Рецепт за ликер

Дискусија во 'Рецепти' започната од cindy, 4 март 2011.

  1. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    девојки знае ли некоја некој рецепт за ликер?
    а да го сподели со нас? :wasntme:
     
  2. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    Ликер

    еве од мене еден

    3 фил. вода
    3 фил. шеќер
    3 пакетчина за нескафе (од оние по 5 ден.)
    сето тоа се става на оган се додека не почне да врие. тогаш се трга од оган и се чека да се излади. потоа му додавате
    3 фил.ракија

    пробајте ептен е убав :$ :) :*
     
    На Mishela, maca78, Ani.Anika и 2 други им се допаѓа ова.
  3. blondini

    blondini Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    10
    Се зема половина или цел литар рум(во зависност од тоа колку сакате количински да испадне).
    Ова се прави на поцеток на пролет/лето,кога ке почне да излегува сезонско овошје!
    И се става
    1 чаша шеќер една чаша овошје(ова се прави неколку месеци,како што излегува овошјето така се дополнува теглата-голема тегла од 5 килограми)
    Се ставаат малини,цреши,вишни,јагоди,праски,кајсии,рибизли,се по желба!
    многу е вкусно,и имате после тоа преку цела година!И да-повремено се меша,да се стопи шеќерот!
    Значи колку чаши овошје,толку чаши шеќер! :clap:
     
    На betty-boop-bt му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Ликер од ореви (ореховача, ораховача)

    40 млади оревчиња
    1.5-2 л ракија (зависи од вкусот)
    1 кг. мед (може и шеќер, ама поубаво е со мед)
    Се остава да стои 40 дена.
    :P
     
  5. ackaa91

    ackaa91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    Еве еден од мене:
    1л. Вино црвено
    700гр. шеќер
    1 винала
    1, 2 мали чашина рум
    Виното и шеќерот заедно се мешат се додека не се стопи шеќерот се додава ванилата и румот и спреми се за пиење :D
    Поздрав !
     
  6. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    761
    Еве еден и од мене :) имам многу ама повеќето се коктели

    Чоколаден лиќер (јас вака го знам)

    200мл водка
    100мл вода
    500мл млеко
    100гр чоколадо
    500гр шеќер

    Се мешаат млекото, шеќерот, чоколадото и водата. Откако ќе проврие мешавината и добро ке се излади, се додава 200грама алкохолот
    Кога ке сатвете во чаша можете да украсете со сечкано чоколадо.

    Текна ми уште еден :D

    Ликер од ракија

    500гр шеќер
    1000мл ракија
    500мл млеко
    100гр кокосово брашно

    Ракијата и кокосот се мешаат во еден сад и се оставаат да стојат 48 часа. Потоа во половина литар млеко се става 500гр шекер, За тоа време додека млекото со шекерот се варат (од кога ке се сварат се остават да оладат) , ракијата се цеди со газа и се меша со сирупот од шеќер.
     
    На flowergarden му/ѝ се допаѓа ова.
  7. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.231
    Допаѓања:
    6.665
    Ликер од портокал

    1 литар ракија
    1кг шеќер
    1 печиво од ванила
    рендана кора од 24 портокали ..

    Сите состојки измешајте ги и ставете ги во поголем сад. Покријте го со крпа и да стои на темно место .
    Промешувајте го ликерот секој ден и потоа процедете ја течноста низ неколку слоеви газа за да нема остатоци од кората. Потоа сипајте го ликеров во едно шише.
    Ова јас го пробав за роденденот и на сите му се допадна .. не се познава дека е домашно правен ама јас си кажав :) :)
     
    На flowergarden му/ѝ се допаѓа ова.
  8. PParaskeva

    PParaskeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    260
    Ајде сега од мене еден ликер :
    земете една рака вишни ставетеги во стаклено или пластично шише.
    додадете две лажици шекер во шишето
    послем това прелијтего со домашна ракија

