се пропржува со маслото а потоа се додава и салцата
    - Потоа се додава и леќата и солта и се пропржува уште 1 до 2 минути.
    - Се додава вода и се остава да се вари
    - Варените состојки се гмечат и се цедат за да се добие кремаста смеса
    - Се сервира со сос од лук, оцет и буковец
    [img]http://2.bp.blogspot.com/_70utQoZtQos/SqerU-hJO1I/AAAAAAAAAAU/9mQCvt4Ohs0/s320/Ye%25C5%259Fil%2BMercimek%2B%25C3%2587orbas%25C4%25B1.jpg
    ---------------------------------------------------------------------------
    Банички

    Потребни состојки:
    2 лажици шеќер (големи)
    2 лажички сол (мали)
    квасец
    500 мл млеко
    250 гр маргарин
    Брашно (околу 1 кг)
    Тестото се замесува и се остава да стаса. Откако е готово се замесува повторно.
    Од смесата се прават (околу 8) топчиња. Секое топче се развлечува во тенка кора. На кората нарендајте маргарин и размачкајте го по целата површина. Потоа исто така се ренда сирење и се завиткува во облик на ролат. Кората се свиткува во која сакате форма. Откако се готови сите кори
    ставете ги во тавче за печење и печете додека не поруменат. Се печат околу 15 минути.
    [​IMG]
     
    На okcenzi и Mrs.Bass им се допаѓа ова.
  14. Vikita

    Vikita Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    67
    Раванија со млеко:

    Потребни состојки:

    6 јајца
    1 чаша шеќер
    2 чаши брашно
    1 пециво

    За шербетот:
    1 литар млеко
    1 чаша вода
    1 чаша шеќер
    1 пакет ванилин шеќер

    Подготвување:

    - Јајцата и шеќерот се матат со миксер 5 минути. Потоа се додава брашното и пецивото.
    - Смесата ја истураме во тепсија подмачкано со зејтин и јас ставаме во рерна на 180 степени.
    - Се пече додека да добие светло кафена боја. Потоа се остава на ладење.
    - Од друга страна се вари 1 литар млеко
    - Посебно се вари 1 чаша вода со 1 чаша шеќер.
    - Откога ќе го тргнете од шпорет, мешавината од шеќер и вода, заедно со 1 ванилин шеќер се додава во млекото
    - Се чека да се олади шербетот а потоа се додава во исто така оладената реванија.
     
    На kikikikirika му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Лахмаџун
    СОСТОЈКИ (за 4–6 порции)

    • 1 мала лажица шеќер
    • 40 гр сув квасец
    • 2 шолји брашно
    • 1 ½ мала лажица сол
    • ¼ шолја маслиново масло
    • 3 големи лажици пире од домати
    • 1 голема лажица ситно исечкан магданос
    • ½ мала лажица бибер
    • ¼ мала лажица ким
    • 1/8 мала лажица цимет
    • 100 гр ситно сечкано јагнешко месо
    • 2 чешниња лук
    • 1 шери домат
    • 1 мал кромид
    • ¼ мала лажица црвен пипер

    ПОДГОТОВКА

    Измешајте шеќер, квасец и ¾ шолја вода во мал сад и загрејте ја смесата на температура од околу 110℃. Смесата приготвувајте ја околу 10-тина минути или поточно додека не стане пенеста. Потоа, во друг сад, ставете брашно и сол и во средина ставете ја смесата со квасец. Измешајте добро, за да добиете тесто. Потоа, тестото префрлете го на работна површина на која сте ставиле малку брашно. Замесете го тестото (околу 5–6 минути). Пренесете го замесеното тесто во сад кој е малку намаслен и покријте со платична фолија. Оставете го тестото да нарасне двојно (околу 1 час). Потоа, тестото поделете го на 4 дела и од секој дел направете топка. Пренесете ги топките од тесто на побрашнета хартија за печење. Прекријте со влажна крпа и оставете да отстои 45 минути.

    Во меѓувреме, направете го „топингот“. Во голем сад измешајте масло, пире од домати, магданос, бибер, ким, црвен пипер и цимет. Промешајте добро. Потоа, додадете ги и јагнешкото месо, лукот, доматите, кромидот и зачинете со сол. Повторно промешајте и оставете настрана.
    Загрејте ја рерната на температура од 250℃. Со помош на сукало, од топката тесто направете диск со дијаметар од 25 сантиметри. Поставете го тестото на хартија за печење, ставете 3–4 лажици од смесата со месо и убаво размачкјате ја по цела должина на тестото. Додадете сол. Подигнете го тестото заедно со хартијата и ставете го во сад за печење. Печете сѐ додека не добие златно-кафена боја, односно 6–8 минути. Истото направете го и со другите топки тесто.
    ------------------------------------------------------------------------------------
    Булгур пилав со зеленчук

    Потребен материјал:

    2 главици кромид
    4-5 зелени пиперки
    2-3 супени лажици путер (или масло)
    4 средни домати
    2 средни компири
    1 сад со шок булгур пилав
    2,5 сад варена вода
    1 лажичка шеќер
    Подготовка:

