Каналот е прекрасен... Даваат многу убави рецепти а може и многу корисни работи да се научат од овде. Мене посебно ми остави впечаток и оттогаш стално го го применувам , еден рецепт кој го правеше Рудолф со печени компири.Пред да ги стави да се печат прво ги сецка а потоа им става сенф и оригано и ги меша за да се распореди убаво . Вака испечени компирите се превкусни
Ај да ја активирам малку темава... послабо го следам каналот овој период, ама Lorraine не ја испуштам кога ќе ја начекам, супер ми се нејзините рецепти. Пред некое време решив да ја направам crouching tiger hidden zebra cake... Рецептот го имате тука: http://www.lorrainepascale.com/news/201 ... unday/6069 Ако е нешто нејасно, слободно прашајте
Ќе ја замолам Аннатх да објасни што, како се прави кај претходниот рецепт. Јас сум невиден антиталент во однос на готвењето, се' мора да ми биде изџвакано, за да направам колку толку како што треба
Еве ме, ќе ти објаснам како јас го правев. Вака, рецептот е ова: 250мл сончогледово (или друго растително масло по избор - битно е да не мириса) 250г caster sugar - овој го нема кај нас, јас ставив 200г кафеав шеќер (дарк мусковадо) - ако ставиш повеќе може да ти е многу благо, оти овој кастер шугар не е толку благ како обичниов шеќер 100мл млеко 4 средно големи јајца (на собна температура, ги вадиш од фрижидер 15 минути пред да го правиш колачот) ванила екстракт 300г брашно (во рецептот е саморастечко, а такво нема кај нас, но и обично врши работа) лажиче прашок за пециво 25г какао, нешто повеќе од една супена лажица, кора од портокал (не ставив, избегнувам да ги користам, полни се пестициди, ставив ванилин шеќер со мирис на портокал). Во длабок сад ги ставаш маслото, јајцата, млекото и ванилата и матиш. Јас користев миксер иако во упатството вели дека е подобро рачно. Го делиш на два дела, и во едниот дел додаваш 175г брашно со пола лажиче прашок за пециво и го мешаш, а во другиот дел додаваш 125г брашно, пола лажиче прашок за пециво и какаото, па и кората од портокал, ако ставаш. Доби две смеси, една жолта, една кафеава. Ако имаш од оние калапи за торта што се вади обрачот, супер, но ќе ти заврши работа и обично тавче. Барем бр.30 да биде. Го подмачкуваш, ставаш хартија и неа ја подмачкуваш, и почнуваш да редиш од смесите така што прво ќе земеш со лажиче од жолтата смеса и ја ставаш на средина на калапот. Потоа во неа ставаш од кафеавата смеса, па пак од жолтата - во средината, а рабовите на тестото ќе се шират кон крајот на тавчето како што ќе додаваш смеса. Значи, ставаш жолта смеса со лажичето, се прави поголем круг, во неговиот центар ставаш кафеава смеса, пак се прави круг, па жолта итн, додека да се потрошат смесите. Се пече во претходно загреана рерна на 180 степени минимум 35 минути. Ако го извадиш порано, внатре нема да е печено, ќе ти спласне средината. Ако нешто е нејасно, слободно прашај
Пред петнаесетина минути изгледав страшно добар рецепт за пица, но навистина здрава пица и во план ми е да ја приготвам во текот на неделата. Ќе пишам секако, прелесен е рецептот, ниту се меси тесто, ниту ништо, само си сецкате и си сецкате. Мислам дека и некое кружно наше лепче би завршило работа како тесто или ? Еве сликичка и линк од видеото во споилер. Спојлер http://www.24kitchen.nl/recepten/marokkaanse-pizza-met-tonijn
Многу добар канал е .. постојано си го гледам .. Инаку јас би ги издвоила Donna Hay и Annabel Langbein..
