Јас ја правам со тестенини, најчесто макарони, туна, кисели краставички 1 главица кромид, мајонез и бибер.Може и посна да се направи, со посна тестенина и посен мајонез.Има многу убав вкус, проверено.
најбрза и нај вкусна туна салата: 1 конзерва туна 1 обарен морков и изрендан 2 чаши павлака 1 лажица мајонез 1 чипс средна големина(издробен) добро да се измеша и да одстои 1 час во фризидер за да омекне чипсот ептен е вкусна!
МАЛКУ ПОИНАКВА ТУНА САЛАТА Потребни состојки 1 конзерва туна 1 краставица 1 морков 1 домат 1 јаболко маслиново масло сол, бибер, магдонос и лук Начин на подготовка Туната исцедете ја и ставете ја во сад. Краставицата, морковот, доматот и јаболкото исецкајте ги на коцки и додајте ја туната. Магдоносот и лукот иситнете ги и ставете ги во садот со салатата. Прелијте го масло, посолете, ставете бибер. Добро промешајте и веднаш послужете. Салата од туна и грав додади во омилени Лосос, харинга, скуша, ослич, туна и други видови на масни риби богати со омега-3 масни киселини, ја намалуваат можноста за мозочон удар и помагаат во неговата превенција. Печената или варената риба препорачлива е за консумирање повеќе пати седмично (во просек 340 грама). Просечна количина на омега-3 масните киселини во 60 грама риба (колку што би требала да биде една порција) кај лососот изнесува 1200 мг. а кај туната од конзерва 145 мг.
2-3 варени компири се сецкаат на поситни парчиња, се додава една туна во парчиња од конзерва, две лажици мајонез и зачини по вкус. Ја обожавам
еве еден рецепт за туна салата за оние кои се слабокрвни за 2 особи: 1. две варени јајца 2. 6-7 ситно сецкани кисели краставички 3. 5-6 сецкани маслинки 4. две туни 5. една кафена лажичка сенф испробано :up: :up: :up:
Мојот начин е многу едноставен. Една конзерва туна,рендам неколку кисели краставички, ставам малку оцет, потоа ставам сол, бибер и лук во прав и готово. :up:
Јас туна салата си приготвувам на следниов начин : - една туна - варени компири рендани - кисели краставички ситно сецкани - варен морков ситно сецкан - печурки - малку сенф - зачини - мексичка салата ( или може златна мешавина ) Сето тоа се меша
1 kg компири (или отприлика 4 поголеми)(варени, сецкани) 2-3 варени јајца сецкани 1 кромид сецкан (кој не сака, не мора да стави) 1 конзерва туна со се маслото сол Се меша се` се става во чинија и се декорира со мајонез. Ефтина е, излегува доста, дома кој ја пробал ја бендисал.
Потребно е: 1 главица марула или ако не е сезона, кинеска зелка 1 кутија 200 грамска туна 5,6 црни маслинки 2 варени јајца кесичка кубети, обичните без вкус лимон бибер сол За сос: 3 лажици мајонез 3 лажици сенф балсамико 1 лажица мелени ореви Марулата убаво измијте ја, искинете ја на парчиња и ставете ја во сад за салата. Додајте ја туната и ситно сецканите маслинки. Јајцата исечете ги на коцкички и додајте ги во садот. Наросете бибер, посолете и исцедете лимон. Промешајте. Истурете ги кубетите рамномерно низ садот. Мајонезот, сенфот и балсамико оцетот измешајте ги настрана и истурете врз салатата. Измешајте ја, за да впијат кубетите и посипете со мелени ореви.
Си измислив денеска салата со туна. Едно мало кутивче туна, 2-3 средно-ситни рендани кисели краставички и малку црвен пипер, колку да ми живне на боја. Екстра!
Пола пакетка ситни макарони 2 конзерви туна парче или сецкана 5-6 кисели краставички ситно сецкани или рендани една кеса смрзната пченка мајонез колку да се соединат состојките (околу третина тегла) Пченката малку да се провари , исцеди ја, макароните сварени, измешај ги сите состојки, додади зачин како црн пипер, вегета а може и буковче и салатат е готова !!! Сум се изненадила колку е вкусна мммм, јас си ја служам и кога ќе ми дојдат гости. Поздрав!!!
За вечер со дечко ми ке правиме туна салата и ке гледаме филм. Планирам да ја подготвам вака: Потребно: -марула -туна 2 пакувања, сецкана -маслинки -младо кромитче -лимон -зачини -кубети. Се надевам дека ке излезе нешто од неа.
Една туна, марула, маслинки, кубети, две варени јајца, малку ставам и мајонез не секогаш, црн бибер, и понекогаш сиренце. Мешај и јади.. превкусно!
Јас вака подготвувам туна салата , дробам марула , млад кромин , краставица , домат ,луто пиперче и туна , масло и зачини .... вкусно
јас вака ја правам една конзерва туна + една мала конзерва пченка + цвекло (количина по желба) + сол и лимонов сок (плус може да се додаде и марула)
Јас сега си направив многу едноставна туна салата. Исецкав марули, ги ставив во така подладок сад. Ја ставив туната, исецкав кромидче, исецкав малце лута свежа пиперка, ставив сол и лимонче стиснав внатре неколку пати. И 2 маслинки додадов. Преубава беше!
Туна салата со авокадо 1 авокадо 1 кромид 1 конзерва туна половина лимон сол магдонос Го сечете абокадото на половина и ќе ја извадете коската. Со лажичка извадете го т.н месо од авокадото ама двете половини од лушпата треба да останат цели!! (потоа ќе се користат како чинивчиња за салатата). Лесно испасирајте го авокадото (нека останат малечки парченца не мора да биде скроз како паста) и во тоа додадете ја туната и кромидот кој претходно е исецкан на многу ситни парченца или пак рендан (кој како сака). Додадете го и магдоносот (количина по желба) и лимоновиот сок. Измешајте се заедно и ставете од смесата во лушпите од авокадото (добра декорација е ова пример ако правите за гости или слично) Може да се декорира со гранче магдонос забодено во салатата. и.... Навалете