шок е името на фирмата што ја пишува на булгурот се пресмеав.... а инаку булгур имаш во рамсторе околу 100денари-1кг ...барај кај оризот и пченицата...булгурот всушност претставува кршена пченица...се приготвува на начин прикажан претходно и се јаде во прилог со гравче тавче или со некое месо или зеленчук...превкуснооо!!!
Јас ја знам портокаловата леќа како типична турска храна па оставам рецепт тука. Еден период портокалова леќа имаше само на едно-две места, ама во последно време секаде може да се најде. Се готви многу брзо, за 15-20 минути е готова, и со мајка ми ни е фаворит. Ние правиме нешто како чорба-супа. Во вода се става леќата со малку масло, се додаваат зачини (посебно ставете црвен пипер убав шмек дава) и така се вари некои 15-тина минути. На крај ставаме многу зечкан магдонос и изволте здрав ручек. Мене ми е повкусна од обичната леќа, а и бојата и е поубава. Иако изгледа како чорбичка, најадува бре. Неодамна видов еден рецепт за ќофтиња од портокалова леќа морам да ги пробам.
Јадев лахмаџун без месо (вегетаријански) и беше вкусен, интересен.. Дали знае некој рецепт за таков ??? А, црвената леќа не ми е повкусна, и многу се раскашкува (не останува зрното цело) и таа обичната наводно била поздрава.
Ја сакам Турција и сум била неколку пати на одмор таму, турците се многу гостопримливи луѓе, меѓутоа освен нивната баклава, ништо од нивната кујна не ми се допаѓа. Храната ја прават со многу јак вкус и зачини на кои ние не сме навикнати. Телешкото месо не ми се допаѓа, ама може да се каже дека ми беше убав нивниот телешки кебап, или можеби само бев прееемногу гладна. Но најчесто се хранев со печена кокошка, тоа мислам дека беше единственото нешто што има ист вкус како кај нас.
Сум била во Истанбул се ми се допадна со исклучок на храната, ви кршам атер може тука ама не не храната не ја можам да живеам таму ке се направам 20 кила, ништо не јадев тие денови додека бев само на чај бев и чоколадо, а чајот ми е преубав си купив и за дома ама не можам да го погодам како нив
да ја активираме малку темата а девојчици во прилог испробан рецепт за турски погачици За тесто 800 гр брашно 400 мл млеко 50 гр свеж квасец 70 гр путер 2 јајца 1 лажичка сол 1 лажичка шеќер За фил 250 гр сирење 1 жолчка прстофат сол 70 гр путер за премачкување За премачкување 1 белка сусам и семки од сончоглед 1. Млекото затоплете го млако. Во него ставете ги путерот, шеќерот и квасецот. Во брашното додатете ја солта и јајцата. Со млекото и растворените состојки во него, замесете средно меко тесто и оставете го да стаса. 2. За филот изрендајте го сирењето и во него разматете ја жолчката. Сол ставете по желба. 3. Откако тестото ќе стаса поделете го на повеќе топки. Го делите на онолку топки колку што сакате погачки да имате. 4. Секоја топка ја развлекуваме со сукало овално, ја премачкуваме со путер и со фил, па ја сечеме по должина на 1 см растојание, ама не до крај. Започнуваме со виткање на погачката, од долниот дел и дијагонално, па ја завиткуваме во круг. 5. Ги ставаме во намаслена тава или пак на хартија за печење. 6. Секоја погачка ја премачкуваме со разматена белка и ги посипуваме со сусам и семки од сончоглед. 7. Печеме во загреана рерна на 200 степени.
Имам јадено нешто како плескавици како мекици незнам ама превкусно беше со кромид компир и имаше уште нешто.Ако некој знае нека пише.
Во Турција јадев некое турско ќофте, месото и се внатре беше некако изблендирано, но беше ептен вкусно. Некоја да не знае рецепт таков? @mssuniquee ти вака си по овие работи
Кога Џејми Оливер беше во Грција да снима емисија, и пробуваше локални специјалитети, му дадоа да јаде мусака, и тоа онаа нашата' мусака, месо, компир, јајце од горе.. Тетката што му правеше мусака му кажа дека тоа е нивно традиционално јадење..
@Emotional123 Вака беше? Icli kofte, омилено ми е во турската кујна, но уште не сум пробала да го направам дома Овие денови обавезно и ако успеам ќе ти пратам и рецепт и постапка
На изглед не ми текнува баш најдобро. Хотелска храна беше, но знаеш како е кај нив, претежно традиционална кујна имаат. Мислам дека беше вака нешто, само може потемно
И јас имам јадено мусака во Грција традиционална шо би рекле и знам дела се состои од црн патлиџан компир тикве мелено месо и бешамел сос.. мислам дела оваа е таа традиционалната грчка..
Они ваква му понудија, и баш коментарот на Џејми Оливер беше дека на овие простори храната е многу едноставна и тоа е така затоа што на овие простори секогаш живеело посиромашно население, но дека и покрај малкуте состојки кој се користат, храната е превкусна.
Еве и јас да споделам еден рецепт турски што ми е омилен: 1 црн домат 2 лажици мајонез Мало лажиче павлака 3 чешниња лук Маслиново масло Малце буковец Оревчиња мелени Се пече црниот домат,се лупи се толчи и се потпржува со врело маслиново,се меша со мајонезот павлаката лукот(толчен) оревите и буковец,се става сол по вкус и бибер.
Од солени работи кумпир ми е дефинитивно омилено. Исто и пиде со кашкавал. Не јадам месо па нема многу избор за вегетаријанци. Еве кумпир: Од благо сакам се', само баклава не.
Не сум @mssuniquee ама еве ( ако сум направила утка во нешто со преводот нека ме поправи уште учам ) 1,8 кг тиква 1 кг. шеќер 1 стапче цимет 3 каранфилчиња Исечкај ја тиквата на парчиња со големина колкава што сакаш. Стави ја во тенџере и додади од горе 700гр шеќер, стапчето цимет и каранфилчето. Остави половина час. После додади пола чаша вода и готви на ниска температура со затворен капак. Направи карамел со останатите 300 гр. откако ќе се истопи шеќерот додади половина шољичка вода. Почекај да зоврие за да се отпушти карамелот . Додади го карамелот на тиквата и печи на претходно загреана рерна на 175 степени додека добијат златно кафена боја.