    за две недели имате супер ликер
    АЈДЕ ЖИВЕЛИ :rofl:
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ruzmarinka

    ruzmarinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    137
    еве еден од мене

    500г пиво
    500г ракија
    500г шекер
    се става на шпорет да зоврие да се растопи шекерот и се додава
    1 шишенце екстракт од ментол.
    АЈДЕ ЖИВЕЛИ
     
  10. interistka

    interistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    15
    ЛИКЕР ОД МЕНТОЛ
    СТАВАТЕ ВО ШИШЕ ПРИМЕР ОД 750МИЛИЛИТРИ ГРАНЧИЊА НАНЕ КОЛКУ САКАТЕ НО СЕПАК ДА НЕ БИДЕ ЕПТЕН ПОЛНО ПОТОА СТАВАТЕ РАКИЈА НЕКА ОТСТОИ НАЈМАЛКУ 10 ДЕНА ГО ЦЕДИТЕ ВО ДРУГО ШИШЕ И ДОДАВАТЕ 200 ГРАМА ШЕКЕР МОЖЕ И ШЕКЕР ВО ПРАВ ЕДЕН ЕКСТРАТ ОД МЕНТОЛ ЗНАЕТЕ ОНИЕ ВО ШИШЕНЦА МОЖЕ И МАЛКУ ПРЕХРАМБЕНА БОЈА ЗЕЛЕНА ИЛИ СИНА И ОДЛИЧНО Е .... ПОЗЗЗ
     
  11. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.768
    Допаѓања:
    18.264
    Пол:
    Женски
    Чоколаден ликер

    Потребни состојки:

    1,5 l млеко, 500 g шеќер, 500 ml рум, 2 пудинга од чоколадо, 100 g какао, една кесичка ванила.

    Подготовка:

    Пудингот и какаото разматете го во 300ml студено млеко, а останатото млеко ставете го да зоврие. Кога ќе зоврие, додајте го шеќерот, ванилиниот шеќер и варете се додека не се стопи.

    Додајте го пудингот и какаото, па мешајте две до три минути. Во жешката смеса додајте рум, измешајте и изладете ја смесата. Изладениот ликер ставете го во шишиња и чувајте го на студено.

    Чоколадниот ликер се служи со коцка мраз. Пред да се стави во шишиња убаво измешајте го. Доколку сакате ликерот да биде поредок, намалете ја количината на рум и шеќер, а зголемете ја количината на млеко.


    Планирам деновиве да го правам.Преземено од
    www.crnobelo.com
     
  12. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Денес го пробав овој рецепт ама не знам од каде и како....може и го измешав со некои други рецепти па ќе видиме што ќе испадне откако ќе отстои. Инаку вака го правев:
    1 л. црвено вино + 800 гр. шеќер + 3 ванили + 3 мали чашкички ракија + 50-60-70 ( :D не ги броев :rofl: ) зрна црно немелено кафе :!: . Ова демек треба да отстои 24 часа со повремено мешање за да растопи шеќерот и после може да се консумира. Јас вака го подготвив па едвај чекам утре да го пробам :)
    фала за понудениот рецепт ;)
     
  13. betty-boop-bt

    betty-boop-bt Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    5
    девојки дали знаете како се прави шери бренди ликер??
     
  14. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    418
    Претпоставувам дека прашуваш за вишновка? На интернет најодв повеќе рецепти, ама јас ја правам на овој начин
    1л. ракија
    500 гр. шеќер
    500 гр. вишни
    Се става во пластично шише (за да не ти пукне ако е стаклено) и се остава на сонце месец дена.
    На здравје! :D
     
    На betty-boop-bt му/ѝ се допаѓа ова.
  15. karamela24

    karamela24 Активен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Ликер од кокос

    100 гр. кокос
    250 гр. ракија
    Се турва во шише и треба да отстои 48 часа, потоа се цеди и му се додава:
    250 гр. млеко
    500 гр. шеќер
    Млекото и шеќерот се варат па откако ќе се излади се се меша заедно :)

    Млечен ликер

    1/2 л. млеко
    250 гр. шеќер
    3 жолчки
    3 пакетчиња ванилин шеќер
    1 мало нес-кафе
    250 гр. ракија

    Млекото и шеќерот да зовријат.
    Во друг сад убаво се мешаат жолчките, нескафето, и ванилата.
    Пота кога млекото ќе се излади се меша со жолчките, нескафето и ванилата и се додава 200 гр ракија
    Се цеди со крупна, па со ситна цедалка и се собира во шише.