Ја пробав crouching tiger hidden zebra cake, сестра ми ја направи, баш интересен колач и супер десерт
една бугарка мислам и еден србин имаше па ме интересира имиња ми го снема каналот па на нет може ќе погледнам нешто од нив
Баш мајка ми вчера правеше фритата од тиквички, со малку патлиџан и рендано сирење. Го гледала рецептот од Џејми, и јадењето беше супер.
Чув на МТВ во една емисија, дека македонка ке има свое шоу на 24Кitchen! Не ми текнува како се викаше типката али свака и част што успеала да се пласира толку далеку од земјичкава наша Башка што има уникатен начин на готвење со состојки што не ги употребуваат останатите готвачи на каналот, а се комплетно органски и здрави! Едвај чекам да почне со епизоди!
Не само што состојките се органски, туку јадењата не се термички обработени, таа е проблематиката со која се занимава. Мислам дека се викаше Маја, ама не ми текнува на презимето.
http://www.youtube.com/watch?v=qP2EqvZmRq8 Мора да ја правам оваа торта со путер од кикирики .. Само што го гледав на телевизија и сега веднаш го најдов на youtube. :geek: Прекраснаа е, што побрзо да ја направам, подобро
Ја направив тигар/зебра тортата и мислам повеќе време треба името да и се каже отколку да се изеде. Навистина убав и лесен десерт, и за јадење и за правење, а со тоа круговите многу личен ми излезе, да видите што убаво ми ја краси масата. Јас направив само една диверзија, немав и не сакав да ставам рендан портокал, што вика Annath има пестициди, ќе се потруеме. Дома ми се најдоа некои екстракти и ставив сосем малку екстракт од портокал и ликер од портокал (случајно го видов и него во шкаф па викам зошто да не). Супер излезе, има баш фина арома на портокал без да го упропасти чоколадниот дел. Рецептот дефинитивно ми иде во тефтер.
Еве уште два рецепти на темава, направени од мене, само овојпат ќе оди без слика, бидејќи колачите се изедоа уште пред да се оладат (гости имавме). Првиов рецепт е од Bill Granger, peanut butter and chocolate chip cookies. 2/3 шолја кафеав шеќер 1/3 шолја путер од кикирики 2 лажици путер 1 1/3 шолја брашно 1 лажиче прашок за пециво 100г крупно исечено чоколадо 1 големо јајце 1 лажиче ванила Ја загреваме рерната на 180 степени. ВО длабок сад се мешаат шеќерот, путерот, ванилата, јајцето и путерот од кикирики. Прашокот за пециво и чоколадото се додавааат во брашното и убаво се меша. Се додава во длабокиот сад и се меси да се добие еднолична смеса. Со лажица за сладолед се формираат колачи и се ставаат на хартија за печење во плех. Се пече 10-12 минути на 180 степени. (дозата е за 15 парчиња). Ставив помалку брашно и затоа не ми излегоа распукани како што се во емисијата, ама наредниот пат ќе ставам точно. Инаку, мразам путер од кикирики, ама за атер на мали мој, му направив вакви колачи, оти детето си го сака путерот. Не дека се осеќа во колачите многу, ама вкусни се. И како и секогаш, мора да напоменам оти штедев на шеќер, иако ставам кафеав. Вториот рецепт е од Donna Hay, брзи браунис (standby brownies). 150г путер 200г кафеав шеќер 75г какао лажиче екстракт од ванила 3 јајца 75г сенаменско брашно Се загрева рерната на 160 степени. Путерот, шеќерот и какаото се мешаат на пареа да се растопи шеќерот. Се остава да се олади, или се префрла во друг длабок сад (по желба), и се додаваат јајцата и ванилата, при што убаво се меша. На крај се додава просеаното брашно и кога убаво ќе се изедначи, смесата се става во правоаголно или тркалезно тавче со хартија за печење. Се пече 30-35 минути. Се лади во тавчето, а потоа се вади. Овој колач ми е превкусен, исто како да сум употребила чоколадо. Нема да зажалите ако го правите, брзо и лесно е. А богами и за јадење е лесно