Еве два рецепти најдени на интернет. Се надевам некој од нив ќе ти се свиѓа. Салата од туна - една конзерва туна ( употребувам сецкана туна во маслиново масло ), - 150 гр маслинки веќе исчистени од семките ( зелени за подобар изглед на салатата), - 1 чаша павлака, - 4 (средно големи) варени и изрендани компири, - мелен бибер, - сол, - маслиново масло. Маслинките ситно се сецкаат, се додаваат ренданите компири и туната и се убаво се меша. Се додаваат сол и бибер по вкус, сосема малку маслиново масло и на крај се додава павлаката. Се мешаат сите состојки и се остава во фрижидер најмалку 1 час да отстои. Се декорира по желба. П.С.: ако оваа салата не е составен дел од романтична вечера....се додава и ситно сецкан кромид. Туна салата со краставички СОСТОКИ • 1 супена лажица паста од кисели краставички • 1 кафена лажичка мајонез • 1 кафена лажичка сенф • 2 гранчиња целер, сечкан • половина филџан кромид, сечкан • црн бибер • 150 г туна, исцедена од масло ПОДГОТОВКА Исечкајте ги краставичките. Во голем сад сипете ја туната, па додадете мајонез, киселите краставички, сенф, целер и кромид, и убаво мешајте. На крајот додадете црн бибер и мешајте додека добиете убава смеса. Вака подготвената туна салата може да ја служите како додаток и како намаз.
Jас пробав мој рецепт со марула салата младо кормидче и малку спанаќ измешано со лимон и малку зејтин и една туна...ммммм вкусно бешееее
Јас ја обожавам туна со макарони, мајонез, кисели краставички и кашкавал. Ама сега ќе бидам на диета и не знам кога пак ќе си ја направам
Свариш 2-3 компира и ги испасираш, додадеш туна конзерва, ситно сецкано кромидче, 1-2 лажици мајонез, сок од лимон сол и бибер по желба. Многу е вкусноооо позз
Јас пред некој ден си направив туна со сецкани домати, краставица, пиперка и маслинки..да имав, ќе ставев и марула и младо кромитче
ова не е баш салата... ама пак е со туна и затоа решив тука да го сместам рецептот. * ролат со туна - 1 обланда - 2 конзерви туна - 3 100 гр пченка шеќерец - 3 поголеми кисели краставички - 2 лажици испржен сусам - 100 гр маргарин - сол и бибер обландата ставете ја помегу две влажни кујнски крпи за да омекне. туната исцедете ја од мрснотијата. во сад ставете го маргаринот и со миксер пенесто изматете го. додадете ја исцадената туна и изматете го миксерот. потоа додадете ги ситно искечканите кисели краставички, пченката, сусамот, па мешајте со лажица додека не добие хомогена смеса. со добиената смеса намачкајте ја омекнатата обланда, а потоа свиткајте ја во ролат. ролатот ставете го фрижидерот да отстои 2 часа. исечето го на тенки парчиња и послужете го.
Јас правам една многу едноставна, ама ептен си ја сакам затоа што ми е освежителна, па пробајте Сецкам марула или билокаква друга зелена салата; ставам туна; сецкани зелени маслинки; цедам еден лимон и маслинест зејтин. Одозгора кога е промешана уште и додавам сончоглед или семки од лен. Пријатно!
Салатата од туна јас ја правам така прво што ја цедам туната од маслото, ја посипувам со оригано, и ставам многу лимонов сок и малку црн пипер, па ја оставам да отстои во фрижидер 20-30 минути. Потоа сечкам младо кромитче, кисели или свежи краставички, некоја маслинка и ги мешам со туната.На крај додавам павлака и лажица-две мајонез за убаво да ми се измеша. Убава е со крекери и чипс Doritos Taco
- 1 варен компир - 2 варени јајца - маслинки - мајонез - сенф - сол и вегета варените јајца и компирот ги рендаш на поситната страна од рендето. потоа ситно ги сецкаш маслинките и ги додаваш во смесата. ги зачинуваш (по желба). мешаш убаво се додека не се соединат компирот, јајцата и маслинките. потоа им го додаваш мајонезот и сенфот и убаво мешаш да добиеш хомогена смеса. салатата можеш да ја намачкаш на потпечено лепче. ммм превкусно сега само што ја направив и се прејадов
- Туна - Две мали главици кромид - Еден лимон - Една мала кесичка мајонез Туната ја цедам од маслото,ситно го сецкам кромидот,го исцедувам лимонот,ставам мајонез,го промешувам,малце оригано (по желба),лесно,брзо,едноставно и многу вкусно
ТУНА СО ЗЛАТНА МЕШАВИНА(микс од грашок,морков и пченка) Потребно: -2 конзерви туна-сецкана (ако сакате повеќе да биде на зеленчук може и 1 туна) -1 пакетче златна мешавина -1 главица кромид -1 лимон - сол и црн бибер Подготовка: Се вари златната мешавина и се става во еден сад малку да се олади ,потоа се додава туната цела со се маслото во неа. Потоа го сецкате кромидот на ситно и го додавате . На крај го цедите лимонот и додавате сол и бибер по вкус .Сето тоа го мешате и веднаш можете да јадете. Пријатно јадење
Јас туната салата правам од (две марули, 10 до 15 моркови, маслинки, туна, оцет, зејтин и зачин за компири) , многу ме заситува.
Салата со грашок и туна 500гр сварен и исцеден грашок, се зачинува по желба ( сол, црн бибер, малку масло) Ситно се сечка 1-2 главици кромид и се додава во грашокот, се додава 300гр туна од конзерва со се маслото и 20 маслинки ситно исечкани. Сето ова заедно убаво се меша, се украсува по желба.
префкусна е ммм Потебно 1 Марула 1 конзерва риба туна 1 до 2 јајца 50 грама маслини 1 до 2 краставици оригано мајонез (една супена лажица) сол зејтин оцет Начин на подготовка Марулата ја миеме и ја оставаме да се исцеди. Краставиците ги миеме и ги лупиме. Јајцата ги вариме. Во подлабок сад ја дробиме салатата марула, потоа ги сецкаме краставиците на коцки и ги додаваме во марулата, потоа ја ставаме рибата, јајцата ги лупиме и ги дробиме исто така во марулата. Потоа промешуваме откако сме ја промешале салатата ставаме малку сол, зејтин, една лажица мајонез и оригано . Добар апетит!
Мексичка туна салата 250 гр. црвен грав од конзерва; 150 гр. пченка; 1 голема зелена пиперка; 1 црвена пиперка или бабура, една конзерва туна(ако сакате повеќе на месо да ви биде салатата ставете 2 конзерви туна), 2-3 лажички маслиново масло, една главица кромид, сок од еден лимон, кориандер, магдонос, бибер Сите состојки се сецкаат, се мешаат и се оставаат да отстојат барем половина час за да се соединат и да се добие убава смеса. Шарена, лесна и здрава...
туна салата правам вака и морам да признам последно време многу ја јадам зелена салата, конзерва туна, кромитче, лимон, лепче печено и сецкано на коцки, мајонез и сол и се се меша топ салата