    Двете главици кромид и 4-5 те исечкани пиперки варете ги со 2-3 те лажици путер.
    4-те домати исечкајте ги на помали парчиња и ставете ги во сад за готвење. На истиот начин исечкајте го и компирот и додадете го во садпт за готвење.Околу 5 минути промешајте со дрвена лажица и варете.
    Додадете го садот со сварена вода. Компирот да биде полу печен (да не биде печен до крај), додате го исчистениот и измиен булгур пилав. Потоа, додадете 1 лажичка сол и печете се додека булгурот не ја впие водата. Откако ќе ја впие водата под капакот на садот за готвење ставете една крпа да постои 5 минути додека да испари.
    -------------------------------------------------------------------------
    Полнето турско ќофте=Icli Kofte
    Потребно е:
    (за фил)
    300 гр мелено говедско месо
    1 главица кромид, стино исечкана
    пола рака ореви, исечкани
    пола лажиче црвен пипер
    сол, бибер
    пола лажиче буковец
    (за школката)
    400 гр говедско месо, исечкано на коцки
    1 црвена пипрка, исечкана на коцки
    230 гр булгур
    1 главица кромид, ситно исечкана
    3 лажички пире од домати
    сол, бибер
    Подготовка: Прво, подгответе го филот. Во тавче загреано со малку масло, ставете го кромидот да се пропржи. Кога ќе омекне, ставете го меленото месо да се испржи. Кога месото ќе биде кафено и испржено , додајте ги зачините и измешајте ја целата смеса. Сега, почнете со подготовка на школката за ќофтето. Во просецор за храна, ставете ги месото и пипрката и миксајте додека да сето се претвори во паста. Булгурот ставете го во сад и полијте го со врела вода (исто како кус-кус). Кога ќе набабри, убаво исцедете го, ставете го во чист сад и додајте ги пирето од месо и пиперка, пирето од домати, кромидот и зачините. Со рака измесете ја целата смеса околу 10 минути за да се соедини се. Процес на полнење:
    Со мало лажиче земете од смесата (за школката) и ставете ја на дланката. Со лажичето убаво израмнете ја смесата, а потоа со прст направете дупче во израмнетата смеса, како на сликата. Празнината наполнете ја со едно лажиче од филот со мелено месо и потоа, убаво затворете го ќофтето, така што треба да биде мазно и со мали шпицови на краевите, како на сликата.
    Готовите ќофтиња наредете ги во чинија, притоа да не се допираат едно со друго и ставете ги во замрзнувач да се стегнат. Кога убаво ќе се замрзнат, извадете ги од замрзнувач, оставете ги само 5 минути да се опуштат и пржете ги во поголема количина врело масло. Тие ќе бидат пржени кога ќе почнат да добиваат убава темно кафена боја.
    Готовите полнети турски ќофтиња, ставете ги на чинија со кујнска хартија, за да ја впијат вишокот маснотија. Од овој рецепт ќе ви излезат 22 ќофтиња. Сервирајте ги со малку лимонов сок и буковец.
    Совети: Полнењето на ќофтињата треба да биде многу брз, затоа што ако булгурот многу се работи со рака, тој ќе почне да се распаѓа.
     
  16. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317
    вчера бев во рамстор ама не најдов вакво ашуре....сега сум во потрага на рецепт од интернет...
    поубаво нешто од ова ашурето нема :inlove: :inlove: туф туф лиги ми потекоа

    пак пишувам за ашуре ....а ми нема лек :lol:
     
    На Peppermint му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.243
    Допаѓања:
    43.109

    Лелеее исто, исто! Ашурето во таа книга како да се пресликува во реалност, па можеш и да го надушкаш :)

    Другар што живееше во Истанбул ми кажа дека основата е како пудинг направен од варено овошје и вода од ориз, и има вкус на сутлијаш без оризот :D Има и јаткасти плодови, пченица, пињоли и многу зачини додека се вари водата. Рецепт има на coolinarika.com, но прекомплицирано ми делува.
    Додаваат цимет и суво овошје, калинки и ореви.
    Обично се служи за свечености и според нивната традиција означува чистење од сите лоши мисли. Како што прочитав, претставува симбол на Ноевата арка која доаѓа да го спаси светот, па се готви во големи количества.
     
    На Vidi Vini и Peppermint им се допаѓа ова.
  18. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317
    јас имам јадено ашуре многу пати. Една пријателка од Истанбул ни правеше...Абе превкусно е!!!
    се става од 7 до 77 состојки внатре сушени овошја , сечкани мелени бадеми,ореви фстаци, :P
    а основата е пченица (жито) која стои одвечер па се вари па стои покриена со ќебе...абе марифети!!!
    и ДА комплицирано е! :)

    Ах, јас трудна треба да земам да го направам па ако ми успее ќе ви пишам рецепт!
     
  19. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Денес ми се најавени гости и сакам да им правам лахмаџун :$
    Се супер си ги видов рецептиве што сте ги ставиле, но сакам да прашам дали може да го послужам со розе вино и што вие мислите дека може да принесам, нешто како прилог или нешто. Посовеувајте ме.Дали некоја салата или нешто
    Фала однапред
     
  20. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Што е тоа Булгур пилав и каков е тоа еден сад со шок? :lol: