1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепт за лиснато тесто

Дискусија во 'Рецепти' започната од NEA, 22 август 2011.

  1. NEA

    NEA Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    522
    Пол:
    Женски
    Ајде домакинки, вашите испробани рецепти за најубавите лиснати теста кои сте ги приготвиле. :)

    Никаде не можам да најдам рецепт за лиснато тесто на форумов, ако има делете :)
     
  2. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Според мене најдобар. Засега го правам според овој рецепт и секогаш ми успева :) .

    400 гр. меко брашно;
    2-3 лаж. брашно за посипување;
    2 чајни лаж. сол;
    1 супена лаж. винска киселина;
    газирана минерална вода за замесување;
    250 гр. маргарин за лиснато тесто или кристал од Благој Ѓорев.

    Се замесува глатко тесто и се остава барем 5 минути да одмори. Потоа се расукува со оклагија и се размачкува 1/3 од маргаринот. Се посипува со брашно, се сече и се преклопува. Се остава парчето во замрзнувач околу 15 минути. Постапката се повторува уште 2 пати додека се стави целиот маргарин.

    Најважната улога ја има маргаринот.
    Порано купував од специјалниот што е за лиснато тесто, го има во голема табла од 1 кг. колку што се сеќавам, зашто беше пред неколку години. Од тогаш немам сретнато и не знам каде можам повторно да најдам. Но, кога го правев со него лиснатото навистина имаше и вкус и нараснуваше исто како она што го продаваат.
     
    На Fiona, Mama25, Ognenija и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Девојчиња, ми треба помош за лиснато тесто. Купив готово замрзнато лиснато тесто, го расукав и направив кроасани, едни со сирење, други со шунка и кашкавал. Проблем ми е што прво, не знам колку треба да се расука тестото? Некаде најдов на пола сантиметар дебелина, некаде најдов да биде баш тенко. Кое е поправилно? Потоа оној дел највнатре до кој допира полнењето ми остана како неразлистен, ненараснат... И за тоа барав, и колку што најдов може да е од тоа што се растопуваат на пример сирењето (или кашкавалот) и заради влагата не нараснува тој дел. Има чаре за тоа? Првпат правам и навистина врска немам :$ . Не дека не ги изедоа, ама јас не бев задоволна од резултатот. Оние во бурекџилница лиснати теста мислам не остануваат внатре така?
    Значи, ако некој има искуство со готово лиснато тесто нека ми објасни како на прваче :D .
    p.s. И кое готово лиснато е најдобро? Јас земав некое Pate D'Or, ама видов има повеќе избор.
    :hai:
     
  4. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Расукувањето на тестото е од практични причини. Ако сакаш убаво големи кроасани, тогаш само малку го расукуваш, ама ако сакаш малечки и не многу изразени и нараснати, тогаш се расукува повеќе.
    Проблемот што ти се појавил (што неразлистил) е од полнењето и затоа и колку да правиш верувај, никогаш нема да го добиеш посакуваното (со готово лиснато тесто).
    Лиснатите во бурекџилница со сигурност ти кажувам дека ги прават по друг рецепт. Иако го имаат тоа име на себе (лиснати), тие не се баш, баш лиснати. Зашто за да нараснат убаво и во средината кај што стои полнењето (од било што) да им биде убаво испечено и не премногу мрсно (како што се случува со готовото лиснато тесто) им е потребен квасец. А во оргиналниот рецепт за лиснато, квасец не се употребува.
    Затоа мила многу да не му се нервираш, зашто тука веќе се работи за тајна на оние кои ги приготвуваат. Но со сигурност ти кажувам, дека оној резултат кој го посакуваш да го добиеш од оргинално лиснато тесто, тоа нажалост нема да го постигнеш и колку и да се обидуваш.
    Од искуство :lol: .
     
    На Li0ness му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.650
    Допаѓања:
    95.740
    Пол:
    Женски
    Ова не е рецепт за лиснато туку рецепт што со лиснато :lol: Купив од лиснатото на ЖуЖу, и тоа од оние коцкички, некако ми беше нелогично да го купувам она како плочка, многу ми беше скапи, па купив вакви. Ги одмрзнав и ги расукав како мали коцкички, околу 10/10, на едната страна ставив едно виршличе од малите и го завиткав во ролничка, на другиот крај намачкав жолчка од јајце за полесно да ми се залепи, ги сечев на три или четири, различно за да имам различни големини, остатокот го испеков само така како коцкички ко што си беа, посолив само со бибер на Вегета бидејќи тој и така си е солен, беа превкусни и верувајте борба сум водела со вереникот и золва ми да не ми ги изедат бидеќи беа за по гости :lol:
     
  6. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Ај тука ќе ги ставам, пошто се правени со лиснато тесто :wasntme:

    Ова тесто е од готовите, сакав да експериментирам за благи лиснати, ама на крај направив солени.

    Стандард се развлекува, се сече на квадрати, во средината на секој квадрат ставив АБЦ сир, зелена маслинка и сенф. Се преклопува и краевите се притискаат со вилушка, за да не се отвори.

    [​IMG]
     
    На Mama25, Serafima и Mrs.Bass им се допаѓа ова.