ocila рецептот за пица бурекот е феноменален и префкусно е морам да признам денес направив цела тава ја збришавме препорачувам на сите девојки да си го направат...
Еве уште една верзија на бурек со сирење од готови кори . За овој рецепт ви се потреби 1/2 кг кори и 300 гр сирење. За смесата за премачкување на корите е потребно: 250мл. млеко, 4 лаж. брашно, една коцка квасец, 1 лаж. шеќер, 1 јајце. Се става во помалечко тенџерче и на тивок оган колку да се активира квасецот, околу 10-15 минути. Потоа се додава 100 мл. масло и 2 лажички сол. Од смесата се премачкува секоја кора, се става сирење и се редат една врз друга. Најгоре се премачкува со јајце и се става сусам (ова по желба, јас го употребувам колку да биде подекоративно). Се пече околу 20-25 минути.
Peppermint одличен ти е рецептот за бурекот,само кај мене филот го направив со праз и урда .Ти благодарам за рецептот брзо и вкусно
Денес правев „нешто“ солено со готови кори, и се прејадов, ама навистина ја прекардашив работата Рецептот е следен: За 700 гр кори требаат 4 јајца, 200 гр масло, 300 грама јогурт, две пецива, едно пакетче гриз, малце сол(по вкус), за фил употребете што ви е желба, јас ставив салама и дробено сирење Се матат јајцата со миксер како за торта, се додава маслото, јогуртот, солта и пецивото, гризот и се мешаат убаво. Се ставаат 4 кори, една врз друга, ама секоја од нив прво убаво измачкана со четка од смесата, и на последната се става фил, сакате растурено, сакате само насреде(јас така ставав, да ми дојде само насреде филот), се виткаат во ролат и се ставаат една до друга во подмачкан плех Мене ми излегоа 7 такви ролати, точно еден плех од големите, озгора намачкајте со јајце и сипете сусам. Се печат додека заруменат Откако ќе се подизладат, се сечат на парчиња со големина по желба, и добар апетит Експресно брзо ми беше да ги подготвам, многу меко и ровко излегува, а и добри парчиња излегоа, што би било идеално за гости. Е тоа што веќе нема кај нас, тоа башка работа
Мајка ми со готови кори прави само пита со јаболки. Ренда јаболки, става цимет, реди 2 кори, посипува со шеќер и става на крајот по должината од смесата со јаболки. Потоа ги витка корите и ги става во тава за печење. Се пече околу половина час до 45 минути (додека да фатат боја горе корите), па ги вади и остава да се оладат. Кога ќе бидат ладни ги попрскува со шеќер во прав. Лудница е!
Девојки ја направив и првата моја пита со готови кори. И многу ми се исполни душичката од среќа. Ставив три јајца, едно кисело млеко, свинско месо (дали беше пушено или чадено или незнам како се вика) и кашкавал. За виткање на корите одев по принципот кој го опиша Pepermint, и и благодарам. Откако ги свиткав корите одозгора ставив уште едно јајце. Исто и попрскав малку со зејтин и сусам. Сега ја чекам мајка ми и ќе има јадење. Денес е специјален ден и иако сум на диета секако дека и јас ќе лапнам нешто . уште да е вкусна.
Завчера ги правев, преубави се Полнети триаголници со спанаќ 500 г готови кори 500 г спанаќ 150 г сирење (дробено или рендано) 1 главица кромид или 2-3 мали кромидчиња 1 чешне лук малку сол, вегета малку масло за готвење 1 јајцe (за премачкување одозгора) Одозгора ги посолив со сусам и ленено семе На малку масло за готвење, запржете ги ситно сечканиот кромид и лук. Додадете го измиениот и исечкан спанаќ и пржете го се додека не омекне. Тргнете го настрана и додадете го ренданото сирење. Зачинете. Филот е подготвен. На работна површина, ставете две кори и пресечете ги на правоаголници. Попрскајте ги малку со ладна вода и со малку масло за готвење. Во основата на секој правоаголник, ставете малку повеќе од една лажица од филот. Завиткајте ги корите така да добиете триаголници. Загрејте ја рерната на 190 степени. Подготвените триаголници намачкајте ги со изматено јајце. Печете ги околу 25 минути или се додека не станат крцкави и не добијат златно кафена боја. Спојлер Ова е слика од нет, ама баш вакви излегуваат
Домаќинки, ми треба еден совет. Ќе правам баница од готови кори (со спанаќ или со праз -ќе видиме ), но смесата со која се попрскуваат (премачкуваат) корите треба да не содржи јајца, млеко, кисело млеко или јогурт (на УН диета сум - јагленохидратен ден- да нема протеини). На првата страна sanjaeva предлага: На втората страна Annath напишала: А Peppermint напишала: И сега, што ми предлагате? Како е најдобро? Со кисела вода или со обична? Ако е обична вода, да биде ладна или зовриена? Со пециво или без?