    Чоколаден ликер

    100gr. чоколадно какао
    500gr. шеќер
    250gr. млеко
    Сето ова да зоврие и се остава настрана да се олади

    250gr. ракија
    2 лажици шеќер
    2 пакетчиња ванилин шеќер
    Се вари заедно и се остава настрана да се олади
    Потоа двете смеси се мешаат заедно
     
  16. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Ова е летен рецепт за ликер ама бидејќи сега го отворив, додека не ме опил вкусот да го пишам рецептот (да си го направите кога ќе има состојки :D ). Лесен и едноставен рецепт, само треба подолго да се чека да отстои пред да се пие ама вреди :) .

    ЛИКЕР ОД ЈАГОДИ

    Потребни состојки: 1/2кг. слатки јагодки, 3-4 гранчиња свежо нане со ливчиња, 200гр. ливадски мед и 1л. ракија.

    Припрема: јагодите добро се блендираат и се ставаат во стаклено шише (или тегла). Се става и нането и се додава ракијата. Добро се затвара шишето и се остава 20 дена да отстои на темно место (не заборавајте да го промучкате на секои 2-3 дена). После 20 дена се процедува и му се додава 200гр. мед. Така се остава да отстои уште месец дена и потоа може да се пие 8) .
     
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.945
    Допаѓања:
    101.063
    Пол:
    Женски
    Ликер од нане, или ментол.

    Во тегла од 5-6 кила, наполнете до врв со гранчиња бело и плаво нане, едното мириса на нане нормално а другото на мастики орбит. Ставете во тоа и шеќер 200 грама, и дополнете со бела ракија. По месец дена процедете и добивате ликер ипол, мајка ми го прави редовно и да ви кажам е најубавиот ликер на свет. Внимавате многу фаќа од него бидејќи е благичок и е многу сладок за пиење.

    Го знам и овој летниот ликер, со летни овошја кој се прави цело лето, во литар ракија и 50 мл рум ставени во поголема тегла, пример од 10 кг, се ставаат овошја, пример, излегуваат јагоди ставаш јагоди, колку овошје толку шеќер, сакам да го пробам со цитрусни, ајде здравје да се средам малку и ќе го пробам.

    А овој со нескафето знам дека беше многу популарен кога почна забраната за алкохол после 7 :lol:
     
  18. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Јас да ви кажам што направив и стварно е многу вкусноооо :P
    1 л. рум и во него ставав капини, малини, рибизли, боровинки, јјаболка, крушка, праска, цреши и вишни и ако ставам 400гр. овошје ќе ставев 200гр. шеќер. и баш го пробав многу е вкуснооооо..... :*
     
  19. slatki4kapp

    slatki4kapp Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2010
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2
    еве еден рецепт за ликер од карамели т.н бејлис

    200 гр карамели
    100 мл слатка павлака (хопла)
    100 мл млеко
    100 гр млечно чоколадо
    200 мл виски

    На тивок оган се топат карамелите во слатката павлака и млекото со често промешување. Откако ќе се растопат карамелите, се додава и млечното чоколадо на коцки и тоа да се растопи. На крај постепено се додава вискито и се промешува.
    Пред употреба добро промешајте ја содржината во шишето.
    Овој густ ликер исто така можете да го користите и како ароматизер за колачи.

    Превкусен ееее!!!
     
  20. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Луѓе девојката гледам не се уклучила 1 година на сајтот што велите вие дали мисли на кафено филџани? :$