туна домати сецкани на коцки марула пченка ротквици свеж магданос сос од лимон, малку павлака и мајонез потпечено лепче исечено на коцки
Само што јадев туна салата и затоа ми текна да зирнам некој нов рецепт.Овој рецепт што јас го знам е многу едноставен и искрено кога ми го кажаа некако состојките ич не ми одговараа и викав јас нема шанси да го јадам ова ама кога пробав навистина е мн.вкусна 1 голема конзерва туна салата /мала на парчиња и да се исцеди маслото 2 краставици иссецкани на ситни коцки / 1 краставица и да се исцеди водата мајонез по желба ,лимон по желба и сол Јас мајонез не ставам многу колку да се соедини смесата Многу едноставно , а вкусно,пробајте
конзерзва туна, златна мешавина:варена пченка, грашок..., по желба кромид,(земи црвен ако веќе земаш), свеж ситно сецкан домат, сок од лимон, кубети, свежа салата, маслинки и по желба сол-јас ваква си порачувам или си правам и баш ми е вкусна.
-Конзерва туна -Варени јајца -Пченка -Соја Сос -Бибер (мноооогу) -Мајонез и сенф по желба Абе прстите да си ги излижеш
Туна салата подготвувам по следниот рецепт 1 конзерва туна 2 меко варени јајца 1 мал, ситно сецкан кромид 1 лажица сенф 2 лажици мајонез 1/2 сок од лимон (по желба) Меко варените јајцата се пасираат со виљушка, се додава туната, кромидот, сенфот и мајонезот. Се убаво се меша и по желба се закиселува со сок од лимон. Оваа салата се прави за минутка и е превкусна!!!
1 пакетче ситни макарони конзерва туна мајонез се варат макароните и се цедат, се додава туната, се посолува и се става мајонез.. кога ќе се измеша целото се става мелен црн бибер. Поедноставно и повкусно од ова, Амин.
Конзерва туна, патлиџан ситно сецкан, краставица ситно сецкана, конзерва пченка, марула и тоа е тоа мммммммммммм.
Туна салата -марула -туна -краставица -домат -кромид по желба кој како си сака Едноставно е прекрасна,моја омилена
На работа ме слават заради салатава Една марула конзерва пченка конзерва туна мексикана од КАМ еден патлиџан едно врзопче ротквици сусам сол и бибер лимон маслиново масло балсамико по желба кубети Зеленчукот на ситно исецкан, во голем сад, измешан со зачините, се додаваат туната и пченката, се залева со балсамико и се наросува со сусамот и кубетите. Јас сум царица со салатава
Мислев дека веќе имам пишано на темава.. Иначе мојот рецепт е едноставен: Конзерва туна Кисели краставички сецкани на коцки Сенф Малку мајонез Кромид Малку сок од лимон Превкусна е.
Туна салата: марула, свежа краставица, кисела краставичка, ротквичка, младо кромидче, лук, 1 лажиче сенф, копар, маслинки, сок од лимон, хималајска сол, маслиново масло малце бидејќи има во рибата.
јас вака правам од мала мајка ми ме научи и нејзина е салатава/ рецептот ( барем така таа викаше ) вариш макарони во тенџере ( он оние малите макарони ) откако ќе се сварат дробиш во нив мали парченца од кисели краставици, додаваш туна и после тоа ставаш мајонез и сето тоа го мешаш
Конзерва туна (мене најубава ми е Бадуко), кромид и кечап. А убава е и со макарони како што имаше погоре рецепт пишано
Врз варени макароно или шпагети посипете од следниот сос: се потпржуваат ситно исецкани печурки, се додаваат зачини по желба, потоа се додава томатело сос ( на цела кеса тестенини се става 1 литар) и две ливчиња ловоров лист и се тоа врие на тивко 10 минути. Потоа се додава ситно сецкана туна се промешува и вуала, прсти да излижеш. Пробајте
Све се сецка и се меша, салата набрзинка а вкусна за мерак! Состојќи: - Туна - Патлиџан - Маслинки - Марула - Павлака - Мајонез - Кубети или домашни испечени мали коцки леб - Копар - Сол - Бибер Мх мх мх!
Ова е мој рецепт за туна салата: Основата е една марула и младо кромитче.Одозгора се става туната, претходно исцедена.Се зачинува со лимон и маслиново масло, по желба и балсамико, сол и црн бибер.Се додава две варени јајца.Сета смеса се измешува во подлабок сад, да се измешаат вкусовите. Се наросува ореви, исецкани. Се додава и домашни кубети од црн леб исечкан на многу ситни коцкички со кари и лук во мрав, одозгора ставам маслиново масло ама многу малку. Накрај во мало чинивче ставам една лажица сенф, маслиново масло и пола лимон.Размешувам да настене хомогена смеса и додавам врз салатата како дресинг. Салатата е многу вкусна и интересна за јадење, баш заради различните текстури, мекоста на туната и јајцето наспроти крцкавите кубети и оревите како контраст.Плус е и права бомба на различни вкусови. И најадува многу.
Потребни состојки: 250гр ориз 10 зелени и црни маслинки 2 конзерви туна 10 шери домати црвена и жолта пиперка 2 кисели краставички 2 лажици масло 1 лимон сол бибер Начин на подготовка: Оризот сварете го во зовриена вода, исцедете го, посолете и додадете сок од лимон. Пиперките и киселите краставички исецкајте ги, додадете иситнета туна и помешајте со оризот. Нежно соединете со доматите исечени на четири дела. Маслото од конзерва соединете го со обично масло, додадете бибер, сол, сок од лимон и помешајте. Со овој прелив прелијте го оризот, измешајте и ставете во чинија. Салатата посипете ја со сецкани маслинки и послужете. Состојки 300г варена пченка 1 конзерва туна 1 страк праз 2 лажици павлака Подготовка 1. Пченката лесно се меша со исцедената туна. 2. Се додава празот исецкан на тенки кругови. 3. По желба се додава павлака со бибер или маслиново масло.