ne mi e jasen ovoj recept..... koga se stava rumot???????????od samiot pocetok????????????? na kraj se cedi ili ostanuva sve vnatre?????????????i ne e mnogu na sekoja casa ovosje isto tolku i seker??????? [mod-kirilica:2k3x5x5n][/mod-kirilica:2k3x5x5n]
Со мајка ми по овој рецепт правиме две лета по ред, прекрасен ликер се добива. Имаме една масивна тегла и вака правиме: доаѓаат јагоди, бираме некои 200/300 грама јагоди ги ставаме нив со шеќер (импровизорно, ама не сме утнале а цела чаша и јас мислам многу е) и малку рум (околу 150/200 мл). И како излегуваат овошја така се додава истата комбинација овошје+шеќер+рум. Ние ја чуваме теглата на сонце, се тоа фино си се ферментира и се добива одличен ликер, а дополнително што овошјето е супер за со сладолед или некој крем колач. Лани ставивме јагоди, рибизли, капини, малини, вишни и цреши, а годинава планирам да додадам и кајсии, праски и диња.
Ликер со чоколадо 1/2 литар млеко 400 гр. шеќер Се варат заедно и му се додава 100 гр. чоколадо за готвење. Кога ќе се олади се меша со 300-400гр. ракија. Ликер со нескафе 600 мл. вода 450 гр. шеќер 10 лајчина нес кафе Сето ова се вари 10 минути. Кога ќе олади се додаваат 3 ванили и 400 гр. ракија. Сето тоа заедно се меша. Треба да постои неколку дена.
За ораховка 20 млади оревчиња 1 литар ракија (над 50 степени) 800 гр. шеќер За ликер 1 литар ораховка 3 литри бело вино Смедеревка 3 кг шеќер 150 мл. рум 2-3 ќесички ванилин шеќер (незадолжително)
ликер од чоколадо 500 мл млеко 50 гр какао 50 гр чоколадо 200 гр рум Млекото се варибзаедно со какаото и чоколадото ,се додека не се соедини смесата, Потоа го тргаме од оганот и чекаме да излади Откако ке излади го додаваме румот , мешаме И смремно е за пиење
И јас го читав. Како и да е земи си еден вид на филџани дали за кафе или др и со една иста прави го. Истата шоља нека ти биде мерка. Јас така ќе го правам со шоља за кафе стандард
Ликер 1л.ракија 500мл.пиво 1кг.шеќер 2 екстракта од ментол се ова се истура во тенџер и се меша се додека шеќерот не се стопи,па потоа се префрла во шише..
Зошто во секој ликер со чоколадо мора да има и млеко, барем така гледам по рецептиве. Јас не сакам да ставам млеко за да не ми се расипи брзо ликерот, а дали има правено некој, вода, шеќер, ракија, чоколадо за готвење и екстракт, јас ќе ставам од вишна, само дали ќе биде убаво без млеко?
Jaс денес прв пат правев ликер и eптен сум изненадена од тоа колку вкусен излезе, да беше со бела ракиja уште поубаво ќе беше ама и вака ќе се испие Потребно: - 500гр. Шеќер - 250мл. Вода - 500мл. ракиja (Ако е бела уште подобро) - Екстракт по желба, jaс ставив од jaгода Подготовка: На оган се ставаат шеќерот и водата убаво да зовриjат. Откако ќе зоврие го тргаме на страна, му ja додаваме ракиja и го оставаме 20-30 мин да олади. На краjoт го додаваме екстрактот, убаво промешуваме и го ставаме ликерот во шише. П.С. Со бела ракиja боjaта од екстрактот повеќе ќе доjде до израз, ако правите со жолта ставете два екстракти. Ако не заборавам утре ќе сликам.
Домашен ликер Ликер од кокос Состојки : 100 гр кокос 300 мл ракија 400 мл трајно млеко 300 гр шеќер Подготовка : Кокосот и ракијата се ставаат во тегла да одстојат 24 часа.Потоа се цедат и во течноста му се додаваат млекото и шеќерот и се меша додека не се стопи шеќерот. Ликер од чоколадо Состојки: - 200 гр. чоколадо во прав - 200 гр. шеќер - 500мл. млеко - 2 дц. ракија - 4 пакувања ванилин шеќер Подготовка: Сварете го мелекото заедно со шеќерот и ванилата, додека пак чоколадото во прав измешајте го со ракијата. Мешајте убаво за да не ви останат грутки. Откако млекото ќе се олади, измашајте го заедно со ракијата и ставете го во стаклена флаша. Пред да го конзумирате оладете го убаво. Ликер од црно вино и листови од вишни 1 л. црно вино 600 гр. шекер 100 броја листови од вишни Припрема Измиените листови се стават во тегла, се додава шеќерот, виното - се затвара теглата и се остава на сонце да стои 40 дена. За целото време морате да ги промешувате листовите во виното. Напомена Не е битно кое вино е, дали е домашно, флаширано или старо вино.
Девојки сакав да прашам ликер кој во него содржи млеко колку време може да стое? Тоа млекото нели скиснува оти направив ликер со кокос и во него после 48 часа за да биде комплет вариш млеко со шеќер и го ставаш во ракијата и кокосот. Па сега мене ми треба за викенд што ќе му биди ако постои?
me fati merakot za ova da go probam ama i da prasam kakov e toj liker kade se mesa rakija i mleko???? eve jas ovde prv pat citam za takva kombinacija