1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепт за туна салата

Дискусија во 'Рецепти' започната од delvi, 14 април 2010.

  1. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Не е баш она права туна салата со оглед на тоа што никад не готвам/работам според рецепт..

    Ја вака си правам

    НАједноставното :

    Патлиџан ситно исецкан и додавам туна .

    На друг начин , односно други работи :

    Патлиџан, пченка, краставица, пиперка, кромид и си ставам туна.

    Еднаш правев со зелена салата, краставица и марула па стаив туна и малку павлака

    8)
     
  2. streetdancer

    streetdancer Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Тестенини со туна

    Девојки,јас обожувам туна со шпагети или макарони,но незнам баш некои рецепти.. :D Ако знаете некој вкусен рецепт слободно кажете.
     
  3. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    2 конзерви туна
    (маслото се истура во посебен сад)
    1 модар патлиџан
    1 пиперка
    150 грама свежи печурки
    1/2 кромид
    Додатоци за прелив и украсување
    маслиново масло (остатокот од туната)
    лимон
    магдонос
    Подготовка:
    Во тенџере, во кое сте го исцедиле маслото од туната издробете го модриот патлиџан (претходно се сече на коцки, се зачинува со сол и се остава да отстои за малку да се повлече горчината), како и пиперките, кромидот и печурките, ако ги користите свежи. Истурате се во еден поголем сад, додадете ја туната и прелијте ја смесата со прелив. Оваа салата се комбинира со парчиња препечен леб.
     
  4. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    5.688
    Пол:
    Женски
    Еднаш ми направи една многу убава салата со туна дечко ми :mm:
    Стави 1 конзерва туна, со пченка(таа што е замрзната ја свари) се тоа измешано со марула. Прекрасно беше кој нема пробано нека проба :mm: :mm:
     
  5. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Јас денес правев салата со туна и тоа вака : неколку варени комири ги пасирам, ситно сецкан варен морков, варена пченка, туна, мајонез сето тоа се меша и се зачинува и јас плус ставив сок од цеден лимон, но да не ставев повкусно ќе беше.
     
  6. Vikita

    Vikita Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    67
    Туна салата со ориз:

    Состојки
    3 големи конзерви туна
    300 г печурки
    2 варени компири
    1 главица кромид
    1 мала чаша за кафе ориз варен
    1 мала чаша сецкани ореви
    2 лажици сенф
    сок од еден лимон

    Туната се цеди од маслото и во неа се додаваат сите состојки ситно сецкани по желба се додава малку сол и црн бибер. За подобра декорација од истиот состав ставив и во корпици тесто предходно подготвени.
     
  7. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.599
    Допаѓања:
    23.119
    Пол:
    Женски
    Ја имам пишано и во другата тема за салати,но еве и овде,соодветна е за темава:

    Туна салата
    -1 конзерва туна
    -2 варени јајца
    -неколку кисели краставички
    -мајонез
    -сол,бибер,лук во прав

    Значи, на туната и се додаваат јајцата,рендани, се рендаат и неколку краставички. Се става мајонез,околу две лажици и на крај сол,бибер,лук во прав, по желба.
    Секако, количинава на состојките релативна,дали ќе ја направите вака,или со две конзерви-4 јајца или дупло,тоа зависи од вас колку ви треба.
    Пред јадење,по можност да стои во фрижидер,најмалку поласаат,поубава е ладна.

    ...
     
  8. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Јас на ова додавам и рендан варен компир и малку павлака...
    Една од моите омилени салати :)
     
  9. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Јас сецкам марула, домат, краставица
    додавам една/две (завици од количината на зеленчукот) конзерва дробена туна и додавам зачини како копар, босилок, македан...
     
  10. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    491
    Најчесто ја правам туна, кромид, сол, масло, лимонска к-на, мајонез и маслинки(зелени оние од КАМ) :D
    а ако ме мрзи сам мешам туна, кромид, сол, масло, лимонска к-на и СЕНФ ..мњаммммммммммммммм
     
  11. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Јас туната ја примремам на следниот начин:
    Во КАМ маркет купувам од мексинканската туна (во неа освен туна има и бамјии,пиперка,црвен грав),цела конзерва ја мешам со претходно сварена тарана,сецкани маслинки без семка на кругови и печурки сецкани (од тегла или свежи печурки малку пропржени),сецкани кисели краставички,малку сол,лимон и бибер.
     
  12. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Јас бидејки сум сега на режим на исхрана приморана сум туната да ја подготвувам на што е можно подиетален начин, а и да бидам искрена рецептот е прилично едноставен а превкусен. Еве утре ќе си го направам да ви се пофалам. :$

    Потребно е: конзерва туна на ситни парчиња, пченка (од конзерва) препечен леб кој го кршите на преситни залчиња, маслинки АКО ИМАТЕ, а ако не и без ова испаѓа исто толку вкусно. Марула, младо кромидче пола лажичка сенф, 2-3 капки лимон, бибер, оригано, сол и маслиново масло.

    Подготовката е многу едноставна. Сите производи ѓи сечете (ако треба), ѓи турате во еден сад или чинија (зависи во што ќе послужите), и ете ви гозба. Ќе се прејадете, ви гарантирам, преубаво е.
     
  13. Shoshanna1

    Shoshanna1 Активен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    47
    Пред некој ден со мајка ми направивме туна салата со макарони, кисели краставички и мајонез. океј беше, ништо посебно. и онака не сум некој голем љубител на туната.
     
  14. Cakica

    Cakica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    7.664
    Пол:
    Женски
    Мојата омилена правам марула и во неа исипувам една конзерва туна и промешувам абе прстите да си ги излижеш
     
  15. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Мм многу сака туна салата, вчера тоа јадеше еве и денеска пак :) Ова е мојот рецепт:

    Марула,
    Туна (парчиња, никако ситно сецкана)
    Кубети со вкус на tzatziki
    Пченка (онаа на Фриком смрзната),
    Шери домати
    Младо кромитче
    Сос 1000 острови (ако немате може и мајонез само)

    Лудница е :)
     
    На CarrieBradshow, babymama и doubleinfinity им се допаѓа ова.
  16. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    234
    Еве ја мојата, копијата од комшото :lol:

    Марула, домати (благи, по можност тие малите шери), лимон, варени јајца (да, да) и туна :D Мнооогу е слаткоооо :inlove:
     
  17. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    А наместо марула што друго може да се стави,бидејќи сега нема веќе марула а баш ми се јаде туна салата...
     
  18. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    ^ CIA има бе марули, јас ги кркам секој ден... :lol: Имаш и по пазариве и по маркетиве, оди купи си и кркни си ја туната... ;)
     
  19. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Јас бидејќи решив здраво да се хранам вчера вака си направив туна салата

    една туна конзерва
    еден патлиџан
    кисели краставички
    пченка од таа смрзнатата
    сок од лимон
    маслиново масло

    туната ја ставив во еден сад, потоа и додадов се останато, пченката ( предходно сварена), доматите ситно исечкани, крастаничкире изрендани, малку сок од лимон, маслото и убаво се промешува. Па вкусна беше :)
     
  20. Brennan15

    Brennan15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    27
    Јас си правам туна салата со зелена салата (марула) , конзерва туна во парчиња, кечап, ленено семе, маслинки и маслиново масло. Понекогаш ја јадам за вечера со парче леб или ја користам како прелив за шпагети. :)