Рецепти од турската кујна

Discussion in 'Рецепти' started by CaperucitaRoja, May 27, 2012.

  1. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Joined:
    Feb 11, 2015
    Messages:
    3,799
    Likes Received:
    53,475
    Gender:
    Female
    @Emotional123 Касно видов:) Но одличен рецепт, ќе го пробам и јас:D

    @Antolinaa Aferin sana :inlove:
     
    Antolinaa and Emotional123 like this.
  2. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Joined:
    Jun 17, 2011
    Messages:
    2,030
    Likes Received:
    4,605
    Gender:
    Female
    Секогаш кога ми се јаде нешто вкусно барам нови рецепти од турската кујна и готвам. Освен благото што ми е премногу благо другото се ми е вкусно.

    И толку е разновидна турската кујна, секогаш наоѓам нешто ново.

    Еве еден рецепт скоро што го правев, го има ви повеќе варијанти, но оваа најмногу ми се допаѓа.

    upload_2022-2-19_11-26-28.png

    Imam bayildi - Оџата падна
    (полнети патлиџани)


    За 4 лица потребно е:
    - 4 црни патлиџани средна големина
    - 500г домати
    - еден голем кромид (ако се мали може и повеќе)
    - 4 чешниња лук
    - магдонос
    - вагета
    - црн бибер
    - сол
    - 100 мл зејтин
    - по желба може да се додадат пиперка, бадеми и ловоров лист

    Подготовка:
    Патлиџаните се мијат и се сечат на пола па се оставаат во вода со сол пола саат. Ако се помали патлиџани не ги сечете на пола туку само една третина одозгора како бродче да може после да се направи вдлабнатина.

    Во меѓувреме доматите се сечат на коцки, лукот и кромидот ситно се сецкаат.

    Патлиџаните ги бришете со крпа и ги ставате во тава со зејтин да се испржат малку од двете страни (јас овој чекор го прескокнувам). После треба да се издлаби внатрешниот дел од секое парче и се сецка ситно.

    Во преостанатиот зејтин се пропржува прво кромидот а после се додаваат исецканиот патлиџан, доматите лукот,вагета, сол и црн бибер. Кога ќе згусне се трга од оган и се додава магданос.

    Патлиџаните се полнат со смесата се редат на тава за печење. Ако ви остане дел од смесата распоредете ја околу патлиџаните. Може да ставите и домати како на сликата или некој друг сос. Јас не ставам ништо.

    Се става малку зејтин и еден прст вода под патлиџаните. Се пече 30 минути на 180-200 степени.

    Може кога е готово да му ставите кашкавал и уште 5 минути да печете дури се растопи.

    Се сервира со компир, пире, сирење сос од домати или павлака.

    Супер јадење ако ви се најават гости вегетаријанци или некои како мене што постат за време на пости.
     
    mal.ecka, do-re-mi and Ugly Duckling like this.