Денес направив прекрасна пита со готови кори. 500 гр готови кори За фил: 2 јајца 500 гр урда За прелив: 250 мл млеко 125 мл зејтин 1 лажича шеќер 1/2 квасец 1 прашок за печиво Се топли млекото (не премногу), па потоа во него се додаваат останатите состојки за преливот. Се промешува, и покриено се остава 5-10 минути (јас го оставив на радијаторот). Во друг сад се меша урдата со двете јајца. Откако квасецот ќе надојде, се намрсува тавата, и се редат корите. На секоја кора се премачкива со преливот, а на секоја втора се става филот со урда и јајца. Откако ќе се наредат сите, од горе се става преостанатата урда, и се прелива со 2 изматени јајца во малку млеко, и се наросува со сусам. Се пече во загреана рерна на 180 степени додека не добие убава кафеава боја (околу 20 минути). Еве и слика да видите како излезе:
замесив тесто (она за леб) Ќе сукам банички Но со мелено месо Како да го приготвам месото? http://coolinarija.blogspot.com/2011/11/banica.html преркасно хаха исто како на баба ми баницата
1/2 кг кори 1 квасец 10 лажици брашно 100 мл масло 120 мл вода 1 лажиче сол 1 лажиче шеќер Се раствара квасецот со водата, шеќерот и малку брашно и се оства 5 минути, му се додаваат останатите состојки (остатокот од брашно, маслото, сол). Се зема една кора се премачкува со кашата, и се реди друга згора, и таа се премачкува со кашата и се реди трета кора и таа се премачкува и и се реди урда во линија, и се витка кора, се реди на плех. Истат постапка со сите кори. И од горе се премачкува со кашата Се сече пред печење.
Вчера за гости спремив брзинска пита која излезе мн вкусна.Во длабок сад мешам една тегла(мала) печурки,рендам кашкавал и ставив лут кулен сечкан,две јајца и скоро една цела кисела павлака(мала). Редев во подмачкан плех две кори па фил,пак кори па фил се додека не се потроши филот.На крај завршувам со кора.Ја сечам питата на коцки полевам со филџан јогурт и рендав кашкавал.Печев 30 мин на 200 степени.ептен сочна излезе и убаво запечена.
Рецептот не е мој и не сум го пробала, ама мислам дека може да биде фкусно... Пита со печурки - 500гр. кори за пита фил: - 500гр. шампињони или други печурки (по можност свежи) - 2 главици кромид - магдонос, бибер, сол и масло Печурките исечете ги на тенки ливчиња и испржете ги со ситно исечканиот кромид. Зачинете ги со сол, бибер и додадете ситно исечкан магдонос. Земете една кора. Напрскајте ја со мешавина од масло за јадење и топла вода. Ставете втора кора, напрскајте ја и распоредете рамномерно од филот по целата кора. Ставете трета кора и исфилувајте ја. Завиткајте ролат и ставете го во подмачкано тавче. Повторете ја постапката. Одозгора напрскајте со мешавина од масло и топла вода. Печете на 220 стеоени, 30 минути. Ако некој го проба рецептот, обавезно нека каже
Најбрзо со Готови кори правам : Ги земам една по една и на секоја прскам зејтинче, а на секоја трета ставам газирана вода зејтинче сирење и кашкавалче..и се така до крај и одозгора ги премачкувам со растопен путер и ставам 1 пакетче сусам готово е за 10 минути а и е превкусно
Kakva e postapkata za burek so gotovi kori,nekoj poednostaven recept ako znae nekoj da mi objasni?imam gledano prijatelka kako pravi ama sum zaboravila,pravese smesa od voda zejtin i crven piper mislam ,poprskuvase na korite ama neznam sto kako cela postapka?hellpp
К.вода и зејтин заедно помешани- за бурек не се штеди на зејтин ама и гледај да не ставаш премногу. Јас често правам со месо со 500гр кори во округла тепсија. Намрсуваш прво тавата убаво па ставаш кора па од зејтинот и водата па пак кора,така 3 кори па ставаш од филот попрскуваш одозгора и не притискаш со раце по корите за да не ти излезе како кал туку да биде убаво реаво Повторуваш постапка на 3 кори се до крај. Заборавив да ти кажам дека првите 3 кори најдолу ги оставаш да бидат излезени од тепсијата за на крај да можеш од горна страна да затвориш да излезе во форма на круг како тркало,за да можеш да сечеш четвртина и осмина Ме разбра или не сум јасна
Ubavo objasneto,ti blagodaram,ke probam da vidam sto ke bidne,zavisi i od korite kakvi se,ovie nekoi turski gi pisuva i si ima na niv recept ama koj da go razbere
солено срц. избеснувам јајца периодов а сакав да направам бурек со спанаќ и урда ама нема да врзе без јајце па се мислам што да правам сега