1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти што се приготвуваат во тава

Дискусија во 'Рецепти' започната од marija.1986, 1 јуни 2011.

  1. marija.1986

    marija.1986 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Драги домаќинки дајтеми некој рецепт што се подготвува во тава...багодарам
     
  2. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    636
    ТАВА

    Во рецепти е темата,ваљда очекува некој рецепт да и кажеме кој се прави во тава :?:
    Јас не сум многу по рецептите, но овој го имам пробано и ми се допадна! Па пробај Марија да ја приготвиш оваа ,,тава,, !
    http://www.kulinar.mk/recepti/Tava-so-pileski-stek.html
     
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.898
    Пол:
    Женски
    Турлитава

    -Во тавче се пропржува месо (по желба може свинско, пилешко или телешко) сецкано на коцки.
    -Во подлабоко тенџере се залева зејтин и се пржи 1 главица кромид, па се додава морков сецкан на коцки, па компир, па пипирка, тиквица, модар патлиџан и обичен црвен патлиџан, се зачинува со сол, вегета, бибер и буковец по желба. Потоа се додава и месото и се` се промешува.
    -Во тавчето во кое се пржело месото се додава 1-2 лажици црвен пипер и се промешува.

    -Пржениот зеленчук со месото се претура во тава (земјена или керамичка, претходно да биде стоплена во релна за да не испука), се залева со црвениот пипер и се пече.
    -Во текот на печењето се промешува 2-3 пати, откако убаво ќе фати коричка и скоро ќе испари течноста се вади тавата од релна.
    -По желба може да се изренда и кашкавал додека е уште топло или пак да се нароси пармезан.

    * количината на месото и сецканиот зеленчук е по желба.

    Бон апетит :)
     
  4. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.990
    Тиквички во тава:
    Се сечкаат 4,5 моркови,
    1 кромид,
    лукче 2,3 чешниња,
    1 домат
    1 пиперка
    2 тиквички ,зависи од големинат може и 3
    По желба и мелено месо
    Сето ова се пропржува,се става малце црвена пипер за запршка,сол,вегета и црн бибер,откако се ова убаво ќе се потпржи и во тава се ставаат претходно изљупените тиквички насечкани н тркалца.значи се става ред тиквички,ред од направената смеса и од озгора пак тиквички.Пред да се стави во рерна да се печи смесата,се става една чаша вода. Сето ова се печи на температура од 250 степени еден час.
     
  5. bella24

    bella24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2014
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    789
    Јас со едно шрашање надвор од темата а шоврзано со земјена тава. Да не треба да итстои пред првата ипотреба наполнета со вода или со зејтин или со што беше. Скушнато ми е одамна и сега кога дојде ред да си купам и употребам не ми текнува што беше???
     
  6. afrodita26

    afrodita26 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    1.487
    Пол:
    Женски
    Тaкa имaм слушнaтo и јaс,гo нaпoлнив сo тoплa вoдa и гo oстaвив целa вечер дa стoе и гo кoристaм oкoлу 4 гoдини.Кoгa печaм вo негo гo мaчкaм сo зејтин и стaвaм дa се зaгрее вo фурнaтa.
     
    На bella24 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.707
    Пол:
    Женски
    Мусака, полнети пиперки, ориз со пилешко...
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 2 други им се допаѓа ова.